- Член од
- 24 август 2011
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 807
Пред скоро 2 години ми беше ограбена викендичката и беше направена штета од нешто повеќе од 5000 евра. Јас во тоа време бев во странство но моите роднини уредно повикале полиција и наводно бил направен увид и записник.
Населбата е мала и виновникот меѓу народот се знаеше но секако, полицијата не може да постапува без докази. Сепак човек ќе помисли дека е прашање на денови или само недели пред да се добие некој доказ. Арно ама помина повеќе од година и немаше резултати, и покрај очигледните докази насекаде низ населбата. Тука почнува сомнителното.
Пробав да се обратам во полиција и да побарам копија од увидот или записникот, било каков документ мање-више. Ми рекоа дека такво нешто немаат кај нив и дека требало на суд да се обратам. Мене од суд сепак не ми дошла покана за да отидам како оштетен. Имам неколку сведоци кои точно знаат каде се украдените предмети. Го пријавив и ова во истата станица, но немаше резултат. Крадецот е веќе познат на полицијата за претходни слични дела и веќе има активни кривични пријави, но сеуште е на слобода. Многу луѓе велат дека има врски во таа станица и дека некој го штити, што искрено според ова што го гледам не е баш невозможно и неверојатно. Доколку некој навистина го штити, тогаш нема корист да се обраќам веќе во таа станица.
Моето прашање е:
Доколку навистина некој го штити, каде да се обратам за да го пријавам тоа? Сето ова е премногу сомнително, докази има на сите страни и украдените предмети се буквално во моето маало но никој не превзема ништо. Дали има некој орган кој би можел да направи истрага на повисоко ниво?
Благодарам