Предлог за серии и кратки рецензии

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Modern Family

Modern Family e американска ситком серија која ги раскажува приказните на три семејства низ најкомичните делови од нивниот живот. Phil и Claire се дел од традиционално америкаско семејство кое се соочува со секојдневни проблеми како и секое друго семејство, заедно со нивните три деца Haley, Alex и Luke. Jay и Gloria се штотуку венчана двојка, но проблемот е што Jay е два пати постар од Gloria и често наидува на разни коментари. Тие заедно се грижат за Manny детето на Gloria од првиот барк кое делува на малку посозреано за неговите години. Cameron и Mitchell се геј двојка која штотуку посвојува бебе од Виетнам (Lilly) и се соочуваат со нов предизвик. Низ урнебесни ситуации се претставени новите промени на овие три семејства, а како овие три семејства се поврзани ќе дознаете од кога ќе го изгледате пилотот.
Мое лично мислење е дека серијава е една од најдобрите комедии што се појавиле во последнава декада. Серијата изобилува со извонреден и паметен хумор (сличен на оној во Аrrested Development) и нешто што најмногу ми се допаѓа е тоа што нема laugh track. Снимена е во mockumentary стил (како The Office) што дава можност за подобро запознавање со ликовите. Има одлична екипа oд докажани актери Julie Bowen (Ed, Boston legal), Jesse Tyler Ferguson (The Class), Ed O`Niel (Married with children) како и други нови таленти. Дури и децата се повеќе од талентирани. Серијата наиде на одлични критики, според некои прогласена за најдобра нова серија, а според некои веднаш култна поради нејзината оригиналност.
Премиерата беше гледана од 12.6 милиони американци и веднаш е обновена за втора сезона која почнува во септември 2010.
Серијата за нејзината прва сезона е номинирана за 14 Emmy награди меѓу кои и три во категоријата за најдобра машка споредна улога, две во категоријата најдобра женска споредна улога и во категоријата најдобра серија. Мodern Family е серија што дефинитивно не смее да се пропушти
Оцена: 9,5/10
Го видов твојов пост и си реков ај да ја ѕирнам серијава... После првата епизода неможев да се одвојам од ТВ, браво значи имаш зеленко од мене :)
BTW за тие што се заинтересирани има и македонски превод за околу 20 епизоди (вкупно се 24) за линк пишете ПП
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.407
Поени од реакции
6.026
Филмови што моментално ги гледам,освен Пацифик уште го немам почнато чекам да ги догледам прво другиве серии.

Спартак:Крв и песок(Spartacus:Blood and sand) - 2010

Само што заврши серијава пред некое време со прва сезона,поради тоа нема уште рејтинг на имдб.Инаку втората сезона се чека да испадне почетокот на Јануари 2011.

Инаку во серијава се работи за Тракиски војник,кој подоцна станува гладијатор за време на Римската империја во лудусот за гладијатори кој се наоѓа во градот Капуа.Серијата е главно околу главниот лик Спартак(нема врска со востанието на Спартак)и неговиот пат кон стекнување на репутација во арената со цел на крајот да добие слобода.Исто така има и други поважни настани ама нема да ги откривам.Инаку филмов ми се допаѓаше главно поради приказната,исто така има многу ефекти(малку повеќе,ама не е важен фактор) па ако имате добар плазма ТВ ќе уживате.Моја оцена 8 од 10.




Натприродно
(Supernatural) - 2005 - 2010

Серијава се емитува од 2005 до 2010 и содржи 6 сезони,незнам за наредна,на имдб има 9.0/10 рејтинг што е одлично.

Во оваа серија се работи за двајца браќа кои нивниот татко ги има научено да се борат против натприродното зло,каде тие пробуваат да го најдат затоа што тој изчезнал при една мисија.Пошто моментално ја гледам серијава незнам многу инфо ама до кај што сум стасан ми изгледа на одлична серија со добро глумење и добра приказна.Сега-засега не давам рејтинг оти ја немам догледано.





Пацифик
(The Pacific) - 2010

Прилично нова серија,има само 1 сезона пошто е мини-серија,рејтинг на имдб е 8.4/10 што ја прави исто така добра серија.

Пацифик е серија каде што е опфатена 2СВ и настаните на Пацификот помеѓу УСА и Јапонија,приказната се базира на тројца на ликови и нивните животи.Сметам дека ќе биде одлична серија според траилерот и мислењата што ги видов за неа.Серијава е од истиот креатор на Band of Brothers,па ако сте ги гледале ќе знаете дека тоа беше одлична серија па така се надевам дека ќе биде и оваа
.
Не ми е јасно како препорачуваш негледана серија :) . Ама озбилно ,како ? (Иначе јас ја изгледав цела и не е налик Band of brothers,слична тематика но далеку поинаква)
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
"Community" - вистинско освежување во комичните серии (после How i Met Your Mother). Снимена е само една сезона во 2009 (ги изгледав 25 епизоди во еден здив), годинава ќе продолжат со снимање.

Читнете малце на имдб за серијава и не чекајте повеќе, бичете тоа торентите и спуштете ја... :)

http://www.imdb.com/title/tt1439629/
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Не ми е јасно како препорачуваш негледана серија :) . Ама озбилно ,како ? (Иначе јас ја изгледав цела и не е налик Band of brothers,слична тематика но далеку поинаква)
Па гледам никој ја немаше препорачано,инаку ако не забележа пишав уште на почетокот дека ја немам гледано...
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Гарант дел од вас ја имаат гледано ама пошто тука не беше спомната мислам дека заслужува место како препорака до тие што не ја гледале.

Fringe 2008 Серијата е дело на еден од авторите на Lost и некои ја споредуваат со X files мада има многу различни работи. Моментално се излезени 2 сезони, а од септември почнува 3 та сезона. Главната приказна се води околу ФБИ агентката Оливија ( Anna Torv ) која е приморана да работи заедно со еден научник кој порано работел за Американската влада во области на натприордното и околу изуми за експиременатлни оружја за американската војска. Тука е и неговиот син кој на некој начин се грижи за него. Низ светот се случуваат необјасниви случаии и во ФБИ се формира специјална едница за истражување на овие феномени, а тројцата горе споманти се носители на тие истраги. Се спрема битка со паралелен свет, плантеа Земја скоро идентична на нашата. Некои епизоди се сами за себе но во глобала се е поврзано во една голме приказна. Се на се интерсена серија која вреди да се погледне, а особено за оние кои сакаат научна фантастика. Само не ми е јасно зошто на имдб нема оценка ????

http://www.imdb.com/title/tt1119644/

 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Californication

Интересна, хумористична, би рекла перверзна серија за писателот Хенк Муди кој у животот има легнато 1000 цури, моја претпоставка. Во кревет му се дешаваат некои случки што се немаат десено никому другому. Тој има вонбрачна ќерка за која многу се грижи, заљубен е во нејзината мајка, а и таа во него ама не сака да биде со него. Во серијава се зборува и за неговиот агент Чарли и неговата сопруга Марси, кои мене лично ми се најинтересни личности, најбаксузни.

Во една сезона има по 12тина епизоди од по 20 минути, така да ептен брзо се гледа. Моја препорака - немојте да ја гледате во присуство на родители - во секоја епизода има по некоја да не речам порнографска сцена.
Смешна е серијава, би ја споредила со It's always sunny in Philadelphia, али не може со вторава. In fact, постов го пишувам дури чекам да се спушти петтата епизода од третата сезона. Мене лично, првата и втората сезона сега за сега ми се подобри. Колку што гледам по интернетов, многу голема пауза имало дури да ја снимат третата и упропастиле некои работи. Некои ликови исчезнаа без никакво објаснување. Не дека ми недостигаат али глупаво е. Друго, ќерката на писателов во прва сезона беше рокерка, во втора сезона исто, а сега во трета од прва епизода е сосема сменета. Како дошло до таа промена ич не е објаснето. Девојчето во претходните сезони им се смееше на сите кремци, а сега и она е таква. Не велам дека е невозможно, али процесот на промена ич не е прикажан.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Не знам зошто, ама од USA Network сите серии ми се допаѓаат, Psych, Burn Notice... Покрај нив ќе ви ги препорачам овие две серии од USA Network:

White Collar http://www.imdb.com/title/tt1358522/

Крадец на уметнички слики и други скапоцени предмети (Нил) на 3 месеци од крајот на казната бега од затвор. Но ФБИ агентот (Питер) кој претходно го има фатено двапати ќе го стори тоа уште еднаш, но овој пат ќе излезе со понуда Нил да работи со него во дивизијата White Collar која се занимава со high profile грабежи, под услов да носи ankle bracelet со gprs со кој може да се движи само во радиус од 3 км во своето слободно време. Нормално приказната потоа се развива и се појавуваат интересни споредни ликови.

Royal Pains http://www.imdb.com/title/tt1319735/

Откако ќе биде отпуштен од работното место во болница во Њујорк поради бирократија, лекарот Хенк заедно со својот брат ќе се обидат да побегнат од проблемите со забавување во The Hamptons, малото градче во Њујорк во кое живеат богати личности. При забавувањето ќе дојде на тест неговата способност - спасувањето животи и притоа ќе биде забележан од богат господин кој ќе му понуди да работи како консиерж доктор во градот, што значи доктор на повик. Со здружувањето со брат му и уште една девојка специјалист ќе го создаде HankMed.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Californication

Интересна, хумористична, би рекла перверзна серија за писателот Хенк Муди кој у животот има легнато 1000 цури, моја претпоставка. Во кревет му се дешаваат некои случки што се немаат десено никому другому. Тој има вонбрачна ќерка за која многу се грижи, заљубен е во нејзината мајка, а и таа во него ама не сака да биде со него. Во серијава се зборува и за неговиот агент Чарли и неговата сопруга Марси, кои мене лично ми се најинтересни личности, најбаксузни.

Во една сезона има по 12тина епизоди од по 20 минути, така да ептен брзо се гледа. Моја препорака - немојте да ја гледате во присуство на родители - во секоја епизода има по некоја да не речам порнографска сцена.
Смешна е серијава, би ја споредила со It's always sunny in Philadelphia, али не може со вторава. In fact, постов го пишувам дури чекам да се спушти петтата епизода од третата сезона. Мене лично, првата и втората сезона сега за сега ми се подобри. Колку што гледам по интернетов, многу голема пауза имало дури да ја снимат третата и упропастиле некои работи. Некои ликови исчезнаа без никакво објаснување. Не дека ми недостигаат али глупаво е. Друго, ќерката на писателов во прва сезона беше рокерка, во втора сезона исто, а сега во трета од прва епизода е сосема сменета. Како дошло до таа промена ич не е објаснето. Девојчето во претходните сезони им се смееше на сите кремци, а сега и она е таква. Не велам дека е невозможно, али процесот на промена ич не е прикажан.
Многуууууууу добар хумор, екстремно cool ликови и пред се перфектнo оформени карактери и сценарио! одлична серија! најдобрата од овој жарн во моментов, неможам да одлучам помеѓу неа и Its Always Sunny In Philadelphia иако вторава е класична комедија а Californication има малце драма елементи. Серија со многу стил и шарм ама пред се невидено забавна! :vozbud: секоја епизода те тера да ја гледаш со огромно внимание! Хенк е ЅВЕР! :)
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
EUREKA

Научно фантастична серија со доза на хумор. Дејствието се одвива во денешно време во еден град каде што живеат најголемите мозоци на денешнината и вршат разни експерименти. Моментално се прикажува 4 сезона. Првата сезона има 12, втората 13, третата 18 епизоди со време трање од 41 мин. секоја епизода. Интересна е за тепање време (барем за мене).
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.730
Поени од реакции
6.662
Не знам дали е овде вистинско место али ај.....Дали некој има преводи за серијата The Outer limits (1995-2002)? Едно време ја даваа на Телма. Досега најдов само за прва сезона и дел за втора. За другите не успеав да најдам. Ај ако има некој или знај кај има нека кажи добива зеленко :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.965
Поени од реакции
5.560
Не знам дали е овде вистинско место али ај.....Дали некој има преводи за серијата The Outer limits (1995-2002)? Едно време ја даваа на Телма. Досега најдов само за прва сезона и дел за втора. За другите не успеав да најдам. Ај ако има некој или знај кај има нека кажи добива зеленко :)
Провери на Zamunda, мислам дека ги има сите сезони. Јас моментално имам многу серии за гледање а малце време, па кај и да е за некој месец веројатно ќе има простор и за Outer limits.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.730
Поени од реакции
6.662
Провери на Zamunda, мислам дека ги има сите сезони. Јас моментално имам многу серии за гледање а малце време, па кај и да е за некој месец веројатно ќе има простор и за Outer limits.
Серијата ја има ама преводи само за прва сезона и дел за втора,за другите нема :(
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
http://www.imdb.com/title/tt1439629/



Скоро почна и втората сезона од серијава. Една од подобрите серии во последно време, комедија што е најважно. Плус има една епизода во првата сезона што може да се рамни со најдобрите епизоди од било која друга комедија. Ќе ја откриете при крајот на првата сезона. :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
da Predlozam nekoi serii koi Vredat da se vidat
1.Big Bang Theory


2. How I met You'r Mother


3 Blue Mountain State (BMS)

:salut:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.521
Поени од реакции
33.700
da Predlozam nekoi serii koi Vredat da se vidat
1.Big Bang Theory


2. How I met You'r Mother


3 Blue Mountain State (BMS)

:salut:
Добра е big bang, исто и himym, дури и подобра е ова. Ама Blue Montain State, бљувотина, човече.
Клишеа, идиотизам, копирани сцени, етц.. Аmerican Pie у серија. ВО никој случај оваа како предлог.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom