2
~2A
Гостин
Мислам дека оваа серија заслужува да има тема, можеби на некого ќе привлече внимание и ќе и даде шанса на оваа мистериозна,крими па и хорор драма.
Најпрвин... да ви кажам дека вкупно има 74 епизоди од кои 1 епизода трае 24-25 минути. Се работи за доктор Тенма. Бил успешен хирург, па оттука бил многу познат низ Европа. Бил принципиелен човек. Една ноќ во ист момент пристигна инспектор кој бил во критична состојба, но и едно мало дете погодено со куршум во глава. Му било наложено да го спаси животот на инспекторот, но тој во последен момент се одлучи да го оперира детето. После сето ова неговиот живот, односно кариера оди во надолна линија. Дознава дека детето фактички било убиец, па зад себе ја остава неговата кариера и тргнува во потрага кон детето.
Серијата е полна со мистерии и интриги, не е лоша да и се даде шанса.
Иначе бонус информација е тоа што HBO планираа да ја екранизираат ова популарна аниме серија, па сега дали ќе успеат ќе видиме во иднина.
http://www.deadline.com/2013/04/guillermo-del-toro-is-hatching-a-monster-of-a-series-at-hbo/