Кој е Исус Христос?

Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Признавам извадокот од посланието го прекршив но во миг на лекомисленост и се извинувам ако ве навредив.А инаку јас сум одличен ученик и никогаш не сум отсуствувал од настава.Предходно објаснив за двајцата Исуси и да не се повторувам и ќе искористам еден цитат од светиот Кирил Солунски кој рекол вака:`Кој дошол да слушне и да поверува ќе поверува ама кој дошол да не поверува и најголемите чудеса да се направат нема да поверува.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Со една огромна разлика, која неверниците и кривоверниците (се’ додека не се родат одново) не можат никако да ја сфатат! :)

.
А оти ти е страм да е Исус обичен човек?
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
А за она за Јудеја Помпеј ја освоил таа област уште во 63 година пред нашата ера а станала званична провинција од 6 година пред нашата ера.
--- надополнето: 31 јули 2013 во 21:30 ---
И кога ќе видиш сепак има разлика помеѓу двата Исуси бидејќи Исис е често име од тоа време во Јудеја.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

А оти ти е страм да е Исус обичен човек?

Зошто да мие страм? .......Исус - покрај се’ тоа што е’ - и 100% човек е’! :)

Ти, кога би бил вистинит човек (или само 10% од човекот Исус), би знаел што е Исус, покрај (или подобро пред) Неговата човека природа! :)

.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
9. Раѓањето на Месијата, Неговото име и Неговото царство. Суд за Израилот.

1. Поранешното време ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова; но подоцнежното – ќе го возвеличи крајморскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.
2. Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка ќе болсне светлина.
3. Ти ќе го умножиш народот, ќе ја зголемиш радоста негова. Тој ќе се весели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен.
4. Зашто јаремот, кој му тежеше, и жезлото, што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач – Ти ќе ги скршиш, како во денот на Мадијама.
5. Оти секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ќе бидат предадени на изгорување, за храна на огнот.
6. Зашто Младенец ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.
7. Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и правда отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господа Саваота.
8. Господ му испраќа слово на Јакова, тоа слегува врз Израилот,
9. за да знае сиот народ, Ефрем и жителите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат:
10. „Тулите паднаа, – ќе градиме со делкани камења; смоквите се исечени, – ќе ги замениме со кедри.
11. Ќе ги крене Господ против него непријателите на Ресина, ќе ги вооружи непријателите негови;
12. Сиријците од кај исток, Филистејците од кај запад; ќе го голтнат Израилот со полна уста. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова ќе биде протегната.
13. Но народот не се обрнува кон Оној, Кој го бие и не прибегнува кон Господа Саваот.
14. Господ ќе му ја пресече на Израилот главата и опашката, палмата и трската во еден ден:
15. старецот и големецот – тоа е главата; а пророкот – лажниот учител е опашот.
16. Водачите на овој народ ќе го доведат во заблуда, а водените од нив ќе загинат.
17. Затоа Господ нема да се радува на момчињата негови, и нема да се смили над сираците негови и вдовиците негови; зашто сите тие се лицемери и злодејци, и устата на сите зборува нечесно. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште е протегната.
18. Зашто беззаконието како оган се разгорело, голтнува глог и трн и гори во горските гасталаци, се креваат столбови од дим.
19. Гневот на Господа Саваот ќе ја изгори земјата, народот ќе стане како храна за огнот, човек нема да го пожали братот свој.
20. Ќе сечат надесно – и ќе си останат гладни; ќе јадат налево – и нема да се наситат; секој ќе го јаде месото од својата мишка:
21. Манасија – Ефрема, и Ефрем – Манасија, обајцата заедно – Јуда. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, и раката Негова уште е протегната. книгата на пророк Исаија

Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,
2. како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел,
кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.”
3. Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.
4. Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.
5. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.”
9. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува на Него.
11. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.”evangelie po Marko.
--- надополнето: 31 јули 2013 во 21:50 ---
Исус а.с е Божји пратеник и никако не е самиот Бог .Малку реалност ке ве замолам ,не барам којзнае што ,на Бог му се молува ,а не се молува на човек ,дајте ми јасни цитати од Библијата каде исус вели самиот дека е Бог и дека вели помолете се на мене
Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,
2. како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел,
кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.”
3. Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.
4. Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.
5. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.”
9. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува на Него.
11. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.”evangelie po Marko.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
А за она за Јудеја Помпеј ја освоил таа област уште во 63 година пред нашата ера а станала званична провинција од 6 година пред нашата ера.

И кога ќе видиш сепак има разлика помеѓу двата Исуси бидејќи Исис е често име од тоа време во Јудеја.
Јудеја си била еврејска држава, Помпеј се замешал во граѓанската војна на страна на Хирканус. Јудеја си остана под еврејска власт се до 6ста гоина нова ера. Тогаш Римјаните по смртта на Херод го тргнаа неговиот син наследник Архилеј и ја присоединија Јудеја. Тогаш почнуваат бунтовите на евреите против римската власт, Јуда Галилеецот (негде познат и како Јуда од Гамала) го дига востанието против рим во 6ста година нова ера (повод е пописот на рим на територијата на Јудеја) Можно е тој да имал и некое ристократско потекло иако Херод дде се од себе да ги затри еврејските кралски лози, затоа што наследниците н Јуда Галилеецот учествуваа и беа команданти и во тоа и во подоцнежните востанија. Тврдината Масада која даде најдолг и најжесток отпор против ром беше под команда на Елзара - потомок на Јуда галилеецот. Јудеја беше во постојана борба и отпор према Римската власт, животот во неа не беше ни налик на детските прикаски од евангелијата кои настанаа векови после Исус. Вистината беше сурова и одбележена во постојани борби меѓу евреите и римјаните. Еден од тие борци беше и Исус назаренот (не назаретјанинот пошто градот Назарет настанал во втори век нова ера многу по смртта на Исус, исус е опкружен со зелоти, исус го напаѓа храмот еден од центрите на власта, во исто време се случува напад на римскиот гарнизон над храмот што е повеќе синхронизиран напад од колку случајност, исус се крие на маслиновата гора каде е опколен и заробен од силна римска војска помогната со помошни еврејски единици, аспрема римското право на распнување се осудувале или убијци и најтешки криминалци, или бунтовниците против власта, исус е распнат заедно со двајца бунтовници а на крстот е напишано зошто е распнат, оти бил цар јудејски. Ова е само една ронка од истражувањата за Исус, евангелијата се најчестѕо неточни, контрадикторни и преправани. Но науката има начин да проучува текстови, да ги спореди со историски факти, да укажи што било можно а што не да се случи. Према тоа, Исус беше човек, водач на назаренската секта која заедно со зелотите се обиделе да подигнат востание против Рим, кое востание не успеало, Исус бил фатен и осуден на смрт ради предавство
 
Историската подлога ти е добра конечно се согласивме дека има двајца Исуси сега да оставиме секој на својата верба и дар од Бог што од евангелијата е вистина а што невистина.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Историската подлога ти е добра конечно се согласивме дека има двајца Исуси сега да оставиме секој на својата верба и дар од Бог што од евангелијата е вистина а што невистина.
Има стотици Исуси (јешуи) во палестина но евангелискиот Исус е исус назарен кој заедно со зелотите стапил во борба против Рим. Не можеш да го згрешиш со друг некој Исус пошто овој го има за брат Јаков кој е споменат кај Флавиј и кој после смртта на Исус станува водач на назарените и кој исто така е убиен поради политички причини (со отсекување на глава - за верски прекршоци се казнувало со каменување) Значи имаш Исус кој ппретендира а и е прифатен како крал јудејски (самото тоа е доволно да биде осуден за бунт пошто Јудеја беше дел од Римското царство и секој кој покрај римскиот цар предендира на престол - е бунтовник) тој околу себе има зелоти кои се вооружени борци против рим, тој е заробен од сила римска војска зато што го бунтовал народот, забранувал да се плаќа данок на римскиот цар и сметал дека е тој цар на јудеја, тој е осуден на смрт со казна која се применувала за бунтовниците и неприателите на Рим.
 
Римјаните се плашеле од народни немири и востанија а за тоа цар на јудеа доаѓа од неговата кралска лоза,но сепак римјаните избегнувале да судат во верски спорови.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Римјаните се плашеле од народни немири и востанија а за тоа цар на јудеа доаѓа од неговата кралска лоза,но сепак римјаните избегнувале да судат во верски спорови.
Погрешен е назив “плашеле“ да се плашеле римјаните немаше да создадат толкава империја и со векови да владеат над различни народи, се се сведуваше на политика а Пилат према историски извори бил се само не политичар, тој ги мразел евреите, ги сметал за помалце вредни, позицијата префект на Јудеја (тоа беше Пилат не прокуратор) се сметаше повеќе како казна од колку награда, таму добро дојде еден таков насилен поткуплив алчен суров човек.
Од раѓање до смртта Исус го нарекуваат цар, не само родословието, кога се родил тројцата мудреци дојдоа да му се поклонат на царот, натанило му се обраќа како цару, во ерусалем исус влегува како цар (јавајќи на магаре поздравуван од народот како цар) пред римјаните е обвинет дека кажуввал дека е цар јудејски. Полни се евангелијата со податоци дека Исуса го сметале и приателите и неприателите з цар (а и тој така се преставувал)
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет,
тогаш Моите слуги (би се бореле и) би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците;
но царството Мое не е од овој свет.”
А Пилат Му рече: „Ти, пак, Цар ли си?” Исус одговори: „Ти велиш дека сум Цар.
Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој.”
Пилат го праша: „Што е тоа вистина?” И ова како го рече, излезе пак при Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам никаква вина во Него.
Но при вас е обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуштам Царот Јудејски?”
И пак повикаа сите, велејќи: „Не Овој, а Варава.” Варава, пак, беше разбојник.

Ев. Јован 18:36-40

На испитувањето кај Пилат не беше присутен Јован ниту било ој друг евангелист. Така да тој не знаел што точно Исус и Пилат разговарале и дали воопшто разговарале.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

На испитувањето кај Пилат не беше присутен Јован ниту било ој друг евангелист. Така да тој не знаел што точно Исус и Пилат разговарале и дали воопшто разговарале.

Без Светиот Дух БОЖЈИ неверниот и кривоверниот човек никогаш неможе да знае Кој навистина Исус Христос е,
нити пак некако може да сфати како можат Чедата БОЖЈИ нешто да знаат, без тие телесно да биле присатни на лице место!

А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име,
Тој ќе ве научи на се’ и ќе ви напомни за се’ што сум ви зборувал.

(Ев. Јован)

п.с. Запомни го овој одговор и пост, запиши го неговиот број ...

.

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
.

Без Светиот Дух БОЖЈИ неверниот и кривоверниот човек никогаш неможе да знае Кој навистина Исус Христос е,
нити пак некако може да сфати како можат Чедата БОЖЈИ нешто да знаат, без тие телесно да биле присатни на лице место!

А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име,
Тој ќе ве научи на се’ и ќе ви напомни за се’ што сум ви зборувал.

(Ев. Јован)

п.с. Запомни го овој одговор и пост, запиши го неговиот број ...

.

.
И како Јован цитира зборови на Исус и Пилат а не бил таму да ги слушне?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom