Цел си радосен дека си се вработил, ти даваат цел дека треба да најдеш 2-3 клиента за одредено време, работиш на процент, фиксна плата имаш за аутобус и сусамка. Баба/вујна/стрина, за атер ти се први клиенти, добиваш некоја ситна пара и си на седмо небо.
После кога ќе пресушат роднини и блиски пријатели, треба да наоѓаш клиенти што не праат бизнис за атер, тука заглавуваш дека не си обучен и не знаеш точно кај тераш, и по некое време те летаат.
Нормално, баба ти и стрина ти на нив им остануваат како клиенти, а тебе ““за услугите’’ те платиле со кусурот што го зеле од нив.
Барем јас знам за вакви искуства, ако во меѓувреме нешто се сменило, може ова да станало и професија.