Предлог за мал бизнис?

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Бабино плетиво на интернет(y)

Исто ко примерот со http://www.myoma.de/
ангажираш 20- баби им даваш нарачки и они плетат- за возврат добиваат 30% од цената

на линкот погоре видете ги само цените на производите- па така баба за шал добива 30 евра , за капа 15 евра,,,,,,а некои плетат од задоволство- колку да се најдат во работа и да не се чувствуваат некорисни и заборавени
Verena- вработила 25 баби- а на листа чекаат уште 250 ;)
--е ова е веќе идеа и тоа не само со плетење..... :) која е таа Верена??? Инаку пред мнооогу години во Србија една дизајнерка направи ПОПАРА по Европа со плетачки од некое село таму( села??) кои плетеа нејзини дизајни од чиста волна......
 
A

AnFem

Гостин
Така. Дискриминирај кутри души за мала пара. Многу чесно и поштено!
 
М

Мартин`

Организирај ги ти ете и давај им го целиот износ од заработката, ќе ти бидат благодарни сигурен сум во тоа :)
 
Во план сум. Ќе работиме сите заедно и еднакво ќе ги делиме парите. Не сум јас гад да градам кариера на нечиј труд.
 
Алал да ти е ако стварно го направиш ова :)

Иако не се согласувам ова за кариера на нечиј труд, има голема разлика од тоа само да плетеш и да добиеш чисти пари до тоа да се грижиш за сите работи што требаат како тоа да набавиш материјал, да истражиш што им се допаѓа, што највеќе купуваат, па транспорт до купувачот, па како ќе оди наплатата на порачките итн. Не е исто некој 3 саати во денот да работи а некој по 10 и исто да зимаат мада ти си знаеш.
 
Дали ти ќе ја имаш честа да ги заработиш тие пари со ангажирање околу продажбата, ако нема кој да ти го оствари материјалите кои ќе ги продаваш? Секој труд треба да се цени. Ти можеби ќе бидеш умствено напрегнат, ама на тие луѓе ќе им истечат очите за да ти ги сплетат материјалите. Особено е крајно нехумано да го правиш тоа на стари и изнемоштени лица.
 
Баш хумано е тоа што обезбедуваш работа со тоа и пари на луѓе кои никој друг не сака да ги вработи поради годините а има уште потенцијал за работа од нив, и пак тука доаѓа тоа дека они сами ја прифаќаат работата не ги присилуваш ти па да биде нешто нехумано. И да, секогаш повеќе се ценело и ќе се цени манаџерски способности, ум и идеја наспроти физичката работа во случајов плетењето на шалови, капи, елеци итн.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338

Koga mislis da pocnes so biznisot jas sum zainteresiran za kapi salovi i rakavici
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во план сум. Ќе работиме сите заедно и еднакво ќе ги делиме парите. Не сум јас гад да градам кариера на нечиј труд.
Не отварај приватно во животов ќе ти пропадне бизнисот, ќе треба вработените да те финансиираат после :)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дали ти ќе ја имаш честа да ги заработиш тие пари со ангажирање околу продажбата, ако нема кој да ти го оствари материјалите кои ќе ги продаваш? Секој труд треба да се цени. Ти можеби ќе бидеш умствено напрегнат, ама на тие луѓе ќе им истечат очите за да ти ги сплетат материјалите. Особено е крајно нехумано да го правиш тоа на стари и изнемоштени лица.
хмммммм...да не кажам по многу, ама по малку секако...наивно. Супер би било да им помагаш на 100 плетачки/плетачи кои би заработувале по 1.000 евра месечно. Биди сигурна дека од се срце ќе ти даваат по 300 од своето тешко заработено само за да им обезбедуваш редовна работа, модели и нарачки.., па организираш дотур на материјали, назад транспорт до пазарот, реализираш наплата...итн.итн. Тоа ти е за тебе 30.000 евра. , најчесно заработени...т.е. алал пари :)
Ова 1000 евра само како пондер.., земи било која бројка која мислиш дека е посоодветна....
 
A

AnFem

Гостин
Баш хумано е тоа што обезбедуваш работа со тоа и пари на луѓе кои никој друг не сака да ги вработи поради годините а има уште потенцијал за работа од нив, и пак тука доаѓа тоа дека они сами ја прифаќаат работата не ги присилуваш ти па да биде нешто нехумано. И да, секогаш повеќе се ценело и ќе се цени манаџерски способности, ум и идеја наспроти физичката работа во случајов плетењето на шалови, капи, елеци итн.
Хумано е, ама не е хумано да се збогатиш на нивни грб, како што секогаш испаѓа. Само ја прифаќаат играта затоа што немаат некој голем избор.

Кај мене трудот е труд, без разлика каков е, јас еднакво го ценам.

Колку и да ви звучи наивно, јас овака гледам на ова: Јас имам менаџерски способности, ти знаеш да плетеш. Прво и основно, пред да договорам било каков бизнис со тебе, јас ќе те проценам како личност. Ако си ок, ќе ти помогнам. Дури и ако треба јас да финансирам за да започнеме со работа (ова не го зборувам од памет, веќе ми се случило). Ќе работиме тимски, ќе ги подмириме трошоците и на крај ќе го поделиме еднакво она што останало. Јас нема да гледам на ова како мој бизнис, туку како наш, заеднички.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850

Многу идеализираш! Убаво е да се прочита вакво нешто, дури и ми се допаѓа. Ама знаеш што ќе направи од тебе конкуренцијата која за час ќе ти задиши во вратот!? Нема да бидеш свесен, те свесна (претпоставувам женско си - Fam) колку бргу ќе ја добиеш конкуренцијата! Ќе те изеде за доручек таа.... или во полош случај ќе те направи иста како нив и ќе заборавиш на твојава идеологија док си реко ‘‘пиклсла‘‘.... ќе ја смениш тогаш перцепцијата за 180* и ќе размислуваш во стилот: ‘‘ма кој им е... матер, доволно им е што јас ги хранам‘‘... Знаеш колку сум се изнагледал досега поборници за социо-капитализам.... дузина! Такви беа, за фер Капитализам...се додека г‘зот не им седна во џип! Сите тие ете баш така почнаа со правење ‘‘наш бизнис‘‘ партнерство, заеднички демек е, не е само мој!.. ќе делиме, секогаш, стрпете се малку! Денес истите тие, во состојба се да грабнат шише млеко од доенче....
Не ме сваќај погрешно, ти можеби и нема таква да станеш! Можеби и ќе опстоиш со своите принципи... дури ти реков дека ми се допаѓа како идеја, дури има и понекој пример на филантроп работодавец како оној во Србија кој делел станови за вработените, ги праќал на годишни одмори... и тн! Но вејк уп.... Во кој свет живееме!? Колку такви случаи има!? Два или три?
 
...не се работи за филантропија.., кога ќе се одземат трошоците и давачките останува ЗАРАБОТЕНОТО. Тоа го направиле РАБОТНИЦИТЕ, секој според своите капацитети и во таа група ТОЧНО ( неважно што зборат у кафана) СИТЕ ЗНААТ кој колку вреди и кого прифаќаат во тимот...
Е сеа, настапуваш ти и им наплатуваш по 30-40 % од секого од неговото,.... затоа што им организираш и обезбедуваш...едноставно да ја наречеме логистика:...од капитал, па до работен кров над глава, загреан у зима...нивно е да го сработат она што е договорено:) Дали е тоа експлоатација????
 
A

AnFem

Гостин
Многу идеализираш! Убаво е да се прочита вакво нешто, дури и ми се допаѓа. Ама знаеш што ќе направи од тебе конкуренцијата која за час ќе ти задиши во вратот!? Нема да бидеш свесен, те свесна (претпоставувам женско си - Fam) колку бргу ќе ја добиеш конкуренцијата! Ќе те изеде за доручек таа.... или во полош случај ќе те направи иста како нив и ќе заборавиш на твојава идеологија док си реко ‘‘пиклсла‘‘.... ќе ја смениш тогаш перцепцијата за 180* и ќе размислуваш во стилот: ‘‘ма кој им е... матер, доволно им е што јас ги хранам‘‘... Знаеш колку сум се изнагледал досега поборници за социо-капитализам.... дузина! Такви беа, за фер Капитализам...се додека г‘зот не им седна во џип! Сите тие ете баш така почнаа со правење ‘‘наш бизнис‘‘ партнерство, заеднички демек е, не е само мој!.. ќе делиме, секогаш, стрпете се малку! Денес истите тие, во состојба се да грабнат шише млеко од доенче....
Не ме сваќај погрешно, ти можеби и нема таква да станеш! Можеби и ќе опстоиш со своите принципи... дури ти реков дека ми се допаѓа како идеја, дури има и понекој пример на филантроп работодавец како оној во Србија кој делел станови за вработените, ги праќал на годишни одмори... и тн! Но вејк уп.... Во кој свет живееме!? Колку такви случаи има!? Два или три?
Прво, да ти се заблагодарам за финиот пристап. Реткост е.
Имав прилика да имам царство. Никогаш не ја искористив, т.е. не дозволив да ја искористам колку и да сум чувствувала потреба понекогаш, колку и да ми било преку глава од некои работи. Ова што викаш за конкуренцијава, можеби ќе беше во право ако не се работеше за случај каде некој сака да работи нешто што го влече и да нема газда над глава. Значи јас немам цел да остварам којзнае колкав прфит и да се збогатам. Јасно ми е во каков свет живееме. Затоа решив да почнам да дискутирам на темава, да покажам дека има поинакво размислување и друга опција и да изнесам дел од мојата приватност на форум. Немам ни малку намера да разубедувам или да примам совети за тоа колку сум наивна. Ова е мое мислење и ќе си остане како такво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom