Ајде по ред
Имаше во претходните постови ама ок...
Јапонската амбасада во Перу - 1 терорист на 5 заложници
Операција Барас, Сиера Леоне, САС, 12 герилци на 1 заложник
Операција Ентебе,ИДФ,Шаирет Маткал, 2 војници на 1 заложник
Секаде имало експлозив,секаде имало можност за ликвидација на заложниците, но односот на терористи-заложници во многу случаи бил многу полош отколку во театарот....
http://www.isayeret.com/
http://en.wikipedia.org/wiki/Operation_Entebbe
Спасување на 300 заложници оддалечени 4000 километри во туѓа земја во сред воена база на противникот,со присуство на батаљон војска која ги држи заложниците...по цена на 1 загинат израелски специјалец,4 заложници (од кои една баба која била пред тоа однесена во болница и покасно ја убиваат) и ликвидација на сите терористи плус 45 противнички војници и 11 авиони...
I rest my case...
Мислам дека споредбите не стојат од неколку причини:
Како прво противниците.
Во првиот случај кај театарот противник Чеченски терористи,најсофистицирана форма на тероризам која постои денес изведена од едни од најпрекалените борци на планатева.
Во случајот на Перу бунтовничка организација чии најголеми успеси биле пљачки на банка,убиство на полицаец и слични ,,мега,, акции.Во однос на Чеченците детска играчка.
Во случајот со Британците противници Вест САјд Бојс група која
The group was influenced to some extent by American rap and gangsta rap music, especially Tupac Shakur, and the "gangsta" culture portrayed there in
нема потреба ниту да помислам да споредам.
Случајот со Израелците е единствениот кој донекаде може да се каже дека имал искусни терористи но само 2 со оглед дека другите биле Германска левичарска група и про палестинци од Уганда.
Доаѓаме до делот со тактичката ситуација.
Во Московскиот случај 50 терористи држат заложници во центарот на огромен објект.Значи замислете една огромна градба како театарот,и во нејзиниот центар т.е салата на театарот на седишта седат 900 заложници помеѓу кои стои екпслозив спремен да се детонира како и 15-20 Црни вдовици т.е бомбаши самоубијци дотогаш безброј пати докажано дека без никаков проблем спремни да умрат.
Во случајот со амбасадата на Перу резиденцијата на амбасадорот со помалку до 80 заложници.Во моментот кога ги нападнале специјалните единици најголемиот број од терористите загинале играјќи фудбал(!!!!!) наводно со екплозив на себе(???)Дел од терористите се убиени одкако се предале.
Во случајот со раперите,Британските војници се држани во посебен објект под стража.
Во случајот со Ентебе повторно случајот кој единствено вреди да се разгледа,заложниците држани во Аердромската зграда,но со една битна разлика Терористите својата стратегија ја базираат на фактот дека се безбедни во друга држава под заштита на Армијата на Уганда која не е распоредена во зградата ами околу аеродромот.
Пак ке повторам во Москва зградата е толкава што и да немаше заложници самата зграда е идеална за одбрана.Заложниците поставени во центарот на неа при што сите се на нишан на 30 добро вооружени искусни и прекалени борци до заби вооружени истовремено и поврзани со доволно експлозив да ја урнат цела зграда.Како и да свртат и од која и страна да влезат дури да стигнат до заложниците во било кој правец им требаат десетици минути.За смртта на заложниците се потребни колку?Половина минута?
И на крајот на целата приказна една работа која е карактеристична исклучиво за театарот во Москва:
Во која од ситуациите кои ги наброја терористите почнале со егзекуција на заложниците?
Во ниту една,освен во Москва каде акцијата е почната откако Терористите убиваат 3 заложници.
И на крај
Акцијата во Перу е изведена по 4 месеци планирање и копање тунели.
Акцијата во Африка од страна на САС е изведена по 15 дена.
Акцијата во Ентебе е изведена по 8 дена.
Акцијата во Москва е изведена по 3 дена под присила на терористите кои почнале да убиваат заложници.Кој имал најмалку време за подготовки?
Без намера да го оспорувам успехот на која било од предходните заложнички ситуации посебно онаа од Ентебе,ама пак ке речам со оглед на околностите акцијата во Москва е успешна во секој поглед.Пак стојам на ставот дека да беше било која друга служба во светот немаше да има подобар исход,дури се сомневам дека некоја(освен можеби Израелците) ке се осмелеше воопшто и да влезе.
Ако веќе се има намера да се плука по нив тоа е друга работа,далеку од објективен став.
Се оградувам од било какво величење на истава единица во форма на бајки.