Селективност на полот пред раѓање

Член од
28 март 2006
Мислења
17.714
Поени од реакции
12.135
Ако ги слушате овие на тв за наталитет, ви требат поќе женски деца. Тие раѓаат и праат наталитет, а не машките.
Абе што е битно што е, битно здраво право и да го воспиташ човечки. Многу луѓе ја немаат таа среќа да имаат деца или имаат па...
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.011
Поени од реакции
1.129
Знам фамилија каде се 5 или 6 деца... и сите се женски :)
Се заинатил изгледа типот, машко ќе биде и точка! Ама пуста среќа не дава, женско па женско... и така до кај 6-тото и му се смачило изгледа да произведува.
Јас па лично знам човек што имаше три ќерки од кои најмладата е мислам 1986 година и сега типот долго време си останал на тие три ќерки , и одеднаш тие 3 ќерки израснуваат стануваат полнолетни завршуваат образование и наоѓаат работа , кога типот како гром од ведро небо добива уште едно дете и пак женско :) Па не ми е јасен типот ако толку сакал машко дете што чекал претходните 3 деца да пораснат и да биде голема разлика во години помеѓу 3 први деца и ова најмалото 20-тина години разлика , плус да не зборувам што типот на 50 години станува татко по 4 пат . Кога толку сакал машко дете требало да го прави брзо после раѓањето на трите деца , кога бил млад , сепак тоа четврто дете треба нели да се издржува и школува . Типот е земјоделец и сакал да има син наследник на имотот кој ќе продолжи да ја работи земјата и имотот а сега со женско е поинаку ( без навреда спрема женскиот пол но тоа е реалноста кога се работи за земјоделство ) .
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
ме брецна, ти вратив 50-50
Не знам како мислиш дека ми врати, се имам помирено со фактот дека ми се допаѓаат мажи одамна.

И не знам ни зошто треба да го сфатам тоа како навреда, зошто е реалноста. Исто како што ти не треба да мислиш дека те навредив и да сфатиш дека реалноста е дека не си од кралско семејство и такви муабети како проширување на лозата ( :pos: ) се идиотски причини.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Не знам како мислиш дека ми врати, се имам помирено со фактот дека ми се допаѓаат мажи одамна.

И не знам ни зошто треба да го сфатам тоа како навреда, зошто е реалноста. Исто како што ти не треба да мислиш дека те навредив и да сфатиш дека реалноста е дека не си од кралско семејство и такви муабети како проширување на лозата ( :pos: ) се идиотски причини.
Кој рече дека сум од кралско семејство ама за разлика од тебе можам да ја продолжам лозата, не од здравствени причини дека ти не си способен или ја сум способен туку, поради тоа што ти си обратен.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Кои глупости еј. Прво живо и здраво нека се роди без компликации и некои здравствени проблеми па после што сака нека е. Кога веќе би бирал би сакал женско да е. Инаку тоа со презимето и ја мислев еј мора да е машко да наследи презиме. Сега од оваа временска дистанца се смеам сам на себе какво глупо мислење сум имал, веројатно порано мислев нешто сина крив имам.:icon_mrgr:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Речиси сите мажи пекаат за син, додека не им се роди ќерка, па да видите што е емотивна врска. :icon_lol:

Нејсе. Тешка будалаштина е да селектираш живо суштество уште неродено или откако ќе се роди. Разбирам човек да сака прво машко за да може да ја чува евентуално помалата сестра, ама кој ти е гаранција па дека ќе имаш девојче.

Презиме да чувате? Лесно се решава тоа, име моминско презиме уште едно презиме и готово. Само не е до презимето, комплекс е.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Бог да чува, па сте размислиле ли реално дека тоа што ВИЕ ќе имате син кој ќе ја „продолжи“ лозата со презимето, тоа не гарантира дека вашиот син ќе син, или тој ваш внук ќе има син. Многу ја тупите главата за глупости.
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Отсекогаш сум била против селективност на полот пред раѓање и се чудев како некој може да дава предност на еден од половите (најчесто машкиот пол е фаворизиран) кога е дете во прашање.Всушност, пострашно е лицемерието кај луѓето што прво велат дека најважно е детето да се роди здраво, а најдлабоко во нив сакаат син.Нема ништо лошо во тоа да имаш желба да ти се роди машко или женско дете, само многу се претерува со тоа прво па машко што за мене е тотална глупост.Каде е тука љубовта кон детето која треба несебично да се дарува без разлика на полот?Дали тие што очајно сакаат син а нема да добијат се до толку „разочарани“ што упорно продолжуваат во својата намера и помалку ги сакаат нивните женски деца или воопшто не ги сакаат!?Порано дознав еден ваков муабет и тоа кажан од жена.Станува збор за жена со родени 3 ќерки, која го рекла следново: „Да знам дека ќе родам син, ќе родам уште едно дете.“Навистина не знам до каде им оди паметот на некои луѓе.А сега како што е редот, и јас да се изјаснам по ова прашање.:) Доколку некогаш имам дете, не ми е важно дали ќе биде машко или женско само знам дека ќе го сакам безусловно и ќе се трудам од него да направам личност која ќе знае да ги почитува луѓето, да не ги дискриминира по која било основа и да се труди да го живее животот по своја волја, без притоа да загрозува и да се меша во нечиј друг.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.291
Поени од реакции
15.508
Презиме да чувате? Лесно се решава тоа, име моминско презиме уште едно презиме и готово. Само не е до презимето, комплекс е.
Ова е за мене глупост. Ако се женски, нека се живи и здрави и нека си го земат на мажот презимето. Али сакам и мојата да го земе моето презиме. Тоа е, 2-3-4 презимиња се глупост па какво и да е оправдувањето. Ако го снема презимето, нека биде, делата остануваат, не презимињата.

п.с. И јас сакам машко, не ради презимето, ради тоа што женското никогаш нема да игра фудбал :pos:
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
п.с. И јас сакам машко, не ради презимето, ради тоа што женското никогаш нема да игра фудбал :pos:
Од кај знаеш дека нема да игра? Може ќе ти се посреќи тебе па ќе имаш ќерка фудбалерка.:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom