- Член од
- 13 декември 2005
- Мислења
- 134
- Поени од реакции
- 0
6 македонски камиони кои транзитирале низ Грција се уништени од страна на грчките превозници на цистерни кои протестираат на неколку автопатишта во близина на Атина.
Штетата која им е нанесена на македонските транспортери е огромна. Станува збор за скршени шофершајни, исечени гуми и скинати црева за довод на бензин.
Дел од камионите кои се движеле од правец на Турција се оштетени на самиот наплатен пункт 90 км пред Атина , на дел било фрлано со камење додека се движеле, а дел се уништени на паркинг плац.
Рано утринава камионџиите го пријавле случајот во македонската Асоцијација на транспортери, Известена е Владата и Министерството за надворешни работи.
Од МНР велат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки и ќе бараат објаснување од грчките власти.
Протестот на превозниците на цистерни е најавен од 13 ти, но сообраќајот е регулиран од страна на грчката полиција и нема застој.
http://www.org.mk/vesti/?id=453238&t=/16 makedonski kamioni unisteni od grcki demonstranti