Оглас за вработување во Алфа Банка АД Скопје
Алфа Банка АД Скопје бара квалификувано лице за пополнување на работното место Референт во Оддел за процена на имот.
Кандидатот треба да биде градежен или архитектонски инженер, со најмалку 2 години работно искуство, по можност во областа на градежништвото и во работа со проценки на недвижен имот, за што е потребно да достави соодветни потврди.
Пожелно е кандидатот да има положено стручен испит за проценувач на вредноста на недвижен имот или да има намера да го положи испитот во 2014 година
Кандидатот задолжително треба да има познавања од релевантната законска регулатива и напредно познавање на англиски јазик.
Неговите обврски подразбираат организација на процесот на процени во Банката, како и проверка, изработка и администрација на извештаите за процена.
Основна нето плата изнесува 30574 денари.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија со фотографија и мотивациско писмо на македонски и англиски јазик на п. фах 564, 1000 Скопје, во рок од 8 дена од објавувањето на огласот.
www.fakulteti.mk
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 15:52 ---
Оглас за вработување во АД МЕПСО
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи („Сл.весник на Република Македонија“ 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10,124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 25/13 и 170/13), член 5,6,7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, и Одлуката бр.02-28 од 03.01.2014 година, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
За пополнување на работно место со 1 (еден) работник и заснивање на работен однос на неопределено време за извршување на работи во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.
Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следното работно место:
- Координатор во кабинетот на директорот на Подружница Оператор на пазар на електрична енергија, 1 (еден) извршител, со ВСП VIII или 240 екс Машински, Економски или Електротехнички факултет, работно искуство од 2 (две) години, со основна нето плата изразена во паричен износ од 41.900,00 денари.
Со пријавата кандидатите треба да достават:
- Пријава, кратка биографија (CV)
- Уверение за завршено соодветно образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
- Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган, со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично (во оригинал или копија заверена кај нотар)
- Уверение за државјанство (во оригинал или копија заверена кај нотар)
Огласот трае 5 пет дена од денот на објавувањето.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати за наведеното работно место.
Работниот однос се заснова на неопределено време.
Работната недела трае 5 работни дена (од понеделник до петок), полното работно време изнесува 40 часа неделно , со 8 работни часа дневно , почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7,45 часот до 08,15 а заминување од работа од 15,45 часот до 16,15 часот.
Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол,раса,возраст,политичко мислење,брачен статус,религија,етничка или национална припадност.
За извршениот избор пријавените кандидати ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.
Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).
Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО - Скопје,ул. „Максим Горки“ бр.4 Скопје.
Генерален директор,
м-р Синиша Спасов
www.fakulteti.mk