Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
11 март 2010
Мислења
306
Поени од реакции
320
Ама зошто толку одите со глава во ѕид? :D

Не е дека никој не му е благодарен на Руни секој го почитува тоа што го има направено за клубот, но ова е веќе претеризам. Ако толку го сака и почитува клубот ќе игра на секоја позиција каде што ќе му каже стариот, а не да ми цмиздри и да бара трансфер. Дечкото си сака внимание и сега кога дојде РвП малце го занемаривме и ајде јас ќе си одам.
И само да додадам дека зема 250 К неделно.
Така е во право си затоа Руни и да остане нема да биде ллегенда од типот на Сколс и Гигс, а за тоа сам си е крив, но дека Ферги чуднно се однесува кога е Руни во прашање и тоа е факт има нешто тука што ние не го знаеме, а и Руни е приглуп и преемотивно сфаќа се па за се што не му одговара си плаче кај Ферги...Едно нешто позитивно што никој нне го кажа е тоа што Руни никогаш не отиде кај некои таблоид да се жали и да издејствува трансфер ниту кажа нешто лошо за Ферги, туку се одеше внатре во клубот без да ссе наруши атмосферата
...
кантона ис бек - тоа као демек било 40 мил за трансфер, а 60 мил за плата на Руни
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.762
Поени од реакции
20.480
Никој не оспорува учинокот на Руни за Јунајтед. Дојде кај нас во стил како што сега самиот се брка од клубов. Ти на 19 години да вредиш 30мил фунти во тоа време е премногу и да го направиш твојот тренер од магаре подолу е тоа е претеризам.
 
Член од
11 март 2010
Мислења
306
Поени од реакции
320
Никој не оспорува учинокот на Руни за Јунајтед. Дојде кај нас во стил како што сега самиот се брка од клубов. Ти на 19 години да вредиш 30мил фунти во тоа време е премногу и да го направиш твојот тренер од магаре подолу е тоа е претеризам.
Кого направил од мгаре подолу, Ферги сигурно не го направил нема еден лош збор кажано за него, на прославарта дури и го фалеше, а ако мислиш за Мојс тоа со книгата било ситница (искрено не сум целосно запознат со ова) која на мирен начин е решена меѓу нив двајцата
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Никој ништо не збореше кога Руни играше со една нога против Баерн и ризикуваше кариера, а Ван Бајтен и компанија намерно го удираа по повредениот зглоб, а овој стсна заби и играше зашто знаеше колку зависевме од НЕГО, ножичките против Шити и нив ги заборавивте но ќе ги видите пак гол на 20 год.премиер лига е прогласен....за крај по трет пат ќе пишам бидејќи никој не ми одговори размислете зошто Ферги не го избрка до сега,како што направи со Руд,Кин,Бекс ... ЗОШТО?????

Еве и јас ги повикувам да одговарат луѓево што се убедени деќа повеќе не го бивало или незнам што..Сигурно ќе ти речат оти е: дебел,спор,тромав,пијаница,ќелав,мрза,личи на Газа, итн.Мислам...:icon_lol: Клубот со сите сили пробува да го задржи зашто стварно е квалитет, а овие уште сега му предвидуваат крај на кариера догодина:tapp:
Ама тоа ти е исто како кога Бекам замина.Кога викаа манекен,педер,шминкер... итн. Дури некои и ден денес неможат да го поднесат неговото напуштање на Јунајтед, па тврдат дека Бекам не бил легенда на клубот.o_O
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Reporter: "How does it feel to be the most complete midfielder?"
Zidane: "I don't know. Ask Scholes"

Јас да сум САФ ќе ја прифатам работата за менаџер на ПСЖ или па конечно нека стане селектор на Англија после 300 викања, за да се нервира дебелото :icon_lol:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.658
Поени од реакции
9.241
ziak92 ти ми бараше слики од дресовите така?? Изумив јас дека форумот беше паднат..
Утре ако го најдам кабелчето за мобилниот ќе ги прикачам :D
Не е проблем, кога ќе ти се укаже можност постирај :) Фала сепак


Во врска со темава со Руни. Да не ги цитирам мислењата на тие што го бранат. Лично јас, а и гледам голем дел од останатите фанови на Јунајтед не го пцујат, не го вреѓаат Руни врз основа на тоа што го направил за клубот. Напротив, сите сме му благодарни за неговите голови, за неговите перформанси за клубот и тоа е се. Тој со тоа што го прави во моментов, а и во минатото дава последица и утре да замини или да остане до крај на кариера во клубот да не биде ставен во исти кош со легенди од типот на Гигси итн од страна на фановите.

Значи клубот му влезе во пресрет при сите скандали со проститутката, со лошите перформанси во Англија каде цела јавност беше против него, кога се премисли при првото барање за трансфер и го одбрана во тој случај. Клубот, поточно САФ го направи играчиште зошто со неговиот темперамент прашање би било како би просперирал во друга средина. Еве гледаме какви успеси нижи со Англија.

Значи далеку е од споредба со ситуацијата на РВП во Арсенал, зошто Руни игра во клуб кој нижи успеси во ПЛ и останатите натпреварувања за периодот од кога е дојден, при првото трансфер барање доби нов договор и стана најплатен играч во Јунајтед и во ПЛ (освен сега шеициве од Сити кога си ги преплаќаат играчите), доби врвни соиграчи какви што бараше ( а притоа јавно изрази сомнеж за квалитетите на неговите соиграчи што е срамно). Значи клубот направил премногу за него, за неговите барања. Клубот му излегол во пресрет со еден збор.

А по тој фамозен договор како му врати Руни на клубот?? Со неконстантна игра, со дебелење, со паѓање во сенка на ниво на перформанси и на крај му враќа со шокантно барање за трансфер. Значи се гледа дека чувствуа страв за неговото место од играчкиот кадар во моментов на тимот, а со формата од последен период сигурно нема да му биде во прилог на Јунајтед да плаќа 250 илјади недело за ништо што значи чувстува и страв од намалување на основата на договорот. Ради овие настани Руни ги загуби сите кредити кај фановите, почитта пред се. И утре да остане во клубот со нов договор и да се пензионира во црвениот дрес нема да биде ценет од голем дел од фановите. Затоа во моментов сеисто ни се фаќа дали ќе остане или не. Ако остане и ако се врати во форма и придонесе за нови трофеи ќе биде добро, ако замине нема да има незадоволен играч во ростерот, ќе се ослободат големи финансии за клубот и пред се ќе може да се доведе нови играчи за тие фионансии.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
ова важи и за овие од други фан клубови што упаѓаат и прашуваат, постот на зиак92 опфати се, на кој не му е јасно нека препрочита а не да се убацува со муабети сме биле неблагодарни сме го пцуеле и што не.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.463
Поени од реакции
42.761
Ај да пишам малце во врска со сезоната, сеа кога имам време, гледам никој од вас нема пишано до сеа. Се мрзи се погодиле во фан клубов. :D

Сезоната започна со 2 одлични трансфера, најдобриот стрелец во ПЛ - ван Перси и диригентот на играта на освојувачот на двојната круна во Германија - Шинџи Кагава. После дебаклот од лани, реално сите ќе се задоволевме со враќање на титулата од ПЛ на Олд Трафорд. Тргнавме со пораз, веднаш почнаа коментари за тоа како Јунајтед му подарил 24м на Арсенал, ама веднаш следуваше демант. Прво одличен гол на Перси на дебито на Олд Трафорд, па хет-трик против Саутемптон во третото коло. Така полека влеговме во една одлична серија победи во ПЛ и ЛШ и некаде до средината на неомври имавме 2 пораза само, од Евертон во првото коло и при крајот на Септември од Тотенхем на наш терен. Потоа се лизнавме и кај Норич, но повторно продолжи тимот со одличните игри. Издвојувавме победи на Енфилд, Стемфорд Бриџ и Етихад, што кој знае колку време се немаше случено. Одбраната во првиот дел од сезоната ни беше заникаде, ама нападот беше толку добар, што секогаш даваше повеќе голови од што можеше да прими одбраната. Направивме мал милион пресврти и мислам дека тие ќе бидат еден вид обележје на оваа сезона. После Нова Година се стабилизира одбраната, дури имаше период од 2-3 месеци без примен гол во ПЛ, но сега и нападот малце успори, се играше онаа познатата Манчестер Јунајтед игра - колку да се победи. :D Во меѓувреме испаднавме ептен несреќно од Реал Мадрид oд ЛШ. И самиот Мурињо си призна дека Манчестер беше појак тим на теренот и дека повеќе заслужи да помине во 1/4 финале. Од тука следуваа уште 2 кикса, прво во ФА Купот прокоцкавме 2-0 предност со Челзи на ОТ, за после да не елиминират во преигрувањето на нивен терен. А освен тоа, загубивме и дома од Сити, втора сезона по ред. До крај, рутунирано ја освоивме титулата, 4 кола пред крај и врзивме некое киксче после тоа, веќе како Шампиони на Англија. Некаде 2 недели пред крајот на сезоната сите бевме шокирани од пензионирањето на дедо Ферги, ама убаво го испративме и мислам дека заслужи со титула да ја заврши својата работа како менаџер на Манчестер Јунајтед.

Се на се, сезоната беше одлична. На стартот секоја утакмица ни беше интересна и возбудлива, на крајот победувавме малце порутинирано, ама сепак да се освои титулата е најбитно. Тимот играше одлично во сите натправарувања. 20 различни фудбалери се запишаа во листата на стрелците во ПЛ, што е рекорд на сите времиња во Англија, Премиер Лигата ја освоивме со двоцифрена предност, од ЛШ испаднавме несреќно и ќе кажам незаслужено, а во ФА Купот на крај малце се посеравме, ама небитно.

Играчи од кои сум задоволен и позитивно изненаден: Де Геа, Рафаел, Џонс, Керик, Ван Перси
Играчи од кои наредната сезона очекувам повеќе: Велбек (во ефикасност), Јанг, Валенсија, Андерсон, Нани, Руни (ако останат). И Кагава ќе го спомнам тука, не дека беше лош, но наредната сезона од него очекувам да биде главен носител на играта и многу повеќе настапи, а со тоа и голови и асистенции.
Другите изиграа горе-доле според очекувањата, но една пофалба и до нив, бидејќи како што кажав сите до еден беа одлични.

Фудбалери кои сакам да се донесат за наредната сезона: Роналдо/Бејл, Стротман, Фалкао/Левандовски, Тиаго Алкантара

И за крај уште еднаш Thank you sir Alex & Glory Glory Man United!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom