Интелектуалност

  • Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
После извесно време поминато во дебатирање со еден пријател, решив да отворам тема со слична содржина.
Доколку веќе постои тема слична на оваа, слободно нека биде префрлено се таму.
Темата конкретно ќе ја опфаќа интелектуалноста како појава.

Што според вас дефинира еден интелектуалец?
Со која дефиниција најпрецизно може да биде окарактеризиран некој како интелектуалец?

Дали специфични професии се "поинтелектуални" од други?

Дали интелектуалноста е дефинирана од содржината на знаењата кои ги има еден поединец и дали е поврзана со неговата интелигенција?
Сметате ли дека некои видови на знаења влијаат на интелигенцијата како манифестација, дека интелигенцијата е повеќе резултат од генетското влијание на организмот или е резултат на комбинираното влијание од nature/nurture на мозокот?

Дали интелектуалноста ја поистовестувате со интелигенцијата или сметате дека тие две појави се независни една од друга?

Кои фактори влијаат на тоа одредени луѓе да имаат афинитети кон едни работи а други луѓе кон други?
Дали тие фактори се дефинирани од личните интереси и желби кои околината ги стимулирала во нас самите, се резултат на талент односно предиспозиција или се комбинација од двете?

Ако се резултат на талент, што е талент како манифестација?
Дали талентот е нешто што може да биде измерено и објаснето?
Дали постојат генетски предиспозиции кои ги определуваат луѓето да имаат специфични афинитети и таленти?

Се надевам дека ќе има интересна дебата без препукувања и навреди :)
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
За да бидеш интелектуалец, треба весник да читаш секој ден, да не плукаш по улица, и да не пцуеш по луѓе наоколу. Исто треба многу културен да бидеш.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
За да бидеш интелектуалец, треба весник да читаш секој ден, да не плукаш по улица, и да не пцуеш по луѓе наоколу. Исто треба многу културен да бидеш.
Тоа ти е лајт верзија. Повеќе тоа задира во култура одошто во интелектуалност.А ако читаш весници,незначи дека си интелектуалец,ни па образуван тип..далеку од тоа.Може некој чита само спорт,или секси ќоше :D
 
Тоа е зошто ти не си интелектуалец.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
За да бидеш интелектуалец, треба весник да читаш секој ден, да не плукаш по улица, и да не пцуеш по луѓе наоколу. Исто треба многу културен да бидеш.
И повеќе овошје. :P
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
После извесно време поминато во дебатирање со еден пријател, решив да отворам тема со слична содржина.
Доколку веќе постои тема слична на оваа, слободно нека биде префрлено се таму.
Темата конкретно ќе ја опфаќа интелектуалноста како појава.

Што според вас дефинира еден интелектуалец?
Со која дефиниција најпрецизно може да биде окарактеризиран некој како интелектуалец?

Дали специфични професии се "поинтелектуални" од други?

Дали интелектуалноста е дефинирана од содржината на знаењата кои ги има еден поединец и дали е поврзана со неговата интелигенција?
Сметате ли дека некои видови на знаења влијаат на интелигенцијата како манифестација, дека интелигенцијата е повеќе резултат од генетското влијание на организмот или е резултат на комбинираното влијание од nature/nurture на мозокот?

Дали интелектуалноста ја поистовестувате со интелигенцијата или сметате дека тие две појави се независни една од друга?

Кои фактори влијаат на тоа одредени луѓе да имаат афинитети кон едни работи а други луѓе кон други?
Дали тие фактори се дефинирани од личните интереси и желби кои околината ги стимулирала во нас самите, се резултат на талент односно предиспозиција или се комбинација од двете?

Ако се резултат на талент, што е талент како манифестација?
Дали талентот е нешто што може да биде измерено и објаснето?
Дали постојат генетски предиспозиции кои ги определуваат луѓето да имаат специфични афинитети и таленти?

Се надевам дека ќе има интересна дебата без препукувања и навреди :)
Прво кажи дали знаеш како се дефинира и што е „интелигенција“...
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246

Интелектуалец е некој кој навлегува длабински во проблематиката на тоа што треба да го дознае, односно не приоѓа површно и набрзинка, сака да дознае повеќе работи и приоѓа критички.

Генерално претставниците на одредени професии треба да бидат поинтелектуално настроени од други, на пример ако си доктор, од тебе се очекува да ги знаеш сите причини, сите последици и да размислуваш за квалитетот на живот на пациентот, како и на алтернативната медицина или промени во секојдневните навики, кога сакаш да му помогнеш на пациентот. Секако интелектуалноста е добредојдена во секоја професија, но има многу луѓе кои по природа не се заинтересирани да навлезат до сржта или го сметаат тоа за непотребно (за нив). Оттука, многу често докторите работат по шема, налик на таблица за множење, не замарајќи се со поновите фармацевтски решенија, со твојот квалитет на живот и со тоа да бидеш информиран.

Интелигенцијата не се поистоветува со интелектуалност, тоа е повеќе нешто што го имаш или го немаш, мада можеш и да го надградуваш, тоа е она што ти помага да ги свариш сите тие информации. Значи интелигенцијата е поише како средство, а интелектуалноста како пристап на работите.

Во врска со содржината на познавањата, никогаш не сум имала онолку колку што сакам да имам. Прво се воодушевував кога некој ќе покажеше куп познавања, но сега имам поинаков став, поаѓајќи од тоа дека кај луѓето го поштуваме она што го имаме во самите себе. Така да, многу поштувам кога кај луѓето ќе приметам емотивност и едно посензибилно сфаќање на светот, некој вид спиритуалност или нешто, иако не сум навлезена во никакви (религиски или секташки) ствари. Така да, кога оценувам луѓе, многу поише ми значи некој да покаже особен афинитет за некоја песна отколку да ми ги наведе сите фактографии за нешто.

Во однос на афинитетот, желбите и слично, од старт имаме одредени афинитети и карактер. Тоа што ни се јавуваат нови афинитети со текот на времето, тоа се должи на тоа што некој нешто ти препорачал или слично што е исто така твој интерес но ти претходно не си го открил самиот, а и не треба да бидеме стриктни и дефинирачки-настроени во само-дефинирањето и во наведувањето на нашите желби зошто сме сестрани суштества.
 
D

Daedalus

Гостин
Прво кажи дали знаеш како се дефинира и што е „интелигенција“...
Способност за решавање на комплексни проблеми во единица време.
Способност на организмот за ефективно адаптирање на околинските фактори.

Има повеќе дефиниции од кои објаснувањето на еволуцијата за тоа како се развила интелигенцијата кај приматите како алатка за преживување во околината ми е најверодостојното.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Способност за решавање на комплексни проблеми во единица време.
Способност на организмот за ефективно адаптирање на околинските фактори.

Има повеќе дефиниции од кои објаснувањето на еволуцијата за тоа како се развила интелигенцијата кај приматите како алатка за преживување во околината ми е најверодостојното.
Интелигенцијата ти е способност, не за привикнување на околинските фактори (тоа ти е еволуција), туку способност за снаоѓање со новонастанати ситуации.
Оттука произлегува и одговорот на твојата дилема околу професиите.
Една инженерска професија нормално дека бара интелигентен кадар кој секојдневно се соочува со новонастанати проблеми и ситуации кои треба да ги реши... за разлика од, на пример, професор по англиски јазик или сметководител.
 
D

Daedalus

Гостин
Интелигенцијата ти е способност, не за привикнување на околинските фактори (тоа ти е еволуција), туку способност за снаоѓање со новонастанати ситуации.
Новонастанати ситуации се околински фактори спротивно од генетските.

Интелигенцијата како појава е еволуционо настаната.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Способност за решавање на комплексни проблеми во единица време.
Па незнам дали и ова би можело да се вброи во дефиницијата за интелект, бидејќи во тој случај, шимпанзово е поголем интелектуалец и од тебе и од мене:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom