Кражба пред 2 години, се знае виновникот - нема казна. Што сега?

Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Пред скоро 2 години ми беше ограбена викендичката и беше направена штета од нешто повеќе од 5000 евра. Јас во тоа време бев во странство но моите роднини уредно повикале полиција и наводно бил направен увид и записник.

Населбата е мала и виновникот меѓу народот се знаеше но секако, полицијата не може да постапува без докази. Сепак човек ќе помисли дека е прашање на денови или само недели пред да се добие некој доказ. Арно ама помина повеќе од година и немаше резултати, и покрај очигледните докази насекаде низ населбата. Тука почнува сомнителното.

Пробав да се обратам во полиција и да побарам копија од увидот или записникот, било каков документ мање-више. Ми рекоа дека такво нешто немаат кај нив и дека требало на суд да се обратам. Мене од суд сепак не ми дошла покана за да отидам како оштетен. Имам неколку сведоци кои точно знаат каде се украдените предмети. Го пријавив и ова во истата станица, но немаше резултат. Крадецот е веќе познат на полицијата за претходни слични дела и веќе има активни кривични пријави, но сеуште е на слобода. Многу луѓе велат дека има врски во таа станица и дека некој го штити, што искрено според ова што го гледам не е баш невозможно и неверојатно. Доколку некој навистина го штити, тогаш нема корист да се обраќам веќе во таа станица.

Моето прашање е:
Доколку навистина некој го штити, каде да се обратам за да го пријавам тоа? Сето ова е премногу сомнително, докази има на сите страни и украдените предмети се буквално во моето маало но никој не превзема ништо. Дали има некој орган кој би можел да направи истрага на повисоко ниво?

Благодарам
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јавна тајна е дека инспектори полициски имаат луѓе што крадат за нив па сега ти види :icon_lol:....
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Јавна тајна е дека инспектори полициски имаат луѓе што крадат за нив па сега ти види :icon_lol:....
Кристално ми е јасно ова, не сум правен во г'з. Прашањето беше ШТО СЕГА?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кристално ми е јасно ова, не сум правен во г'з. Прашањето беше ШТО СЕГА?
Ништо нема да оставаш вредни работи во викендичката повеќе :icon_lol:.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.507
Поени од реакции
22.144
Кристално ми е јасно ова, не сум правен во г'з. Прашањето беше ШТО СЕГА?
Земи ја правдата во твој раце. Ја сум против тоа ама ако нема друг избор што да се прави? Државата не е правна и не ги штити својте граѓани. Тоа е.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Земи ја правдата во твој раце. Ја сум против тоа ама ако нема друг избор што да се прави? Државата не е правна и не ги штити својте граѓани. Тоа е.
Крадецот веќе го доби тоа што го бараше од мене што значи дека на лична база со него расчистив. Поентата ми е сега да видам кој го штител цело време во полициската станица па и со тоа да се исчисти.

За таа цел пак ќе го поставам прашањето, бидејќи како што гледам не сум бил добро разбран.

Дали има некој орган кој би можел да направи истрага на повисоко ниво?
Нешто како специјален огранок на МВР, некаква канцеларија за комуникација со граѓаните во врска со внатрешна контрола и слично.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073

ПОРТПАРОЛ НА СВР - СКОПЈЕ

Лиза Бендевска
контакт телефон: 072 228 662

ПОРТПАРОЛ НА СВР - БИТОЛА

Ѓоко Стрезовски
Контакт телефон : 047 218 375
Моб : 070 254 841
е-маил : Gjoko_Strezovski@moi.gov.mk

ПОРТПАРОЛ НА СВР - ТЕТОВО

Марјан Јосифоски
контакт телефон: 044 334 200
моб: 071 325 207
е-маил: Marjan_Јosifoski@moi.gov.mk

ПОРТПАРОЛ НА СВР - ВЕЛЕС

Анита Стојковска
контакт: 043 217 120
моб: 070 234 992
е-маил: Anita_Stojkovska@moi.gov.mk

ПОРТПАРОЛ НА СВР - ШТИП

Снежана Санева
контакт: 032 226 015
моб: 070 323 952
е-маил: Snezana_Saneva@moi.gov.mk

ПОРТПАРОЛ НА СВР - ОХРИД

Стефан Димоски
контакт: 046 262 010
моб: 071 388 412
е-маил: Stefan_Dimoski@moi.gov.mk

ПОРТПАРОЛ НА СВР - КУМАНОВО

Валентина Николовска
контакт: 031 414 222 лок. 5212
моб: 070 274 164
е-маил: Valentina_Nikolovska@moi.gov.mk

ПОРТПАРОЛ НА СВР - СТРУМИЦА

Хризантема Рендевска
контакт: 034 345 033
моб: 070 364 941
е-маил: Hrizantema_Rendevska@moi.gov.mk
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Крадецот веќе го доби тоа што го бараше од мене што значи дека на лична база со него расчистив. Поентата ми е сега да видам кој го штител цело време во полициската станица па и со тоа да се исчисти.

За таа цел пак ќе го поставам прашањето, бидејќи како што гледам не сум бил добро разбран.

Дали има некој орган кој би можел да направи истрага на повисоко ниво?
Нешто како специјален огранок на МВР, некаква канцеларија за комуникација со граѓаните во врска со внатрешна контрола и слично.

Пробај со Внатрешната контрола на Полицијата
Пробај со Јавниот обвинител.... или на крај краева земи некој Адвокат кој ке ти ги води работите, секако неможеш сам да се застапуваш.

Сепак прво нешто кое би ти препорачал е да го пријавиш главниот инспектор кој е одговорен за твојот случај во Внатрешната контрола на МВР (зборавив како точно се вика)
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.826
Поени од реакции
4.532
има внатрешна контрола на мвр, има бесплатен телефон каде се јавуваш и пријавуваш корупција, даваш исказ и докази и по некое време можеби ќе следи спектакуларна акција на тв
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
That's more like it. Јас мислев дека граѓаните немаат пристап до внатрешна контрола.
Инаку на телефоните не им верувам веќе, никој денес не те сфаќа сериозно преку телефон. Ќе им се тупнам директно во МВР и ќе барам да разговарам со некој паша таму.
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
има внатрешна контрола на мвр, има бесплатен телефон каде се јавуваш и пријавуваш корупција, даваш исказ и докази и по некое време можеби ќе следи спектакуларна акција на тв
Операција "Викендица" :D
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Сега гледај зачекај го негде у темница, ако си ептен сигурен и знаеш кој е крадецот.
Друго ништо, украденото никогаш нема да ти го вратат.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Повеќе портпароли отколку цајкани на должност во помала станица.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Вратено му е веќе. Благодарение на мене, беа разоткриени сите негови кражби и во моментов има 12 кривични за разни дела, повеќето тешки кражби но и производство и дистрибуција на наркотици. Само, не гледам причина зошто да застане тука работата. Лесно е да тргнеш еден крадец. Треба да се искорени целиот проблем, да се тргнат полицајците кои ги штитат крадците оти вака ќе се појават други што ќе ја продолжат неговата работа, а мојот имот не можам да го преместам на друго место па затоа најдобра опција е да направам се што можам за да не се случи ова повторно.

Еден џандар веќе беше отпуштен лани од таа станица поради корупција, но како што е адетот, никогаш не е само еден вмешан во вакви зделки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom