Моите ги прелажаа за тоа тајм-шерот на Травел Хаус (како ли се вика сеа), ама барем за Тенерифе и за уште пар места добија бесплатни недели. Бар тие се аир.
Тенерифе е остров кој секој човек треба да го разгледа, пошто таму има СВЕ! Мислам, без заебанции, има све!
Има пустина, има тропски дел, има планински пољани што личат ко континентални, има факинг вулкан од !!!3700m!!!, со патека до врв околу која повремено има марсовски пејсажи, има карпетини едни на западниот дел од островот - гаќи да ти се стресат, кањон еден има страотен, има (полу)монденски плажи, сахара-плажи, катран плажи, тоа е шпанија, па све е по цицки, има океан, има и океан-ама-ко-у-море-да-си (со напраени насипи на пар километри од брегот кои не се гледаат, ама сопираат океански бранови), има катаљон базени и едно ремек-дело од комплекс базени (Лаго Мартианез, ваљда) со солена вода на 5-6000 м2 тераса над тоа океанот у Порто Круз, мислам. Има безброј сместувачки капацитети по целиот остров, неколку стари градови со интересно за разгледување. Има историја за раскажување и ептен ефтин рент-а-кар. Техничката роба, цигарите и алкохолот се поефтини од кај нас. Храната е поскупа. Сепак, поефтина од било кој туристички центар во Европа. Има супер острови у близина.
Тенерифе работи 365 дена у годината, пошто има температурен опсег од некои 10 степени - дење-ноќе и просечно годишно. Просечна годишна температура мислам дека му е 23-4 степени. Тенерифе е вечна доцна пролет на северната страна (све е расцветано, нон-стоп) и вечно океанско лето на јужната (барутана со ветар од Теиде или од Атлантик). Скоро сите туристи доаѓаат и си одат у аранжмани од по една или две недели и сите го добиваат истиот третман - all year long. На тенерифе е секој ден недела. Работна, додуше, за туристичката индустрија и придружните (што е мање-више све на островот). Значи, еве, сабота, ама работна.
Има луѓе од сите возрасти, врие од енглези и шпанци. Црнци продаваат по улици тоа што не можеш да го најдеш у продавница. Све е чисто и уредно, неверојатно спокојно и раат. Власти како да не постојат, ама исто па и конфликти. Има доволно избор за журка. Ги има сите можни летни курташаци - параглајдери, падобрани, банани, скутери, подморници, крстарици, одбојки, голфој, ако ти текнало они го праат више 2-30 години, пошто најверојатно они го измислиле.
Има пар зоолошки градини кои се фас-ци-нант-ни! Лоро-парк и Џангл парк и има пар водени паркови кајшто г'зот нема да знаеш каде попрво да го пуштиш. Овие се малку скупи. Поише скупи, ама бар за цел ден си се решил.
Јас стигнав до таму од Софија со Виз-еар до Мадрид за 35EUR (еден правец) и од Мадрид до Тенерифе со Рајан-еар за 39EUR. Вкупно, натака-навака, 74*2=148EUR. Летото пред ова. Сега може и од Скопје се врзува летот.