Македонска фудбалска репрезентација

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Го читам текстот во спортарена а притисокот ми се качува 220/120 се прашувам до кога, до кога ќе има вакви новинари и луѓе што се како нив кои сеуште со сласт ги доживуваат поразите на нашата репрезентација и притоа непропуштаат прилика со иронија да се изживуваат врз чувствата на оние кои горат за репрезентацијата на Македонија. Особено после еден несреќно изгубен натпревар поради неколку индивидуални грешки. Згрозен сум навистина во продолжение текстот а потоа и коментари кон напишаното.


Меѓу двата меча со Белгија; „Филип Втори“ не даде многу ум за „Кралот Будоин“

Од sportarena1 / март 23, 2013 / Исклучени коментари





Белгија е преголем залак, одигравме против Словенија, Данска, против Србија и добро, но несреќно против Хрватска и Шкотска и…толку е изгледа силата, Белгија е нешто друго.

Желбите и спортската надеж која никој не може да ја убие се едно, реалноста друго, чесно, треба да се гледа прагматично.Во фудбалот понекогаш важи аксиомата дека тоа е игра во која секогаш не победува подобриот, ама во овој случај со Белгија, колку и да се жалиме на пропуштените шанси на Јаховиќ и Тричковски, на досудениот или недосудениот пенал, вистината душа сака, Белгија е пресилен противник за Македонија. И не само за Македонија, за повеќе европски репрезентации, сигурно.

Затоа, не влева многу надеж ниту изјавата на пресот после натпреварот на Јаневски што во секвенци изгледа вака:

„ Им честитам на моите избраници за играта. Сега ќе се обидеме на вториот натпревар да оствариме поволен резултат. Белгија од три шанси даде два гола. Тоа е силен противник против коги грешките се плаќаат, а неискористените шанси се казнуваат“.

Е, тоа би било чудо, да извадиме поволен резултат против Белгија и тоа на гости кога овие бодови ќе им бидат неопходни за првото место.

Белгија, барем личен е впечатокот (а, и други на пресот тоа го рекоа) во секој момент го контролираше мечот. Не беше ни случајно што Бентеке немаше кој знае каков радиус на движење, што се давеше во офсајд, што Азард „ни под разно“ не инсистираше на брзи продори, туку барем пет шест сигурни додавања да ти ги одземат духот и силата, ист и „бушавиот“ Фелаини кој не се ни испоти, ама не од студот и ветерот, туку од статичноста без промена на ритам и движења, но со полна контрола и умртвување на темпото, а се разбира сето ова после водството, е тоа е демонстрација на сила и сигурност.

Тоа го потврди и белгискиот селектор Вилмотс : „Во првиот дел брзо губевме топки, но потоа тоа го исправивме и во целост го контролиравме теренот и играта“.

И сега што треба да менува Јаневски за неколку дена во вториот дуел во Брисел ?

Ништо, и да сака не може, толкав е капацитетот…а грев е да го критукуваме, со кого можеа, нашиве момци одиграа, овие „ѓаволиве“ се друга димензија.

Не знаеш што е поумно, да ги нападнеш и да оставиш простор и да ризикуваш дали „ќе те наполнат“ или пак да се браниш и да се молиш да издржиш за 0-0 !?…Никако не си, две зла, кое да го одбереш?

Чеде до сега добро си ја тера работата, од тоа што имаме вади максимум, само што кај нас има некои што без нив не се може реално, ама максимум од потенцијалот што клубски сме им го виделе не можат во репрезентација да покажат. Не им ни прв пат.

Можеби делува несигурно левата страна кај нас, ама тоа е вчерашен впечаток, парцијално не смее да се гледа, Лазевски ни ги поткина нервите, ама момчето имал на други натпревари одлични изданија, Јаховиќ не погоди со глава, Тричко исто…се случува, тоа не е болка за умирачка, па на крајот на краиштата и затоа не играат во Реал, Барса, Јунајтед, Баерн…реално, нели.



Затоа да не се надеваме многу на „солзата на ѓаволот“, нејзе нема да ја видиме во Брисел!
http://sportarena.mk/megu-dvata-mecha-so-belgija-filip-vtori-ne-dade-mnogu-um-za-kralot-budoin/

Јас навистина невидов во кој момент Белгија беше преголем залак освен неколкуте навистина добри акции на Хазард каде се покажа неговата класа. Што ќе се случеше ако Јахович го дадеше голот во 30тата секунда??? Или нашите шанси не ги гледат овие иронични слепци.
Играта против Србија , Данска и Словенија као демек не била добра туку била И добра, многу гнасна иронија типична за некој поодминати времиња. Како надоврзување на тоа ТОЛКУ НИ БИЛА СИЛАТА, гнасотии. Место како новинар да ја коментира добрата игра во првото полувреме и моментите кога на конец висеше белгискиот гот , тој без никаков срам и образ го обезвреднува сето она што вчера го сработија нашите репрезентативци.

Другата реалност е во твојата глава господине новинар. Реалноста е сосема новиот стил на игра на македонската репрезентација и влегување во секој натпревар со самодоверба и цел да се успее. Тоа е прагматичност а не твојата прагматичност да се предадеш пред да почне натпреварот.

Навистина незнам каде успеа да види дека Белгија е пресилна за Македонија. Веројатно не сме гледале ист натпревар. Јас го гледав оној вчера 22 Март 2013 година. Тој очигледно е заглавен во некој други времиња.

Изјавата на Јаневски влегува и те како многу надеж во фудбалот треба да се користат шансите , за среќа Македонија створи многу шанси но за несреќа не успеа да ги реализира.

Ќе повторам една изрека на покојниот Борис Трајковски пред мечот со Англија на фудбалерите им кажа „ние сме 11 фудбалери и тие исто се 11, јас тука негледам никаков проблем за да можете рамномерно да им се спротиставите„. Па така и јас негледам никаков проблем во Белгија да изиграме уште подобро , ако Финска вчера играше со Шпанија нерешено, зошто не би можела Македонија да извади поволен резултат со Белгија. Но проблемот е во вакви типови кои на Македонија секогаш гледале со подценување и секогаш не праќале на натпреварувања со аманет дека „нема што да бараме во тие натпревари„. Според вакви циници Македонија воопшто не треба ни да се натпреварува кога однапред знаеме дека ќе бидеме поразени.....

Продолжува.........................
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.431
Поени од реакции
79.446
Зошто рисови не делеа?
Јужна имаше многу споро влегување, влеговме 5 минути по почеток и уште влегуваа после. Голем калабалак беше на скалите пред влез.

Инаку, немајте гајле, сеа на следната пријателска ќе извлечеме добар резултат (y)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Аха,и на тој шо го осмислил планот за новиот изглед на Филип Втори се да му ебам....
Шо ќе беше бе дебили....еден главен влез за трибини од по 10 и кусур илјади луѓе..:tapp:
Луѓе ги туркаат,мали деца пиштат....40 минути се туркаш да влезиш,безбедност нула...нервоза до максимум.....
Не дај боже да се случи нешто има да се испогазиме сите како стока...:tapp:
Така градат нашите мафиози,да ви се плукнам во делата....
Едни Белгијци имаше зад мене во гужвата и си коментираа цело време додека беа згмечени како сардини..
И едниот му вика на другарот Where the fuck are we?
И овај другиот одговара Shut up mate,just hang on:нинџ:
Срамота толку пари фрлија а најважната работа ја занемарија,типично македонска работа....
За играта штета,навистина заслуживме да поведиме во прво полувреме...не ги искористивме своите шанси,не казнија...
Имав впечаток дека кога сакаа Белгијците можат да ни направат шанса,одамна не биле толку силни.....еден од најсилните состави шо некогаш гостувал овде....
Како и да е,не треба да се тагува за поразот,покажавме дека имаме квалитет,фали само реализација....
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.957
Поени од реакции
5.520
Не знам кога сте влегле вие, јас во 8 влегов и никаква гужва немаше. За две минути бев на столчето.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Не знам кога сте влегле вие, јас во 8 влегов и никаква гужва немаше. За две минути бев на столчето.
Треба да се создаде култура дека максимум саат време пред почеток на утакмица треба да се биде на стадион. Јас бев таму во 19:50 и за 2 мин влегов, никакви гужви.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
При првиот гол што го примивме немаше вина само Лазевски туку и Новески кој истрча многу напред го остави сам позади Лазевски, а имаше време да се врати и немаше да биде во таква убава ситуација Де Брујн. Иначе Новески и Тричковски беа најдобри според мене, после откако влезе и Мирко исто така.
Лазевски на прва да ја исфрлеше во аут или па да пробаше одма на прва да ја исфрли на противничка половина,а не да се гради и да проба да го исфрли од игра Де Брујн немаше да се случи тоа што се случи.Главен виновник за овој пораз е токму тој и се надевам дека веќе од наредната утакмица таму ќе се проба со друг играч.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Луге стадионот не беше полупразен заради скапите карти. Ако не сте биле не зборете. Јужна и Северна беа 90 посто пуни а тоа значи карти по 400 и 600 ден. Незнам од која причина немаше луге, веројатно толку бил интересот.

Мислам дека сега откако ги изгубивме шансите барем за некој бараж или што и да е, мислам дека треба да се концетрираме кон подмладување на репрезентацијата, како што прават србите. Реално повекето се нови играчи ама има еден куп други кои можат да се пробаат посебно од младинците..Бабунски, Ашковски, Димитриевски, Илиев и нека форсираат некој централен дефанзивец, Новески нема до 50 години да игра.

Дали некој знае што се случи со Зеле Исмаил? Знам пред некоја година го бара дури и Челзи, ептен голем талент. Сега гледам на википедија го пишува англичанец со потекло од Албанија, нигде не се спомнува Македонија.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Овој дел го пееше:
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.338
Поени од реакции
46.450
Во други земји клање се случува кога троица репрезентативци не ја пејат химната, само кај нас тоа е нормално, еве и текстот им го прилагодија, нема “Македонцие се борат за своите правдини’’ и пак шконовите си гледаат во празно коа се интонира. Љаич и Бензема за малку ќе ги распнеа за ова, ние уште Рока Мандољин да им ја запееме.

Разбирам дека се револтирани ради тоа што им се пејат навредливи песни од трибините, ама со овие гестови и тоа малку незгодно што ме фаќа кога ќе чујам како ги вреѓаат- ми се губи.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Треба да се создаде култура дека максимум саат време пред почеток на утакмица треба да се биде на стадион. Јас бев таму во 19:50 и за 2 мин влегов, никакви гужви.
Тоа е тоа.Проблемот кај нас е што сите сакаат да влезат на 2мин пред почетокот на утакмицата и од таму се тие гужви на врата.Јас накај 20:10 влегов без никаков проблем и буткање за неполни 2мин,а и тоа време (на пола саат до почетокот) стадионот беше доста празен.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
8.332
Читам па Дим4е пишал, Трајковски пет пати подобар. :icon_lol: Аман бе Диме, Трајковски откако влезе направи три убер фејл потези, му се смееше цел стадион. Едино на крај успеа да направи нешто, ма да и тогаш се сопна, падна, но се сопна и Белгиецов, па му испадна како финта тоа на нашиов. :pos:
Инаку, дупка, ме разочара ептен Трајковски.
Зошто ми вадиш муабети бе... Реков дека е во подобра форма... што е и точно, Тричковски нема ниту 20 минути изиграно вкупно последните 6 утакмици за Бриж, башка што од кога го седнаа официјално на клупа овие почнаа да прават добри резултати.
Тричковски според она што го видов ти е нешто како Попов во бледиот перод. Апла незалагање и тоа што ќе го изигра како на сила да го игра. Нашиве едвај чекаат да изгубат и теоретски шанси за да можат понатаму к*рташак да си играат во квалификациите.
За разлика од него Трајковски игра во Зулте, башка и бајаги перспективен тим се имаат доста младичи ги ротираат цело време и се на второ место во лига. Исто и знае да даде некој гол и да подели некоја асистенвија. Е сега за вчера што изигра рече направил 3 фејл потези а уствари само еден беше што се сплетка на пола терен. Ова беше брзо по влегувањето и прв контакт може му беше. Се крена цел стадион ок , ама ако гледаш таа цел стадион реагираше и за други ситуации и за „пенал“ над Ивановски и Ибраими го свиреа еднаш... не е релевантно тоа. И не спомна дека имаше 2 супер продори еден да се сопнаа таму , ама тоа му е една од подобрите особини што има некоја зезната среќа на почеток на кариера , што е ептен важно зошто им била потребна и на многу појаки имиња. Другиот продор беше кога му ја додаде на Ибраими па после од одбиена и он проба да ја лобне, ова ваљда не мислиш дека е фејл потез пошто е баш фудбалски... И имаше уште еден добар потег кога на Пандев му ја бутна на прва а него му ја избија после контактот ...
Преувеличувањево ти е од друго место тука на кајгана донесено ама ако :D си се пофали дека си бил на стадион :icon_lol:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Луге стадионот не беше полупразен заради скапите карти. Ако не сте биле не зборете. Јужна и Северна беа 90 посто пуни а тоа значи карти по 400 и 600 ден. Незнам од која причина немаше луге, веројатно толку бил интересот.
Гратиси друже...немој да мислиш дека тие карти биле продадени.Сигурно има и такви што купиле од тие карти ама 90% беа гратиси.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Гратиси друже...немој да мислиш дека тие карти биле продадени.Сигурно има и такви што купиле од тие карти ама 90% беа гратиси.
Сакаш да ми кажеш дека да не беа гратисите ке имаше 2000 луге на стадион?o_O
Сигурно имало некоја бројка на гратиси, ама па 90 посто...
Јас искрено очекував 10-15 илјади. Кога почна еуфоријата и ФФМ да праи некои маркетиншки трикови како тоа уште у првиот ден 1/3 од картите биле купени викам ова ке се напуни цел. Испадна нешто измегу, 20тина илјади.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
8.332
Ова кај си рису ... звучи како на покемон да му се обраќаш :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom