B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
ФЕНОМЕН ОСУМ БЕБИЊА
Лекарот-„оплодувач“ под истрага
Американското друштво на лекари ќе го испитува лекарот што го водел вештачкото оплодување на мајката која минатиот месец роди осум деца. Друштвото на лекари ќе испитува дали нивниот колега се придржувал до пропишаните упатства. Имено, Американското друштво за репродуктивна медицина потврдило дека истрагата е поведена зашто 33-годишната мајка Надја Сулеман изјавила дека сите оплодувања ин витро, од кои добила 14 деца, ги извршила во клиниката во Беверли Хилс.
Сулеман за Ен-Би-Си изјавила дека во првите шест бремености, лекарот при оплодувањето секогаш внесувал по шест ембриони, што резултирало со четири поединечни породувања и едно раѓање близнаци. Според упатствата што важат во САД, кај жена на нејзина возраст смеат да се внесат најмногу три ембриони.
Новинарите дознале дека Надја Сулеман нема речиси никакви приходи, а должи околу 50.000 долари за студентски кредити. Не е јасно како ќе го плати престојот на осморката во болница, ниту породувањето, ниту како ќе се грижи за нив. Според максималните исплати што ги дава социјалната служба, месечно ќе може да добива 2.900 долари.
„Не живеам од парите на даночните обврзници“, вели мајката на 14 деца, Надја Сулеман. „Единствено ги користам боновите за храна, но тоа е привремен извор. И нив ќе престанам да ги добивам кога ќе дипломирам за една – една и пол година“, вели Надја Сулеман.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=107FC76E5D0F9242936CE8430F622673