Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
ке дочекаме ли... конечно, после многу афери и многу проневери..провладиниот вечер најавува одговорност и за МПЦ
Која е улогата на Калиа ДООЕЛ во случајот Изгрев?
Она што засега ги поврзува оваа компанија и Миладинов ДОО, е името на Димитар Белчовски. Во Калија фигурира како директор, а во заедничката фирма со Миладинови, како претставник на МПЦ
Колку компании во приватна сопственост поседува Македонската православна црква? Која е нивната улога? Се вршеле ли сомнителни трансакции преку нив? На овие прашања никој во МПЦ не сака јавно да зборува. Македонските владици официјално велат дека не знаат ништо. По Миладинов ДОО, фирма каде што Црквата е косопственик со 30 проценти, а за која МВР потврди дека најголем дел од кредитите за Изгрев биле испрани токму преку оваа фирма, Вечер откри уште една компанија во сопственост на Македонската православна црква. Поточно, на Скопската Митрополија.
Станува збор за КАЛИА ДООЕЛ. Приватна фирма, регистрирана со седиште во Македонската Архиепископија. Во централниот регистер како единствен сопственик фигурира МПЦ - преку скопската епархија. Таа е и основач и сопственик со паричен влог од 176.000 денари.
Најинтересен детаљ е името на управителот. Случајно или не, повторно тоа е финансискиот советник на Архиепископот, Димитар Белчовски. Неговото име во централниот регистар е заведено како претседател на Управниот одбор со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот трговски промет.
Компанијата е регистрирана на 5 декември 2001, како друштво за туризам, деловни услуги и хотелиерство. Извесен период, според сознанијата на Вечер, преку оваа компанија се вршени сите набавки за потребите на хотелите Изгрев и Бисер. Сепак во централниот регистер е евидентиран и промет од надворешно-трговска дејност.
Компанијата се уште има статус на активна, иако во Управата за јавни приходи, како депонент се јавува Македонска банка.
Она што засега ги поврзува оваа компанија и Миладинов ДОО, е името на Димитар Белчовски. Во Калија фигурира како директор, а во заедничката фирма со Миладинови, како претставник на МПЦ.
Каква е улогата на оваа фирма во црквата? Имало ли сомнителни трансакции? Знаел ли Архиепископот за оваа и за евентуално други фирми регистрирани во МПЦ, за низа други прашање, одговор засега нема.
Министерството за внатрешни работи, во кривичната пријава што завчера ја поднесе за Изгрев, оваа команија не ја спомена како една од оние приватни фирми на чии сметки биле прфрлани парите од кредитите. Но нема ниту информации дали КАЛИА ДООЕЛ била предмет на истрага?
ИСТРАГАТА МОРА ДА ПРОДОЛЖИ И КОН ЦРКВАТА
Истрагата за Случајот Изгрев, кој доби квалификација како еден од најголемите случаи на перење пари и измама во Македонија, мора да се прошири и на Македонската православан црква. Дел правни експерти по кривично право, тврдат дека Црквата
мора да биде предмет на истрага по најмалку два основа. Едниот е што таа е косопственик на фирмата Миладинов ДОО, преку која се вршело перењето на парите, и вториот елемент е што предмет на кредитни задолжувања бил токму имот сопственост на МПЦ.
Експертите посочуваат дека истражните органи не треба да имаат никаква толеранција во случајот иако станува збор за верска институција.
-Точно е дека верските институции се независни и во финансиите и во управувањето. Во случајот нема проневера на државни средства или пак, злоупотреба на државен имот. Но според кривичната пријава на МВР, основата на криминалот бил перењето на пари. Многу често во светот, токму верските заедници се користат како институции преку кои се вршат нелегалните трансакции. И затоа Црквата мора пред истражните органи да ја објасни нејзината улога, вели еден професор по кривично право.