Work and travel USA

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.465
Поени од реакции
13.950
кои се основните трошкови сеа на почеток само за аплицирање у агенција и такви работи ?
Околу 700-800 евра за Премиум програма (агенцијата да ти најде работа), и 400-500 евра за селф програма, ти да си имаш најдено работа. За ова второто е потребно да имаш некој твој во Америка и од таму да ти прати работен договор, или пак ако веќе си бил да ти пратат работен договор од местото каде што си работел. Потоа имаш 160$ за интервјуто во амбасада, и ако земеш виза, авионската карта и уште некои ситни трошоци. Ако не земеш виза, тие пари што ти имаш уплатено на сметка на агенцијата ти ги враќаат целосно, бар мене годинава кога ме одбија Викинг агенцијата ми ги врати целосно, прочитав некаде дека некои агенции задржувале нешто и за себе од тие.
 
Z

ziko bt

Гостин
Јас заминав во прва , имав само 3 оценки во индексот и 2 на потврда за положени испити , значи само 5 испити од вкупно 10. Поминав како на шала али никојпат не се знае , има многу фактори али ако они сметаат дека не треба да те пуштаат , верувај одма ќе ти најдат нешто. Мислам дека оценките баш и немаат некоја улога , они испитуваат многу работи за апликантите кои ние не ги ни знаеме.
Не мора да значи дека се испитват.Летово комшијата замина таму по втор пат,а брат му е останат таму на црно неколку години.Се е релативно и секој со среќата. ;)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Онака само да споделам Искуство.

Бев пред 3 години , бидејќи учев Бугарија па од таму аплицирав.
Цимерот ми најде работа како по искусен кој веќе беше претходната година таму.
Околу 400 долари ме кошташе програмата и плус 700 за Билетот.

Бев Mackinac Island , работев како басер во Pink Pony.
Плаќаја околу 7 и пол долари на сат плус бакшиш.
Бакшиш баги се земаше , околу 60-70 на смена ( 6-8-10 сати) .
Распоредот за мерак беше работиш колку сакаш кога сакаш.
Не ми требаше ич втора работа. Сместувањето не ми текнува колку беше ама околу 140 мислам неделно или за две недели. Знам дека јадењето беше 30 долари неделно , имавме кујан во ресторанот за вработените, скоро истите јадења ги имаше како и во ресторанот нешто плус минус секој ден си имаше различно плус постојано имаше да си напраш сендвичи , корнфлекс, овошје. Јадиш за мерак колку сакаш и ич не му ја мислиш. Плус сите безакохолни пијалоци беа бесплатни на работа колку сакаш.

Предобро си поминав , на островот има забава иако изгледа смирено :) сите барој работат до кај 2 сатот навечер имаше баги игра и пиење плус имаш попуст ако работиш на островот. Во слободно време можиш да си прошеташ , ептен е мал така да за 3-4 месеци имаш време се да видиш. Рај е за фотографи :) .
Езерото ладничко беше за капење , нешто како охридското почеток на јуни. Сепак Јули и Август добро беше. Но нема ништо од типот на песочни плажи итн.
Плус во слободно време можиш да одиш во некој од најблиските градчиња . Mackinac City, Petoskey, Cheboygan.

Се на се многу добро си поминав и би му препорачал на секој .
Не ви препорачвам да работите Mission Point Resort и Murray Hotel. Особено вториот многу лоши услови за работа.
 
П

Пепси_

Гостин
Околу 700-800 евра за Премиум програма (агенцијата да ти најде работа), и 400-500 евра за селф програма, ти да си имаш најдено работа. За ова второто е потребно да имаш некој твој во Америка и од таму да ти прати работен договор, или пак ако веќе си бил да ти пратат работен договор од местото каде што си работел. Потоа имаш 160$ за интервјуто во амбасада, и ако земеш виза, авионската карта и уште некои ситни трошоци. Ако не земеш виза, тие пари што ти имаш уплатено на сметка на агенцијата ти ги враќаат целосно, бар мене годинава кога ме одбија Викинг агенцијата ми ги врати целосно, прочитав некаде дека некои агенции задржувале нешто и за себе од тие.

koa treba da legnat tia pari mi e prasanjeto,dali koga veke ke se odlucis i ti najdat rabota.....dali moze pr sea da idam da razgledam moznosti i takvi stvari /?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.465
Поени од реакции
13.950
koa treba da legnat tia pari mi e prasanjeto,dali koga veke ke se odlucis i ti najdat rabota.....dali moze pr sea da idam da razgledam moznosti i takvi stvari /?
Можеш слободно, оди низ агенциите и разгледај што нудат, ако некоја понуда ти фаќа око аплицирај, за апликација мислам дека одма не зимаат пари, после некое време ќе ти пишат дека треба да платиш, и не ја плаќаш целата програма наеднаш туку на неколку рати. Имаат и попусти агенцииве ако аплицираш порано.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Онака само да споделам Искуство.

Бев пред 3 години , бидејќи учев Бугарија па од таму аплицирав.
Цимерот ми најде работа како по искусен кој веќе беше претходната година таму.
Околу 400 долари ме кошташе програмата и плус 700 за Билетот.

Бев Mackinac Island , работев како басер во Pink Pony.
Плаќаја околу 7 и пол долари на сат плус бакшиш.
Бакшиш баги се земаше , околу 60-70 на смена ( 6-8-10 сати) .
Распоредот за мерак беше работиш колку сакаш кога сакаш.
Не ми требаше ич втора работа. Сместувањето не ми текнува колку беше ама околу 140 мислам неделно или за две недели. Знам дека јадењето беше 30 долари неделно , имавме кујан во ресторанот за вработените, скоро истите јадења ги имаше како и во ресторанот нешто плус минус секој ден си имаше различно плус постојано имаше да си напраш сендвичи , корнфлекс, овошје. Јадиш за мерак колку сакаш и ич не му ја мислиш. Плус сите безакохолни пијалоци беа бесплатни на работа колку сакаш.

Предобро си поминав , на островот има забава иако изгледа смирено :) сите барој работат до кај 2 сатот навечер имаше баги игра и пиење плус имаш попуст ако работиш на островот. Во слободно време можиш да си прошеташ , ептен е мал така да за 3-4 месеци имаш време се да видиш. Рај е за фотографи :) .
Езерото ладничко беше за капење , нешто како охридското почеток на јуни. Сепак Јули и Август добро беше. Но нема ништо од типот на песочни плажи итн.
Плус во слободно време можиш да одиш во некој од најблиските градчиња . Mackinac City, Petoskey, Cheboygan.

Се на се многу добро си поминав и би му препорачал на секој .
Не ви препорачвам да работите Mission Point Resort и Murray Hotel. Особено вториот многу лоши услови за работа.

Заборајв да спомнам дека бев преку Викинг, добро што тие не ми бараја работа. Имавме проблем со Авионските билети, иако плативме 6 месеци пред да тргниме за поевтино. На одење се до Бостон беше супер, од таму требаше да смениме авион за Детроит и после то за Пелстон мал аеродром до Островот. Бостон имаше проблем нешто картите ни биле само резервирани а не платени. Но средија плус премија ни излезе од Авионската Агенција ни платија престој во Хилтон плус 50 долари ваучер за вечера :) .
На враќање истата работа одиме на аеродром и ни викат имате само резервација картите не ви се платени. Пак јавување до агенција, проблеми пак да чекаме еден ден. Пак ни дадоја бесплатно соби во најблискиот Хотел но не беше Хилтон :) и следниот ден газдата на агенцијата ни купи билети за да се вратиме кој беа сосем различни од тие кој шо одевме плус од друга агенција но бидејќи беа во последен момент наместо 4 пати само 3 пати требаше да смениме лет.
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
287
Поени од реакции
236
Дајте предлози вие искусните за агенции со поефтини програми?
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
Денеска бев да се информирам се како што треба за наредната година. Она што мене најмногу ме интересираше, цената, е се на се 1600 до 2000 евра додека да стигнеш таму. Некои од агенциите нудат поефтино за 300-400 евра но ти сам да си најдеш работа таму. Друга работа се неповратните средства(ако не ја добиеш визата) кои се околу 300 евра.
И најважно е што порано тоа подобро. Со среќа на сите, јас ќе си земам уште една недела да размислам добро пред да аплицирам.
 
А во која агенција се обрати друже?
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
Коузон.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 16:42 ---
Ај од поискусниве некој нека објасни, како бруцош што заминал, дали правеле проблеми и дали е доволно на интервју да го имаш само првиот семестар или треба и од вториот да имаш положено.. И уште нешто, тоа со нето примања од фамилијата да поднесиш, прават проблем ако се мали?
 
Тоа за нето примања прв пат слушам. Барем јас додека одев немаше :)

Инаку бруцош само со прв семестар земено и 1-2 од втор немаш големи шанси. Но сепак зависи, пример сестрами 3 та година беше и ја одбија со сите испити земени.
Така да не му ја разбирам многу теоријата.
Јас додека чекав за виза една незнаеше на How old are you да одговори и си зеде виза.
А па еден друг затоа што пасошот си го изгубил и незнам што не пријавил вполиција само во амбасада го одбија.
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
6
Поени од реакции
0
Сакам да прашам што е подобро, работа во поголем или во помал град?
--- надополнето: 23 октомври 2013 во 03:14 ---

Дефинитивно во помал, прво штедиш на траспорт, второ сместувањето ти е поефтино.

Секако помал град само ако е туристичко место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom