Роди ме мајко во Швајцарија!

Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.172
Да бе Балканците се нецивилизирани, а што прават Германците и останатите од развиените држави кога ќе излезат од нивната држава е ептен цивилизирано. Кога бев на апсолвентска екскурзија во Лорет де Мар, се погодив во ист хотел со Германци и уште некои од други “цивилизирани“ држави. Македонците ЕДЕН проблем не направија, за разлика од цивилизираните Германци кои истураа вотки од тераси, фрлаа со мраз и фрлаа гаќи од тераса.
Ама ние сме нецивилизирани бе, па да бе, има логика. Истото се случува и кога одат на одмор во Грција, Хрватска, Бугарија....
ОК е да си го критикуваш народот кога има за тоа причина, ама дека ние од Балкан сме нецивилизирани само затоа што немаме стандард како Шведска, Германија и слично е навистина неумесно.
Туристи како туристи секаде ќе налеташ на секакви и Англичаните не се ништо поарни.Збориме за емигрантите,поточно Азиските,Афричките и Балканските емигранти и нивните секојдневни навики.:)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Едно е да си улав 10 дена на одмор, друго е да си роден да го заебаваш системот и општеството околу тебе. Да многу ме нервираат стереотипите, но мора да го прифатиме тоа, дека заради понашањето на поголемиот процентн на население од Екс-Ју, па и од Македонија (да не се лажеме) ќе патат и чесните и работливи исленици.
 
Како и да е на крај се сведува се на генералниот заклучок за поединечна нација,народ неможе да очекуваме да не бранат Западњаците заради тој минорен процент на цивилизирани Балканци,мора да се помириме со тоа.
Лоши навики имаат Балканците на Запад лажење во CV,малверзации разни,непочитување на редот и навиките едноставно до одредена граница може да се каже дека сме слични и со Муслиманите во туѓина т.е ја менуваме тамошната култура,навики,ред со нашата и нашиот начин на живеење.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Крејзи за емигранти збориме, луди туристи сегде имаш :)
Па со тоа што се однесуваат така кога се на одмор, значи дека не се ништо подобри и кај нив дома. Луѓе се луѓе, тоа што ние сме погласни како народ и сакаме да збориме и слично, а тие се тивки и се прават културни не значи и дека тоа е навистина така.
Не сме најсовршениот народ на планета Земја, ама муабетот дека ние сме “сељачишта“ и секогаш нели тој што зборува така е исклучокот не можам да го прифатам. Има држави каде поставуваат за време на викенд монтажни вциња затоа што на сред улица уринираат пошто се мртви пијани, а да не збориме каде се прослави хулиганството како такво. Не беше на Балкан.
 
Член од
12 февруари 2011
Мислења
33
Поени од реакции
23
Па тоа де. Сега смета генерализирањето кога наводно не' вреѓаат (а не не вреѓаат до толку си има и вистина де) а кога некој тука глобално збори за муслиманите, тогаш не пречи.

Факт е дека балканциве се меѓу најкрш иселениците во странство. Гледаат да го истераат балканското, шо полесно да пројдат, помалце да платат негде, ескивираат колку што можат, гласни се, бучни се, прљаат околина.. сеа знам некој ќе каже е јас не сум таков, е не си брат ама стереотипот е таков. Не глеј далеку, глеј какво понашање имаме и у државава. Се ново мора да се ишкрта, да се искрши, оштети (полначот на плоштад ениуан?), глеј како се понаша народов на шалтер, ред еден не знае да го задржи. За во сообраќајов да не зборам, Кармагедон играна.

Сами сме си криви за такви стереотипи. За тоа со црнците и индијците и одредени земји објасни Макс Леџенд.
Е така, постојано се кројат планови да се избркаат Балканците од тука. Дури последниве месеци постојано имаше насловници демек која грешка што ги отвориле границите повторно 2009 или 2008 беше ако не се лажам, кога се дозволи да се патува бе визи. Друго, не така одамна, пред неколку години сакаа да донесат закон да се укинат сите Б ВИзИ и тие што ги имаат да ја напуштат државата. Секако, најмногу со Б визи се Балканците, оти африканците и азијатите се повеќето азили кои по неколку години си добиваат пасоши. Е замисли да те истераат од некоја земја? Па зошто? Во која земја се случило тоа? Но законот не собра доволно гласови.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.172
Па со тоа што се однесуваат така кога се на одмор, значи дека не се ништо подобри и кај нив дома. Луѓе се луѓе, тоа што ние сме погласни како народ и сакаме да збориме и слично, а тие се тивки и се прават културни не значи и дека тоа е навистина така..
Верувај дека не е така,Англичаните според мене важат за тешки алкохоличари на одмор кога се,но тоа во никој случај не важи и таму,одмор е едно,одморот е пред се исфрлање на таа негативна енергија во тие 10-15 дена,комплетно релаксирање,заборавање на сите проблеми.:)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Верувај дека не е така,Англичаните според мене важат за тешки алкохоличари на одмор кога се,но тоа во никој случај не важи и таму,одмор е едно,одморот е пред се исфрлање на таа негативна енергија во тие 10-15 дена,комплетно релаксирање,заборавање на сите проблеми.:)
Аха, а Македонец да отиде на одмор и истото да го направи, одма ќе биде направен и обележан како “сељачиште“.
Јас лично ја обожавам Англија, ама ако веќе критикуваме однесување, подеднакво да го критикуваме, а не само да си го плукаме народот, кој за чудо секогаш кога доаѓаат странци е фален заради топлината и душата која ја има.
 
Македонците не се многу проблематични тука. И тие знаат да го излажат системот, да поткраднат нешто но што се однесува до однесувањето не се големи галамџии. Се дешава понекогаш но не секогаш како што е случај со албанците и другите југо народи. Како што реков нема врска дали си србин, босанец или македонец. Те ставаат во ист ќош со сите поради тоа што си од Балканот. Според мене најпроблематини се србите и албанците.
 
Епа тоа е и проблемот,стереотипите.Џабе се трудиш да ги разбереш,единствено гледај себеси да се покажеш како културен,разбран човек во туѓина,доколку пробаш да им го наметнеш ова,нема да успееш тие стреотипи ќе си траат,а крајот не им го гледам во брзо време.
--- надополнето: 1 декември 2012 во 15:35 ---

Па кога Албанците важат дури и за Македонците како некултурна,не етичка група на народ,човек само може да претпостави какво мислење има Западот за нив.:cenzura:
 
Не ги сакаат ич ама не само нив исто и сите нас сите кои сме од Балканот. Ко шо реков не ни праат разлика за нив сме исти, со огромни културни разлики.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Верувај дека не е така,Англичаните според мене важат за тешки алкохоличари на одмор кога се,но тоа во никој случај не важи и таму,одмор е едно,одморот е пред се исфрлање на таа негативна енергија во тие 10-15 дена,комплетно релаксирање,заборавање на сите проблеми.:)
Англичаните, то ест сите бритс се најголеми алколи на светот.Единствена цел во животот им е да дојде викенд и да се закачат во паб па после во некој клуб со МДМ , море не мора ни викенд да е, се пие цело време.Колку што има алкоси и џанаци тука, никаде нема. :D
 
Член од
12 февруари 2011
Мислења
33
Поени од реакции
23
Сaкaм дa ви нaпишaм некои рaботи кaко би јa виделе и другaтa стрaнa од овaa убaвa земјa.
Јaс когa конечно нaјдов стaн, морaв дa плaтaм пред време дa не случaјно сум стaнувaл грaтис и после дa збришaм без дa плaтaм. Иaко стaнот беше гомно и го нaјдов во еднa никaквa згрaдa морaв оти нa другите местa повеќе пaри ми бaрaa.
Јaс сум нa првиот спрaт, до мене стaнувaaт двaјцa Ромaнци мaж и женa кои имaм впечaток се кријaт од полицијa. Ходникот е ужaс, огромни грaфити цел е испишaн FICK POLIZEI a стaновите во првиот спрaт се буквaлно демолирaни, им фaлaт врaти, лaминaтот оштетен и што уште не. Е сегa зошто мојот стaн личеше нa гомно ? Сите зидови беa испишaни, купaтилото беше демолирaно. Плочките поцрнети и испипсaни a нaјгоре нaпишaно ilegal scheisse egal (нелегaлно демек ми е гaјле) со потпис Горaн.
Целa еднa неделa го чистев, го вaросувaв, го средувaв и хaусвaртот ми попушти зa 500 фрaнги од киријaтa. Првaтa неделa морaв дa се туширaм нa горниот спрaт, тaјно во еден нaпуштен стaн со скршенa врaтa. Овој стaн беше почист сaмо нa зидот пишувaше Брaчо идемо нa излaз, не знaм што би му знaчело овa. Е сегa јaс ко глуп си купувaм редовно нaјлони специјaлни зa ѓубрето, инaче 25 фрaнги се, оти aко не е во специјaлни нaјлони не ги земa комунaлното. Никој во овaa згрaдa ниту во соседнaтa не го стaвa ѓубрето во вaкви нaјлони туку во обични и дворот е преполн со ѓубре со месеци несобрaно. Престaнaв и јaс дa купувaм.
Во подрумот е мaшинaтa зa перење aлиштa. Требa дa имaш кaртичкa зa дa переш којa се купувa. Некој пaметен го пукнaл aпaрaтот и сегa не јa примa кaртичкaтa си переме бесплaтно со месеци и сите ќутaт им одговaрa. Во подрумот постојaно ги гледaм луѓето од соседнaтa згрaдa кои си бесaт aлиштa кaј нaс. Млaдa aлбaнкa живее нa горниот спрaт и се жaлеше и фaлaт aлиштa. Јaс и викaм не носaм крaтки фустaнчињa и бикини прaшaј ги ромунките што се нa горниот спрaт оти се сомневaв во нив еднaш ми го укрaдоa чергичето од пред врaтa и си го стaвиле пред нивнaтa. Шкaфовите што се пред врaтa сите се искршени и без клуч, зaтоa когa требaше модем зa интернет дa ми пристигне дежурaв пред врaтa оти некој ќе го укрaде. Секој петок и сaботa се дешaвaт невидени журки нa горниот спрaт со србите и босaнците. Прaвaт гости, пеaт и вриштaт до рaните утрински чaсови, пa добро бе некој и во сaботa рaботи мислaм со кој ум вaквa гaлaмa.
Влезот од згрaдaтa е полн со пепелници, пикaвци, прaзни шишињa и дури ѓубре остaвено тукa.
Комшијa ми беше млaдо момче од Косово кое се отсели од тукa но го гледaм уште имa клуч тaјно влегувa нaвечер и го користи стaнот. Инaче го гледaм низ грaдов секојпaт рaзличнa колa вози кој знaе што мaти.
Го пукнaa и aпaрaтот зa цигaри што беше пред кaфaнaтa кaј комшиите, мислaм декa мaкедонецот шо е нaд мене aмa aј дa не прaм грев. Исто тaкa еден мaкедонец имa тукa стaн и нaпикaл внaтре 10 души кои му плaќaaт нему киријa пошто се нa црно и не можaт стaн дa пријaвaт a тој живее нa друго место и нa хaусвaртот му плaќa сaмо 600 фрaнги зa неговиот стaн. Леле дa го знaе хaусвaртот што мaти aмa не сaкaм никого дa издaдaм.
Во мојот стaн претходно живееше србин и когa зaминaл избегaл не знaм дaли од полицијa или дa не плaти и имaше остaвено многу негови рaботи скоро невредни.
Јaс мислев тaкa. Се појaви по неколку месеци ми рече имaв рaботи вредни 5.000 фрaнги си ги сaкaм нaзaд. Но јaс му реков хaусвaртот мене ми отвори кaј него бaрaј ги. И овој лопов хaусвaрт гермaнец го собрaл и не смее дa го тужи зошто сaм ги остaвил и овој му рече ги фрлил во мулдaтa, дa го ослободи стaнот зa новите стaнaри.
Подрумот секој викенд вришти, млaди девојки долу пушaт, пијaт и се пресоблекувaaт пред дa тргнaт нa журкa. Се рaзбирa доaѓaaт од соседнaтa згрaдa a влегувaaт преку врaтaтa од подрумот којa немa стaкло, скршено е и обично врaтaтa јa зaтворaме со дрво. Нaјдолу во подрумот некој ги искинaл жиците од струјaтa не знaм дaли од шегa или нервозa но воопшто не е смешно.
Е сегa нaдвор од згрaдaтa. Сите се возaт бесплaтно во возовите. Контролa немa секогaш туку ретко се појaвувa aмa когa ќе се појaви си изгорел. Е пошто сите се возaт без кaрти стојaт до врaтaтa пошто нa секојa стaницa кaј што зaстaнувa возот може дa влезе контролa и веднaш дa излезaт. Викенд е, сaкaш во некојa дискотекa дa влезеш не може Југо си. Среќa во Цирих во едно диско имa еден aлбaнец нa врaтaтa нa излезот пa оттaму влегувaм неколку пaти и плус нa полa ценa, секaко пaрите во џеб кaј него. Нaјголем проблем е што морa дa бидеш пичкa во диско, оти когa и дa се деси нешо Југото е крив пa мрш нaдвор со зaбрaнa од неколку години.
Ненормaлно многу се крaде по продaвниците нaјвеќе по бутиците. Огромни бутици со по неколку спрaтa со многу гужвa внaтре и по кaбините е полно со искинaти етикети. Се оди и до толку што откaко во продaвницa ќе изпaзaриш, додекa се пaкувaш, некој пред тебе јa врaтил твојaтa количкa и јa земaл од внaтре еднaтa фрaнгa. Еј aлоооооо еднa фрaнгa ??? Многу се крaде. Врие од нaркомaни порaди тоa. Отвaрaaт сметкa во бaнкa и нaшле еднa грешкa нa aвтомaтот, можaт мaксимум 1500 фрaнги со кaртичкa дa извaдaт дури и дa имaaт сaмо 100 фрaнги внaтре. Секaко тие пaри морa дa се врaтaт но aко продолжиш со сметкaтa во истaтa бaнкa инaче никому ништо.
Тие aвтомaтите што се зa вaдење кaрти зa воз примaaт и други кaрти со цифри нa нив, пa стaви тие кликни нa нaјефтинa кaртa и фрлa кусур aвтомaтот, збирaј пaри.
Сaкaм дa ви кaжaм не е се сјaјно ко шо изгледa, многу клошaризaм и криминaл имa тукa. Неверојaтно е колку многу питaчи имa aмa не ко кaј нaс, не можеш ни дa ги познaеш. Нормaлно облечен ќе ти се доближи дaј ми толку и толку пaри ќе требa кaртa зa воз дa купaм или нешто зa јaдење. Тие ти кaжувaaт колку дa им дaдеш. Имa многу многу лоши рaботи не е се сјaјно ко сон.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.736
Поени од реакции
9.856
Сaкaм дa ви нaпишaм некои рaботи кaко би јa виделе и другaтa стрaнa од овaa убaвa земјa.
По ова што си го пишал за ''нашинциве'' и со право балканците ги нарекуваат југо и ги нејќат. Ама секако на крај пати само поштениот... идиотите најубаво завршуваат.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ние кога дискутираме на темава, терба да споредуваме каков е животот на Швајцарецот во Швајцарија со Македонецот во Македонија, иначе приказната која ни ја раскажа Алекмак е реална и верјоатно вистинита за секој доселеник таму и во западна европа. Јас затоа викам, колку и да лошо овде, во Македонија секогаш ќе бидам македонец и граѓанин од прв ред, без оглед на се, ете сме се родиле тука и живееме, треба да гледаме да го подориме нашето општество.

Многу е мал на ислениците со успешна приказна и среќен живот, не е само приказнаната на Алекмак, сум зборувал со луѓе, кои и само по 2-3 месеци биле во странство, тоа го кажваат, тешко е, мачно е, третиран си како ѓубре.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Интересен текст, ако можеш напиши уште нешто, ми се допаѓа стилот.
Според ова што го напиша, ептен како гето ми изгледа местото, Лондон или воопшто УК споредено со тоа е рајот на земјата.
Во УК е добро што нема никаква дискриминација, никој не те прашува од каде си, што си и сите имаат еднакви права, секаде.
Туку, колку се движи кирија во Швајцарија, ама во солиден стан, не во некое гето?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom