Приходот, кој ти си го остварил, подлежи на оданочување со Персонален данок на доход заедно со следните видови приходи остварени во земјата и во странство:
1) лични примања;
2) приходи од самостојна дејност;
3) приходи од имот и имотни права;
4) приходи од авторски права и права од индустриска сопственост;
5) приходи од капитал;
6) капитални добивки;
7) добивки од игри на среќа и други наградни игри;и
8) други приходи.
Даночен период за кој се утврдува данокот на доход е календарската година.
Обврската за плаќање на данокот настанува со легнувањето на парите на твојата трансакциона сметка и ти веднаш треба да го платиш данокот на УЈП.
Износот на платените аконтации се одбива од пресметаниот годишен данок на доход, а олеснувањата се признаваат во износ во кој се одобрени при аконтативното пресметување.
Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.
Резидент во смисла на овој закон е физичко лице кое на територијата на Републиката има постојано живеалиште и престојувалиште.
Основа на данокот на доход претставува доходот за оданочување, намален за:
- личното ослободување во износ од 84.000 денари, при годишно пресметување на данокот на доход; и
- таксите и другите јавни давачки платени од приходите на обврзникот.
Даночни стапки
Данокот на доход се плаќа по стапка од 10% на бруто износот (приход+данок) и 11,1111% на нето износот( чистиот приход, кој ти легнува на трансакциона).
Заради
одбегнување на двојно оданочување на обврзникот му се намалува пресметаниот данок на доход за износот на платениот данок на доход во друга држава, најмногу до износот што би се добил со примена на даночните стапки од 10%.
Мислам, дека разбра што треба да направиш:
Кога ќе ти стигнат парите, веднаш уплакаш 11,1111% на уплатна сметка на УЈП, која можеш да ја провериш тук:
http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki, со назнака ПДД од игри на среќа. Ако остваруваш други лични примања-плата, надоместоци и сл. даночното ослободување, веќе ти е вкалкулирано во давачките по платата. Ако не- можеш да го минусираш од исплатата и на остатокот да пресметаш ПДД. Ако приходот е остварен во 2010 г., до 15.03.2011 г. си должен приходот да го декларираш со даночна пријава ПДД-ГДП до УЈП.
Ова е законскиот ред, а ти ако сакаш и не го плаќај, али може ќе се најде некој добронамерен граѓанин, да те пријави кај инспекторите, па да видиш како летат казни по 5000 евра...не дај боже.