Дали е потребно фирма за македонска веб страна?

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ај ваљда ке дојде ејсид на темава и ке ни каже конкретно за порталот кајгана мора или немора теба или нетреба...
 
Член од
9 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
3

Ќе го чекаме :)
Инаку интересна тема да го расчистиме ова веќе еднаш :)
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Фирма треба само да имаш за да купиш домен, ама и тоа се решава преку посредник.. Инаку ако имаш приходи според мене мора да се има фирма, и да се плаќа данок, ама ај да видиме други што ќе кажат :). Во секој случај кај нас може да помине и без.. :D
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804

Ова (мислам) дека важи само за .mk домен
 
Член од
9 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
3
Ова (мислам) дека важи само за .mk домен
Не мисли него ТАКА Е!
За да регистрирате .мк домен во МарНет мора да имате пред тоа регистрирано фирма.
Или пак да купиш од Македонски Веб Хостинг Провајдер...
Трето нема :D
 
W

WildChild

Гостин
Не треба.
--- надополнето: Aug 26, 2011 11:50 PM ---
А тоа дали ќе прифатат поголемите компании за реклама(ако немаш фирма), не знам
--- надополнето: Aug 26, 2011 11:51 PM ---

а .com.mk, net.mk, org.mk...?
Исто?
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Не треба.
--- надополнето: Aug 26, 2011 11:50 PM ---
А тоа дали ќе прифатат поголемите компании за реклама(ако немаш фирма), не знам
--- надополнето: Aug 26, 2011 11:51 PM ---

а .com.mk, net.mk, org.mk...?
Исто?
Исто е... Се што завршува на .мк :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Пологично е дека мора фирма да напраиш, сепак данок мора да платиш.. А слушнав и од еден другар дека неможеш да отвориш фирма доколку си студент, иако не ми е логично, али има вистина у тоа ? и колку пари и време треба да се отвори фирма ?
Не мораш ако сакаш ситни рекламери. Ако мислиш да привлечеш било каква голема компанија, мора. Нема голема компанија што би ти уплатила пари на приватна сметка ако тоа не е плата или на тоа не ја примора некој суд.:) Секое плаќање мора да оди на жиро-сметка. Ако си редовен студент не можеш да отвориш фирма затоа што стануваш вработен и автоматски со тоа го губиш статусот на редовен студент, стануваш вонреден. Формално правно за да отвориш фирма се потребни не повеќе од 600 денари за такси и не повеќе од 24 часа. Едноставно аплицираш електронски и одиш во Централен само со уплатници. Толку е.:)
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615

демек после тоа немаш даноци маноци и глупости додатни за плаќање? Шом си пријавил ко фирма, ќе те третираат ко таква. Не те оставаат на тоа само.
 
Член од
9 август 2011
Мислења
57
Поени од реакции
3
дали мислеш да му бидеш некој вид на конкуренција на Acid?
НЕ!
Чисто ме интересира и гледам почесто е прашувано ова прашање па никако не одговорено...
Па редно е веќе да си добие свој одговор ;)
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Бог да чува, како бе требесете глупости за нешто што немате појма? Жално е кога ве чита некој што се разбира. Јас кога нешто незнам обично си ќутам...

Како прво и основно, ако сакаш да имаш македонски домен, МОРА да биде регистриран на фирма, не може да биде на физичко лице!!! Меѓутоа ова се заобиколува, често доменот го регистрира хостинг компанијата на нејзино име, а ти си го користиш.

Второ, за да се рекламира фирма од калибарот на Т-Мобиле, МОРА да имаш фирма. Плаќањето се врши исклучиво на фактура и тоа е тоа. Најтешкиот дел во целата работа е да те поврзе некој со вистинскиот човек што може да среди за реклама, али кога ќе добиеш таква шанса мора како фирма да се претставиш и да потпишеш договор како фирма, не можеш како физичко лице.

И трето, фирма може да отвори секој полнолетен граѓанин (не сум сигурен за малолетници дали можат) и нема врска дали е студент или не. Фирмата може да функционира и без вработен. Фирмата може и да не биде ДДВ обврзник па со тоа нема да наплаќа 18% данок на фактурите.

Друго што ве интересира? Ако имате среќа за 2-3 дена комплет со сите процедури се завршува регистрацијата на фирма, сами да си ја регистрирате кошта околу 4000 денари ако добро се сеќавам, плус печати, плус 2-300 денари за сметка во банка.
 
Тоа ни беше потрено...
Тој одговор веќе од дамна го чекаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom