Србинка пронашла 200 илјади евра и му ги вратила на сопственикот

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Откако во еден кафе бар пронашла чанта полна со пари, Марина Морачанин од Крушевац, му ги вратила на сопственикот.

Дваесет и осумгодишната Марина Морачанин, која како потстанар живее со сопругот и 7-годишната ќерка, во кафе бар пронашна чанта со 200.000 евра и 5.000 српски динари. Без да размислува, парите му ги вратила на сопственикот на чантата.

“Мислам дека тоа е обврска и воспитување и дека секој би го сторил истото“, рекла Марина.

Импресиониран од нејзината чесност, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најавил дека Марина ќе биде вработена во српското МВР.

“Во изгубен и неурамнотежен систем на вредности, овој гест за некого би бил опишан како и лудост или пропуштена прилика, но ова е навистина голем гест и јас сакам нашите млади генерации да учат од вакви примери. Мислам дека на Марина местото и’ е во нашето министерто“, рекол Дачиќ.

Заедно со градоначалникот на Крушевац Драган Јовановиќ, Дачиќ на Марина и’ врачил симболичен подарок, уметничка слика и полициска капа.

g_marina-moracanin1.jpg


http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=94881&kategorija=5
 
Уффффф :eek: мислев останала само со фала и ништо повеќе, арно ја вработиле на подобро место. (y)
 
Јас колку што разбрав , оваа женскава како подарок добила само 10 евра од тој кљошарот шо си ги загубил парите..
 
Јас колку што разбрав , оваа женскава како подарок добила само 10 евра од тој кљошарот шо си ги загубил парите..
10 евра?
Многу и дал бе друже, ја да сум ич не и даам. Ненормална жена, нека и се случеше истово па ќе видеше дали ќе и го вратат -.-
 
Зошто бе се на вакви личности им се случува да најдат голема сума на пари да ја вратат и ништо да не добијат ... нека ми се случи мене ова да најдам па ќе видат дали ќе ги вратам , а сега за утреха ајде ќе ја вработиме а не е свесна дека со тие пари можела цел живот ништо да не работи ...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Битно нејзе и е чиста совеста...
а вие шо мислите дека е глупава... треба да се преиспитате малце
Точно......има некои работи кои се поважни од парите
 
Убав потег што ги вратила парите, уште поубав што како награда Српското МВР ја вработило кај нив. Сепак не се сите луѓе исти, повеќето на нејзино место би си отишле на летување на некои од егзотичните острови. Ретко вакви хумани луѓе. Но како што читам погоре во постовите, сопственикот на парите само 10 евра и дал на девојката. Некои и не заслужуваат да им ги вратиш парите значи. Не ценат ништо. Можел да остане со упаљачот во џеб само. Срамота е бе, со толку многу пари, а кај и ги вратил па уште одозгора 10 евра да и даде како награда на најдените пари. :confused:
 
Јас колку што разбрав , оваа женскава како подарок добила само 10 евра од тој кљошарот шо си ги загубил парите..

Да само 1000 динари и дале, ненормална работа што да кажам друго :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom