ај да се вратам на темата )))
Инаку самата идеја за сончевиот град не е на оваа Влада ... Минатата влада беше во директни преговори со еден германски инвеститор за оваа локација
06.06.2006 00:00
А1 дознава дека германска фирма, која веќе разговарала со Бучковски, сака да гради населба во општината Сопиште на јужната страна на Водно инвестиција вредна 120 милиони евра.
Но, целиот проект не може да се реализира зошто дел од државната земја на Водно ја користи винаријата „Сковин“ на Штерјо Наков.
Четири хектари земја уште пред десетина години Наков ја добил како земјоделско земјиште на користење на цели 30 години. Владата сега пред дилема, да го раскине или не договорот со Наков.
Според информациите на А1, најверојатно на утрешната седница ќе се разгледува ова прашање. Претставници на германската фирма барале чисти сметки за да влезат со инвестиција, не сакале да се замеруваат со локални бизнисмени. Понудиле конкретен проект.
Од општината во Сопиште потврдуваат дека проект постои. Детали не соопштуваат, но велат дека токму тие се најупорни проектот да се реализира.
Според информации на А1, Германците планираат да вложат 120 милиони евра, од кои 30 веќе биле обезбедени за изградба на инфраструктура. Планирале изградбата да заврши за четири години.
Куќи, образовни, здравствени, спортски и деловни установи, патеки до Водно. Сето тоа и било доставено како проект до Владата.
Ќе победат ли бизнис врските на Наков или Германците ќе успеат во својата лоби битка за изградба на Сан сити во Македонија?
15.06.2006 00:00
Владата одлучи да му го одземе земјиштето на „Сковин“ на јужните падини на Водно, за да може да се реализира проектот „сончев град“, дознава А1. Винаријата на Штејро Наков остана без четири хектари почва на Водно.
Ова се разгледувало на владина седница пред три дена, донесена е одлука проектот да се реализира што значи дека ќе се раскинува договорот со „Сковин“ за ова земјиште.
Од власта официјално ниту потврдуваат ниту демантираат. Но премиерот Бучковски денеска лично го најави проектот „сончев град“.
На локација од 90 хектари, во општината Сопиште, германска фирма сака да гради елитна населба. Германците планираат да вложат 120 милиони евра. Неколку пати преставници на фирмата го скенирале теренот.
Изградбата според најавите би завршила за четири години. Куќи, образовни здравствени, деловни, спортски установи, патеки до милениумскиот крст, сето тоа го содржи проектот-доставен и до владата и до општината.
Спорни беа токму тие четири хектари што ги имаше „Сковин“, земени пред десет години под концесија. Германците бараат чисти сметки
27.06.2006 00:00
Министерот за транспорт Мехази со непосредна спогодба ќе го продава земјиштето на јужните падини на Водно. Доби дозвола од владата да го реализира проектот „Сончев Град“.
Мехази на германската градежна компанија Бихард Констракшн Интернешнал ќе и продаде 90 хектари земјиште во општината Сопиште за да изградат елитна населба.
Ова е заклучокот од владината седница од пред две недели со кој се дава согласност Мехази да склучи договори за оттуѓување на градежното државно земјиште со германската компанија.
Денеска пак антикорупциската комисија го предупреди министерството за транспорт дека за време на изборната кампања не смее да го продава државниот имот, ниту по пат на јавно наддавање, ниту во непосредна спогодба.
Германците веќе имаат регистрирано и фирма во земјава, БЦИ Сопиште ДОО. Претставници на германската компанија неколкупати се сретнале со премиерот Бучковски. Барале чист терен за го реализираат својот проект.