Омнивор, веган или вегетеријан?

Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Еве еден поучен текст, пастиран е од интернет, мегутоа мислам дека е корисно да се знае.

ВЕГЕТАРИЈАНСКА И ВЕГАНСКА ИСХРАНА ЗА ТРУДНИЦИ И ДЕЦА
Здрава исхрана врз база на растенија е совршено решение за овој клучен период во животот
Трудниците, доилките, децата и младите имаат корист од вегетаријанската прехрана. Сите тие се многу чувствителни на опасностите кои можат да настанат под влијание на разни режими на исхрана - затоа е сосема логично да се избегнуваат маснотиите, лековите, хормоните, пестицидите и други облици на месни и млечни производи.

Трудници
Жените вегани се генерално поздрави од своите врснички кои конзумираат месни и млечни производи. Со самото тоа тие се на вистинскиот пат до полесна и помалку проблематична бременост.
Истражувањето на 1 700 случаи на бременост на "ФАРМА" - голема веганска заедница во Тенеси, покажало дека мајките вегани имаат висока стапка на сигурна бременост која ги воодушевила докторите. Само една од 100 жени се породила со царски рез, а во време траење од 20 години забележан е само еден случај на преклампсија (состојба на хипертензија, ретенција на течностите, уринарна загуба на протеините и добивање прекумерна тежина) која се случува во најмалку 2% бремености во САД. И други истражувања покажале слични резултати.

Посебни потреби за време на бременост
Сите бремени жени треба да конзумираат поголемо количество на протеини. Ги наоѓаме во многубројни растителни продукти како што се тофу, темпех, грашок, јаткастите производи, како и соиното, пшеничното (сејтан) или растително месо како што се веге бургери, колбаси од соја. Таа храна нема холестерол, ниту маснотии кои се наоѓаат во производите од животинско потекло.
За внес на калциум бремените жени треба да јадат големи количества зеленолиснет зеленчук, како што се на пример брокула и кељ. Уште една причина за избегнување на кравјото млеко е таа дека протеините од млекото можат да преминат низ плацентата и дури можат да дојдат до мајчиното млеко, што поттикнува производство на антитела кои водат кон шеќерна болест.
Останата растителна храна богата со калциум вклучува соино млеко, смокви, семки од сусам, тахини и овошни сокови збогатени со калциум.
Идните мајки исто така требаат да конзумираат повеќе железо, фолна киселина и витамини, вклучувајќи ги витамините D и B12 , кои се наоѓаат во избалансираната веганска прехрана и во вообичаените витамински додатоци за време на бременост.

ДЕЦА ВЕГЕТАРИЈАНЦИ и ВЕГАНИ
Никогаш не е прерано за здрави прехрамбени навики. Според истражувањето на "The New England Journal of Medicine", најмалку 60% од децата и младите луѓе патат од рани заболувања на крвотокот.
Комплетната растителна храна, направена за силни и здрави тела, одличен е почеток во животот.
Во седмото издание на светски познатата книга "Нега на новороденчињата и децата ", најценетиот американски педијатар, др. Benjamin Spock за децата препорачува веганска прехрана. "Сега знаеме дека постојат и штетни последици од месната исхрана" кажува Spock."Неверојатно е колку помалку заболуваат деца кои се израснати на растителна прехрана, отколку на месо. Тие имаат помалку проблеми со тежината, дијабетесот, високиот крвен притисок и некои облици на рак...Јас повеќе не ги препорачувам млечните производи.."

Некогаш кравјото млеко се сметало за многу пожелно, но денес сепак голем број на нутриционисти и лекари го сменија своето мислење".
Голем број деца се алергични на млечните протеини и другите состојки на кравјето млеко. Симптомите кои притоа се јавуваат се често пати припишувани на настинка или колики, а всушност често пати укажуваат на нетолеранција на лактоза. Педијатрите често откриваат дека млечните производи, во детската исхрана, се еден од причинителите за хронични заболувања на увото.
Конзумирањето на млеко воедно e забележано i како причинител за асма и интестинално крварење и се сомнева дека поттикнува дијабетис кај децата, кој пак причинува слепило и други озбилни последици. Телата на некои деца одбиваат млечни протеини, реагираат како на непозната материја и произведуваат голем број антитела за одбрана од тој "натрапник". За жал, тие антитела воедно ги уништуваат станиците кои произведуваат инсулин во панкреасот, што води до дијабетис.
Децата можат да го добијат сиот потребен внес на калциум по пат на зеленчук како што се брокулите, кељ, грав, грашок, сушените смокви, пченкарниот леб, тофу, соиното млеко и сокот од портокал - без ризик од понатамошно развивање на опасни здравствени проблеми кои би можеле да остават последици.

СТРУЧНИ СОВЕТИ
Сите протеини и други намирници потребни за раст и здравје на можат да се добијат во растителните намирници и затоа не грижете се поради изјавите на добронамерните роднини и неинформираните лекари. Напишани се исклучителни книги од стана на доктори и родители како добри примери за ова штотуку го кажувавме.

"Добро испланирана веганска изхрана за сите клучни периоди во животот, вклучувајќи го периодот на бременост и лактација, ја задоволува исхраната на младите, децата, адолесцентите и поттикнува нормален развој"
Став за веганството - Американска диететска асоцијација
Користена литература:.Dr. Attwood's Low-Fat Prescription for Kids, Charles Attwood, доктор по медицина (Penguin Books, 1996)
. Dr. Spock's Baby and Child Care
(седмо издание), Benjamin Spock, доктор по медицина и Steven J. Parker, доктор по медицина (Pocket Books, 1998)
. Pregnancy, Children, and the Vegan Diet
, Michael Klaper, доктор по медицина (Gentle World, Inc., 1987)
. Vegetarian Baby
, Sharon Yntema (McBooks Press, 1991)
. Vegetarian Children
, Sharon Yntema (McBooks Press, 1995)
ПРАШАЈТЕ ЕКСПЕРТ:

- Дали децата требаат да пијат млеко за да бидат здрави??

-Луѓето се единствените живи битија кои пијат млеко од други живи битија. Потполно е неприродно да дете пие млеко од крава, како што е неприродно да куче пие млеко од жирафа! Децата немаат никаква прехрамбена потреба за конзумирање на кравјото млеко и ќе бидат сосема здрави и без него. Кравјето млеко (како и останатите производи направени од него) соддржат страни, говедски протеини кои предизвикуваат чести алергии, непознати хидрокарбонатни пестициди и други хемиски состојки, како и маснотии опасни по здравјето. Клиничките истражувања укажуваат дека кравјото млеко предизвикува многу здравствени проблеми (настинки, алергии, инфекции на увото, бронхитис, асма и др) поради кои често пати посетуваме лекари, наместо да одиме на работа или во училиште. Поради тоа родителите би требале со драга волја да им даваат на децата хранливи, вкусни алтернативи кои не содржат млеко.
Michael Klaper, доктор по медицина, нутриционистички експерт и автор на книгата "Бременост, деца и веганска исхрана " (Pregnancy, Children, and the Vegan Diet)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
шо е па ова битно
Битно е, пиши кој го држеше предавањето.
Ако ставиш месо 6 саата на 40 степени е како да си направил Петриев сад, диско за бактерии, можеш слободно и да си намачкаш малце мувла од вц-то ако имаш и да плукнеш одозгора и да си направиш совршен ручек. Глупост е тоа што ти го кажале.
 
С

Само Човек

Гостин

е така точно, а знаеш зошто го сакаат бактерите,м затоа што е живо и хранливо за разлика од тоа кога ќе го ставиш на 220 45 минути. Бактериите сакаат хрнливо нешто. Во тоа е целата поента. Незнам да ти кажам име стварно јас друштво и правев на една другарка
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Кој го држеше предавањето?
Некоја Лејла Кажинич од Србија,мислам тоа не беше предавање туку како да кажам значи за сите нутриционисти кои завршиле нутриционизам но по старата програма кои мора да одат на предавања за некои нови откритија кои ги немало во старата програма а ги има во новата.
--- надополнето: 1 април 2012 во 17:50 ---

Ама јас не реков дека тоа таа го кажала,напротив реков дека неможе да се пече на 40 степени...и таа кажа за сојата а не за месото да не дојде до конфузија!
 
Ок си е, јас коментирав за она што го напиша The LP boy.

е така точно, а знаеш зошто го сакаат бактерите,м затоа што е живо и хранливо за разлика од тоа кога ќе го ставиш на 220 45 минути. Бактериите сакаат хрнливо нешто. Во тоа е целата поента. Незнам да ти кажам име стварно јас друштво и правев на една другарка

:facepalm: Ел-пи бој, бактериите исто така сакаат и фекални материи и обожаваат пот, дали тоа значи дека и тие се хранливи? Мммммммм испотени мишки... Многу ти се измешани работиве, среди си ги малце пред да продолжиш.
 
С

Само Човек

Гостин
Ок си е, јас коментирав за она што го напиша The LP boy.

:facepalm: Ел-пи бој, бактериите исто така сакаат и фекални материи и обожаваат пот, дали тоа значи дека и тие се хранливи? Мммммммм испотени мишки... Многу ти се измешани работиве, среди си ги малце пред да продолжиш.
незнам која ти е целта стварно,прашања безвезе поставуваш, пишуваш глупави аргументи и ако те навредат трчаш ко бебе кај модераторот да опоменува, да банира. Дај порасни девојко(n)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
незнам која ти е целта стварно,прашања безвезе поставуваш, пишуваш глупави аргументи и ако те навредат трчаш ко бебе кај модераторот да опоменува, да банира. Дај порасни девојко(n)
Види, не е без врска прашање да побарам референци од тоа кој дал така бесмислена изјава дека се губат хранливите материи на месото ако месото термички се обработи.
За глупавоста на аргументите нема да коментирам.
Извини, од сега ќе ставам sarcasm sign и ќе нагласувам кога се реторички прашањата, очигледно не успеваш да го сфатиш тоа. :love:
Да, кога на форум се пишуваат оф-топик мислења и лични навреди, за тоа служи модераторот.
Кога не знаеш како да одговориш, мудро молчиш, не преминуваш на caps lock и неповрзани одговори.
Фалачаопријатно.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Гравот е добар извор на протеини, кој може да го замени месото, без опасност од бактерии
Гравот содржи антиоксиданси, поголем број на протеини од месото, есенцијални аминокиселини - фолна киселина, јаглеродни хидрати - скроб, белковини, висока енергетска вредност (100 грама грав содржи 143 kcal).
Гравот е евтин зеленчук што лесно се приготвува.
Антиоксидансите се борат со слободните радикали во организмот, од тие причини гравот влегува во категоријата зеленчуци што штитат од канцер. Гравот го намалува растењето и ширењето на туморот, а одлично се покажал и во борбата против рак на дебелото црево и простатата.
Гравот го намалува количеството на холестерол во крвта.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Брат,колку често јадеш соја шницли??? немој често те молам,содржат хормон од типот на естроген.Во големи количини и често конзумирање,можеш да се феминизираш,ќе го спречи лачењето на тестостерон! за жените е дозволено и дури и треба,зашо пуштаат гради и деколтето им се обликува и повеќе стануваат феминизирани.Не го знаев тоа се до пред 2 месеци,кога случајно бев на едно предавање заедно со мајка ми...Јас јадам али 2-3 месечно...
Грешка си сојата содржи фитоестрогени и флавионоли.Немаат никаква лоша улога кај мажот баш спротивно,мојата сексуалност е зголемена со вежбање и со тестостеронот.
http://en.wikipedia.org/wiki/Phytoestrogens
Протеинската молекула ја градат хемиските елементи:
јаглерод,водород,кислород иазот, а кај некои сулфур или фосфор.Шо значи и во воздух иммаме протеини
Проптеини се молекули се хетерополимери кои под дејство на ензими се разложуваат до мономери, наречени амино киселини.Значи немаш ензими во храната над 40 степени. Е сега логички нема ензими->нема амино киселини.Значи не хранлив протеин имаме или мртов.
--- надополнето: 1 април 2012 во 16:59 ---
Значи месото е пребогато со протеини, но доколку е живо а не на 220 у рерна без воздух
Хаха ова е најглупото нешто што досега сум го читал...
Дете научи малце лекција за протеини,аминокиселини и ќе збориме.

Males

A 2010 meta-analysis of fifteen placebo-controlled studies said that "neither soy foods nor isoflavone supplements alter measures of bioavailable testosterone concentrations in men."[28]Furthermore, Isoflavones supplementation has no effect on sperm concentration, count or motility, and show no changes in testicular or ejaculate volume.[29][30]
--- надополнето: 1 април 2012 во 18:11 ---
Гравот е добар извор на протеини, кој може да го замени месото, без опасност од бактерии
Гравот содржи антиоксиданси, поголем број на протеини од месото, есенцијални аминокиселини - фолна киселина, јаглеродни хидрати - скроб, белковини, висока енергетска вредност (100 грама грав содржи 143 kcal).
Гравот е евтин зеленчук што лесно се приготвува.
Антиоксидансите се борат со слободните радикали во организмот, од тие причини гравот влегува во категоријата зеленчуци што штитат од канцер. Гравот го намалува растењето и ширењето на туморот, а одлично се покажал и во борбата против рак на дебелото црево и простатата.
Гравот го намалува количеството на холестерол во крвта.
Гравот има повеќе протеини да,но колку од тие се искористуваат 50 проценти.Другите 50 проценти ги мочаш.
 
Кхм...гравот е скроб,а скробот е јаглехдират и грав сув оној што го јадеме содржи дупло од тоа што го имаш напишано калории.Содржи протеини но 2 пати помалку одошто содржи јаглехидрати.И да,холестеролот го намалува.
--- надополнето: 1 април 2012 во 18:14 ---
Грешка си сојата содржи фитоестрогени и флавионоли.Немаат никаква лоша улога кај мажот баш спротивно,мојата сексуалност е зголемена со вежбање и со тестостеронот.
http://en.wikipedia.org/wiki/Phytoestrogens
Хаха ова е најглупото нешто што досега сум го читал...
Дете научи малце лекција за протеини,аминокиселини и ќе збориме.

Males

A 2010 meta-analysis of fifteen placebo-controlled studies said that "neither soy foods nor isoflavone supplements alter measures of bioavailable testosterone concentrations in men."[28]Furthermore, Isoflavones supplementation has no effect on sperm concentration, count or motility, and show no changes in testicular or ejaculate volume.[29][30]
--- надополнето: 1 април 2012 во 18:11 ---

Гравот има повеќе протеини да,но колку од тие се искористуваат 50 проценти.Другите 50 проценти ги мочаш.
Ааа тоа незнам,ти нутриционист си?? можда ги содржи и тие,но јасно и гласно рекоја дека содржи таков некаков хормон! ете и Луциа потврди и она од кај го знаела тоа?? не го кажувам само јас...(посебно з асоиното млеко)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Кхм...гравот е скроб,а скробот е јаглехдират и грав сув оној што го јадеме содржи дупло од тоа што го имаш напишано калории.Содржи протеини но 2 пати помалку одошто содржи јаглехидрати.И да,холестеролот го намалува.
--- надополнето: 1 април 2012 во 18:14 ---

Ааа тоа незнам,ти нутриционист си?? можда ги содржи и тие,но јасно и гласно рекоја дека содржи таков некаков хормон! ете и Луциа потврди и она од кај го знаела тоа?? не го кажувам само јас...(посебно з асоиното млеко)
Не само знам многу за здрава исхрана.Како мислиш дека станав за една година истиот,али без да изгубам мускулна маса :)
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Не само знам многу за здрава исхрана.Како мислиш дека станав за една година истиот,али без да изгубам мускулна маса :)
Па валјда не си јадел само соја!
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Гравот има повеќе протеини да,но колку од тие се искористуваат 50 проценти.Другите 50 проценти ги мочаш.
Од месото задржуваш некаде околу 90%, но задржуваш и многу голем дел чисти отрови.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Од месото задржуваш некаде околу 90%, но задржуваш и многу голем дел чисти отрови.
Точно.Затоа ние практикуваме чисто кокошкино месо од домашна храна хранети со трева и такви работи на село кај баба ми и дедо ми тие одгледуваат исто и јајца колку толку се намалаат штетните супстанци.Недај боже мајка ми да купи јајца од тие кафеавите или да купи конзервирано месо од продавница.Се на приватно набавуваме
 
Kajgana Shop

На врв Bottom