Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
За тиаго се маваат од земја, а замислете да го продадат меси, овие од фан клубот фарселона ке извршат групно самоубиство
Ова и од друг агол може да се коментира. Манчестер купува играч кој е резерва во Барселона, а фановите на Ман УТД се однесуваат како Меси лично да доаѓа... :sneaky:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.704
Ова и од друг агол може да се коментира. Манчестер купува играч кој е резерва во Барселона, а фановите на Ман УТД се однесуваат како Меси лично да доаѓа... :sneaky:
Фановите на Манчестер се однесуваат како да го купуваат играчот кој го реши младинското Еуро со хет трик. Фановите на Манчестер не се навиканти на голем трансфер (освен тој на Перси), фановите на Манчестер се навикнати на купување на млади и надежни фудбалери, кои подоцна тука израснуваат во фудбалери од светска класа. А Тиаго е еден од најголемите таленти во фудбалот, па затоа фановите на Манчестер се радуваат. Играч кој Барса се обиде на секој можен начин да го задржи, со разни изјави од соиграчите, со средби меѓу Тиаго и Чави, со ветување на место во тимот....уште курва од 1000 долари остана да му платат. Да не беше толку вреден играчот, Барселона сигурно ќе го пуштеше како ништо.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Oва се вика 2те во едно. А твоите 0 од 2. xD
Se mislam,se mislam, sto tolku si gi zapamtil bas ovie dvajca ama samo od pred nekoja godina tie golovite sto gi dadoa,taka malce pointeresni sto bea,samo toa mi ide na pamet.Ako e toa zal mi e..

#

Inaku se slozuvam so Stavre,Thiago go napravivte kako gospod za palecot da go fatil.Mislam deka ne e ni odblisku dobar kako sto go zamisluvate.


Inaku vletav kako padobranec ovde da udram eden seir na ovaa spansko-brazilsko i pomalku angliska sapunica.Posledno vreme kako nekoa kromidarska strana postanavte poradi ovoj Thiago.Sekakvi prepleti,raspleti procitav no ne procitav uste za kulminacija. :D

Ajde pozdrav,ne mislev nitu mislam nisto loso. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Фановите на Манчестер се однесуваат како да го купуваат играчот кој го реши младинското Еуро со хет трик.
Абе дупка дупна наздраво. Колкав е патот од талент во младинска конкуренција, до добар играч, тоа многумина го научиле на потежок начин...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.704
Абе дупка дупна наздраво. Колкав е патот од талент во младинска конкуренција, до добар играч, тоа многумина го научиле на потежок начин...
Го знаеме тоа ние најдобро. И тоа го знаеме оној успешниот пат. :P
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ќе дојде ама не е тип на играч што ни фали во тимот. Ни фали Харгривс тип на играч, неуморлив, што ќе трча, ќе покрива, ќе ја изнесува топката од половина...

За Тиаго бев индиферентна на почетокот ама сега сакам да им го земеме, онакво демонизирање на англиските екипи и на Мојс поготово немам видено на ниту едно друго место :X3:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.238
Во врска со темава со Руни. Да не ги цитирам мислењата на тие што го бранат. Лично јас, а и гледам голем дел од останатите фанови на Јунајтед не го пцујат, не го вреѓаат Руни врз основа на тоа што го направил за клубот. Напротив, сите сме му благодарни за неговите голови, за неговите перформанси за клубот и тоа е се. Тој со тоа што го прави во моментов, а и во минатото дава последица и утре да замини или да остане до крај на кариера во клубот да не биде ставен во исти кош со легенди од типот на Гигси итн од страна на фановите.

Значи клубот му влезе во пресрет при сите скандали со проститутката, со лошите перформанси во Англија каде цела јавност беше против него, кога се премисли при првото барање за трансфер и го одбрана во тој случај. Клубот, поточно САФ го направи играчиште зошто со неговиот темперамент прашање би било како би просперирал во друга средина. Еве гледаме какви успеси нижи со Англија.

Значи далеку е од споредба со ситуацијата на РВП во Арсенал, зошто Руни игра во клуб кој нижи успеси во ПЛ и останатите натпреварувања за периодот од кога е дојден, при првото трансфер барање доби нов договор и стана најплатен играч во Јунајтед и во ПЛ (освен сега шеициве од Сити кога си ги преплаќаат играчите), доби врвни соиграчи какви што бараше ( а притоа јавно изрази сомнеж за квалитетите на неговите соиграчи што е срамно). Значи клубот направил премногу за него, за неговите барања. Клубот му излегол во пресрет со еден збор.

А по тој фамозен договор како му врати Руни на клубот?? Со неконстантна игра, со дебелење, со паѓање во сенка на ниво на перформанси и на крај му враќа со шокантно барање за трансфер. Значи се гледа дека чувствуа страв за неговото место од играчкиот кадар во моментов на тимот, а со формата од последен период сигурно нема да му биде во прилог на Јунајтед да плаќа 250 илјади недело за ништо што значи чувстува и страв од намалување на основата на договорот. Ради овие настани Руни ги загуби сите кредити кај фановите, почитта пред се. И утре да остане во клубот со нов договор и да се пензионира во црвениот дрес нема да биде ценет од голем дел од фановите. Затоа во моментов сеисто ни се фаќа дали ќе остане или не. Ако остане и ако се врати во форма и придонесе за нови трофеи ќе биде добро, ако замине нема да има незадоволен играч во ростерот, ќе се ослободат големи финансии за клубот и пред се ќе може да се доведе нови играчи за тие фионансии.
Да се самоцитирам за ситуацијата со Руни со мислење од пред 1 месец од прилика и сите падобранци на темава кои планираат да отворат дискусија околу Руни подобро нека разрошкаат наназад во темава зошто жалосно е да се труе темава со еден ист муабет.

А за тоа дека се радуваме на Тиаго како Меси да доаѓал ме стварно изнасмеа. Па ај да отвориме по останативе фан клубови и да видиме како ги коментираат шпекулациите кои им се допаѓаат околу нивниот клуб. Во моментов нас ни годи што не поврзуваат со Тиаго и сакаме да имаме таков играч во нашиот тим па нормална е радоста и возбудата кај некои од фановите.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Анџело ме потсеќа на меси јуст саинг..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Aнџело со уште еден гол. (y)
Не било кој гол туку гол за полуфинале,ама браво за ѕверов наш секаде го има ,не застана:cuc:
--- надополнето: 7 јули 2013 во 22:24 ---
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
што сум пишувал бе:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom