Јас сум пензионерка и често шетам со внучињата во паркчето кај нас. Морам да ги пофалам надлежните во Автокоманда за направеното паркче со клупи, зеленило и убав поглед. Секој ден кога времето го дозволува тоа се шетаме со моите две внучиња тука.
Не знам какво е вашето искуство, ама кај сестра ми на пример нема нешто слично и нема каде да се прошета.
Имам среќа што живеам во урбана населба!
Многу убав поглед,на еден коњаник и на шлепери,
Таму ли ги шеташ децата, на кој воздух,на која трева,
на кој пекол во летните месеци и т.н.
Да си ја кажеме вистината,паркот е стварно убав за приквечерни прошетки,за баби и внуци,и претпладневни.
Но ај преку ден стапни на тоа плочките летно време ако смееш.Тоа е затоа можеби што е паркот млад-нов а кога ќе пораснат дрвјата ќе биде другачије и подобро.
Но има и уште подобро,10000000000000000 пати подобро.
Ете ви ја прекрасната шума на Гази Баба на сто чекори.
Но има ли таму некој. И јас ги шетам внуците и таму и ваму.
Но Гази Баба е незаменлива но празна,цело лето и зиме.
До душа ќе видиш почесто млади како играат фудбал.
Но на извонредните трим патеки нема да сретнеш никого.Или ќе се изначекаш за да видиш некој.Има на две места ладна „Мавровска“ вода,две чешми кој везден течат.
Има пристап од сите четири страни.Има на повеќе места куќички со маси и столчиња.А клупи на секое патче. Има и тревната површина во големи парцели.Има и разни птици и прекрасни песни се слушаат цел ден.Сенки колку сакаш.
Рај и за очите и за телото и за вашето и на внуците здравјето.Се што ќе понесете за нив-сендвичи,има да го лапнат,после толку трчање на тој чист кислород. А кога ќе ги вратите дома,мири сте бидеиќи и тие ќе бидат мирни.
Ама вие не одите таму бидеиќи нема таму да ве види комшиката,а и таа не оди поради истите причини.
Појдете утре да се уверите во овие мој тврдења.
--------------------
Ајде Кајганаџии,на еден ФУДБАЛ на игралиштата во Гази Баба, и на неколку гајби ладно пивце,,,,,,од под чешма...
Значи доста собиранки,покрај автопати и раскрсници како што е паркот во Автокоманда,и во задимени тесни кафичи.
Ајмо друштво и младо и старо у планине- Гази Баба е наша.