Македонија на ЕП 2014 Данска - завршно резиме

Како го оценувате настапот на репрезентацијата на Македонија на ЕП Данска 2014

  • Тотално потфрлија

    Гласови: 13 13,5%
  • Во рамките на можностите

    Гласови: 80 83,3%
  • Подобро од очекувањата

    Гласови: 3 3,1%

  • Вкупно гласачи
    96
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Пошто нели, Червар има магично стапче со кое може да го подмлади и подобри Митков, да ја намали топката за 2 сантиметри за сите зицери да влезат и да го стесни нашиот гол на метро на метро.


Иначе интересен факт е што досега Борко го има највисокиот број на одбрани - вкупно 70.
Абе Червар има стапче, некакво, а дали е магично, е то можи жена му да кажи, швалерката или некој пешко :D

Заебанцијата настрана-да беше Червар, дефинитивно немаше да ги глдаме Бранче, Стојчески, а особено не карикатурата од ракометар-Митков, немаше да гледаме недисциплина во играта каква шо гледавме, ќе имавме каде каде поорганизирана одбрана, Велко сигурно ќе беше далеку подобар, Манасков немаше да се мисли дека е на ревиајлен натпревар или во диско клуб опкружен со малолетни напалени пи*иња, веројатно ќе имаше дел од младите од Металург и тн. Сето ова под претпоставка-ДА БЕШЕ ЧЕРВАР, ама не е и ситуацијата е таа каква шо е...
Сето ова е претпоставка или оние класични муабети-шта би било кад би било :)
Никој незнае шо се случи во репрезентацијата после Исланд, а веројатно нема ни да дознаеме ни ние, а ни никој друг. Тука само можиме да си тепаме време, да си тресиме глупости и да се мислиме јаки експерти и за ракомет и за фудбал и за кошарка. Добро е шо Македонија нема репрезентација во крикет, инаку и таму ќе имавме 2 миЉони експерти.
Доста е со муабетите за Червар. Многумина сакаат Червар да ни биди селектор, па и јас, ама не е. Зошто не е, не се знај, ама ако еве биди во блиска иднина, збогувајте се од Кире, Борко, Столе. Тие не трпат авторитети. Червар не е ни Покерфејс, ни Темелкоски за некој да му кажува шо и како.
Според мене, АКО се брка Обрван, треба да се донеси Червар или некој странец со АВТОРИТЕТ, домашен никако пошто се ќе си остани по старо и по 2 години тука ќе ги читаме истите коментари. Еден ден ќе го славиме Кире, ќе го правиме Борко министер за одбрана, а другиот ден ќе му караме се по список и на едниот и на другиот итн итн.
За то дека ни треба смена на генерации и нови играчи, ни треба и то под ИТНО, само истото треба да го прави некој со поголем авторитет, не домашен „стратег„.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Пекањево за Червар е исто ко пекањето за Стојановиќ. И нему како на Раде му беше понудено да ја води (игра за) репрезентацијата и одби. End of story.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Резултат во склад со можностите и квалитетот,но според играта прикажана навистина не заслуживме да бидеме на 10то место.
Среќа што имавме стварно никаква група,иначе со ваков пристап и игра 10то место е 7ца на лото.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.263
Поени од реакции
36.144
Абе веќе да беше Червар таман Кире и Борко ќе ги избркавме, Столе ќе се ''повредеше'' и Прибак ќе го одбиевме. Боите на дресот од жолто - црвени ќе ги сменат во право - бели и готово наредена е, сите ќе бидеме среќни и весели :)

Впрочем тоа е целта... затоа повеќето негативни ситничарски коментари за Кире Лазаров доаѓаат од таа страна. Непребол оти е еден човек а претставува 90% од репрезентацијата.

Чудно цело првенство го нема ни најголемиот ''македонец'' на подфорумов LetmeSea да се огласи на темите за репрезентација.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Чудно цело првенство го нема ни најголемиот ''македонец'' на подфорумов LetmeSea да се огласи на темите за репрезентација.
Бојкотира изгледа, ради Прибак. :icon_lol:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Чудно цело првенство го нема ни најголемиот ''македонец'' на подфорумов LetmeSea да се огласи на темите за репрезентација.
Не гледа тој европски првенства бе, само Лига на Шампиони.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека LetMeSea е баниран, затоа го нема. :)

Инаку 10тото место, со оглед на се - во рамките на можностите, дури и некое место плус, но тотално потфрлија во однос на меѓучовечки односи и професионалност, со тресење глупости и (ин)директно плукање на Прибак ради неговата натурализација, ни крив, ни дужен. Тука многу ме разочараа и потфрлија.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Кога стигна Латас и за ракомет да се прави експерт се гледа до каде е дојдено во државава....
Иначе,се си кажа Стефановски во анализата за играта на нашата репрезентација....посебно за потребата од натурализиција на играчи....
Ама доволно е кажано,да не се повторуваме,
Очигледно е дека во РФМ за ваквите клучни прашања одлучуваат X фактори кои немаат толку ракометни познавања...
Ајде сега да се надеваме да добиеме некој полесен противник во баражот,само да се избегнат Германија и Словенија....:cuc:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.020
Поени од реакции
7.741
Овај човек е пример за не разбирање на ракомет...да ти ебам коренот ти најде за ракомет да ни кажуваш.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
А кај е уствари изјавава на Лазаров, ако може некој линк да ми даде да прочитам?
Одкога се вратија, јас од него само слушнав дека ја исполниле првичната цел за втор круг, дека не е задоволен и смета дека сме можеле повеќе и кога го прашаа за муабетите последните два дена рече дека сега не е време за тоа.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
посебно за потребата од натурализиција на играчи....

Искрено малце се испомешаа работите и се из-спиноваа многу приказни низ медиумите. Една работа е тоа дали на репрезентацијата и биле потребна натурализација, сосема друга работа е играч да го изјавува тоа сред превенство и да отвораш еден вид на бунт против еден од соиграчите и тренерот, без разлика на нивната националност.

Горе долу повеќето се согласуваат дека не е потребна натурализација пред се бидејќи нема и онака којзнае колку да ги подобри резултатите, а може да и наштети на младината. Ама од друга страна и повеќето се согласуваат дека недисциплина од било каков тип кон селекторот или соиграч сред првенство е недозволива и мора да се искорени од нашите репрезентации. Мора да се смени тој менталитет без разлика на цената.

Значи станува збор за две различни работи и мора на нив да се гледа одвоено!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom