Хорор во Скопје – соседите убиле тригодишно девојче, на мајката и јавиле дека паднало по скали
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=73544#.Uy9SZs5MjQo[DOUBLEPOST=1395610690][/DOUBLEPOST]23.03.2014, 11:42
ОБНОВЕНО - Со ќотек убил трогодишно дете во Скопје
Тригодишно девојче почина, откако било претепано до смрт, во куќа на улицата 172 во Скопје. Осомничен за смртта на детето е триесет и четиригодишниот Џ.Б. кој ќе одговара за убиство.
Фото: В. Тануровски (Забрането користење на фотографијата без дозвола од Вест)
Екипа на "Вест" беше на местото каде што се случило злосторството во уличката веднаш до Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје. Соседите ни раскажаа дека во куќата живееле пријавениот Џ.Б. и неговата сопруга Ј.М. (25), која е осомничена за помагање во извршување на кривичното дело. Стравотното тепање на починатото детенце се случувало пред нејзините очи. Во собата биле и нивните три деца, на возраст од една до пет години. Мајката на убиеното дете не била дома. Заминала на работа и трите нејзини деца им ги оставила на осомничените сопружници. Освен убиеното тригодишно девојче, жената имала и неколкумесечно бебе и уште едно дете на возраст од 6 години.
Горниот кат од куќата во која се случила трагедијата, вчера беше запечатен. Пред вратата од долниот кат стоеше мајка со бебе во рацете и сопругот до неа. Тие им биле први соседи на пријавените. Го слушнале вресокот на шесте деца, но никој не обрнал внимание и не им било ништо сомнително, оти во куќа каде што има толку деца, велат, секогаш има врева. И сосетката чија куќа се наоѓа пред нив, многу не зборувала со осомничените. Раскажа дека не била тука кога се случила трагедијата и за смртта на девојчето разбрала од лекарите на Итната медицинска помош, кои го пријавиле случајот во полиција.
Мајката на починатото девојче од неодамна дошла да живее во куќата на Џ.Б. Нејзиниот сопруг бил во затвор, па насилникот, за кого полицијата се сомнева дека $ го убил детето, ја повикал да живее со него и со неговата жената. За смртта на нејзиното дете на мајката $ соопштиле преку телефон. _ се јавил Џ.Б. кој $ рекол: "Дојди си веднаш дома. На ќерка ти не $ е добро. Падна од скали". Таа пристигнала веднаш, но било доцна оти детето веќе било мртво. Лекарите само констатирале смрт и, по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Резултатите од Институтот за судска медицина и криминалистика покажале дека сопружниците не ја зборуваат вистината и оти детето не починало поради пад од височина туку од насилна смрт и имало внатрешно крвавење и скршеници на телото. Петте деца сега се згрижени од надлежните, а за нив нема никакви документи. Против сторителите се поднесени кривични пријави за убиство и помагање во извршување на кривично дело, и се во притвор. (К.Д.)