Очни болести

U

UnholY

Гостин
Мммм, мислам дека е повишен очен притисок...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Јас тоа го викам очобол!
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Јас тоа го викам очобол!
Веројатно оти некој шо има Глауком,го болат очите...:pos2:
А други очни болести?
Знаете некои?
Ја знам за перде,далековидост,кратковидост,шашливост(не знам како му е медицинско име) и слично...
Има некој да објасни нешто повеке за нив?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Епа луѓе баш деновиве правам проект за очни болести. Ќе пастирам нешто што би ви користело на темава:smir:
Глауком

Глаукомот е релативно честа, космополитска и тешка очна болест. Името глауком доаѓа од старогрчкиот збор глаукос што значи зелен, затоа што од зеницата на окото на болниот од глауком, се враќа зеленкаст рефлекс. Во народот и денес за глауком се употребува изразот зелена мрена, спротивно на поимот сива мрена, со која се означува катарактата.

Причини

Кога течноста во внатрешноста на окото не се одлива (дренира), задршката на течност во окото води до пораст на очниот притисок .Зголемениот очен притисок се смета за главен симптом од кој произлегуваат другите два: екскавација на дискот на очниот-оптички нерв и скотоми во видното поле.

Симптоми:

- Главоболки
- Вознемиреност, постои општа слабост проследена со брадикардија
- Многу јака болка која се шири околу окото и во слепочниците на истата страна на главата и зрачи се` до темето
- Појава на имагинативни темни кругови при гледање во извор на светлина
- Видната острина нагло опаѓа.
- Солзење од очите
- Интраокуларниот притисок е многу висок, од 8 до 10kPa (60-75 mmHg)
Во најчестата форма на глауком можо е да не постојат никакви симптоми се` додека болеста не напреднала значително кога веќе ќе се појават значителни нарушувања на видот.

Ризик фактори:

- Глауком на некој друг од семејството
- Возраст над 40 години
Меѓу луѓето постари од 40 години околу 1 – 2 % боледуваат од глауком, што значи дека од 50 луѓе кои наполниле 40 г. еден е болен од глауком.
- Генетски фактори за појава на глауком
Се` повеќе фактори укажуваат на тоа дека хроничниот глауком се наследува. Не е целосно јасно дали болеста во целина се наследува или се наследуваат другите фактори како зголемен интраокуларен притисок. Во 1997 е откриен генот кој ја предизвикува болеста. Ова откритие го открива патот за ефикасно и трајно лекување на овој вид глауком.

Терапија

Нетретиран глауком може да доведе до слепило. Терапијата на акутниот глауком е хируршка, додека третманот на хроничниот глауком е пред се` конзервативен и само ако терапијата со лекови не даде резултати или пациентот од различни причини терапијата не може да ја прима, се поминува на хируршко лекување. Порано постоеја мислења дека секој притосок над 3 kPa треба да се лечи. Но, денес се знае дека зголемен притисок без останатите симптоми за глауком, не треба да се лекува. Прифатена е доктрината дека треба да се пристапи кон лекување кога ќе се појават видливи оштетувања на главата на оптичкиот нерв, како што се прогресивна или патолошка екскавација и карактеристични дефекти на видното поле. Оваа сериозна компликација можете навреме да ја спречите со еднаш годишно посетување на вашиот очен лекар за преглед на глауком со мерењена вашиот очен притисок.

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Катаракта

Кога леќите стануваат непрецизни не овозможувајќи фокусирање на предметите, не давајќи јасна слика, тоа е наречено катаракта за која кај нас обично се вели: Гледам како низ перде.

Ризик фактори:
- изложеност на x-зраци или силна светлина
- примање на некои лекови
- дијабетисот

Симптоми:

- прогресивен, безболен губиток на визија
- проблематично гледање на силни светла( гледање на имагинативни кругови околу светла, матна визија)

Третирање:

Обично, катарактата се остранува преку операција. Ако се чувствувате непријатно и не можете да изведуваш секојдневни задачи, би требало да бидеш подготвен за операција. Нема предност во вршење на операција предходно.

Пред операција можат да се испробаат и други начини на третирање:

- oчила или контактни леќи можат да ја подобрат визијата
- носење очила за сонце на силна светлина

Операција:

- Операцијата е честа, безбедна и може да се изведува на било која возраст. Обично не бара целоноќен престој во болница.
- За време на операцијата леќата е остранета и заменета со нова пластична или силиконска (имплатант).
- Инфекција или крварење се ретки после операцијата.
- Потребна е дополнителна помош при движење на пациентот неколку дена по операцијата.
- Капки за очи или креми се потребни неколку недели по операцијата за да ја редуцираат болката и забрзаат оздравувањето.
- По операцијата може да се носат очила или контактни леќи за прецизирање на видот


Кривогледост (strabismus)
Кривогледост (народски шашливост) е состојба кога едното око или двете очи гледаат на страна. За да се установи дали едно око страбично или не, се служиме со повеќе дијагностички методи и инструменти, а наједноставно е постапката со затворање и отворање на окото, тест на откривање – покривање cover – uncover test. Тестот се изведува на следниот начин: од пациентот бараме еден предмет кој се наоѓа на висина на очните јаболки, да го фиксира со двете очи. Предметот треба да стои прво на растојание од околу 50 cm, а потоа на 5m. Притоа, со рака или со какво било средство, го затвораме окото кое го испитуваме. Кога ќе го откиеме покриеното око, ќе видиме дека тоа го задржали погледот кон предметот како и пред покривањето. Таа состојба ја викаме orthophoria, значи кога очите гледаат право. Меѓутоа, ако при набљудувањето на предметот окото кое било покриено, го свтело погледот во било кој правец, тоа значи дека постои кривогледост или страбизам.


Кажете за уште нешто ако ве интересира околу око, можеби го имам во проектот :smir:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ај некој текст за nystagmus horizonalis
 
Член од
27 март 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Ja postaviv ovaa tema bidejki me interesirase kolku mladite i voopsto drugite luge znaat za bolestite na ocite zosto mnogu malce se govori za niv, a treba da se znaat barem nekoi osnovni raboti za da se sprecat posledicite pr.nenavremeno otkrien glaukom i medidinki ne tretiran moze da dovede do slepilo.
 
Член од
21 април 2008
Мислења
28
Поени од реакции
0
Емилијана да не си очен лекар??

Паметно што си отворила ваква тема


Блефаропластика на клепачи

Блефаропластиката е процедура при којашто се одстранува излишната кожа и маснини од горен и долен клепач.
Како резултат на оваа операција очите изгледаат по свежи и помлади.
Најчест кандидат за овие операции се мажи и жени на возраст над 40 години. Во некои случаи промени можат да настанат и при помлади луѓе што може да наликуваат на остарени. При нив доволно е одстранување на масните херниации. При повозрасните пациенти е потребно отстранување и на излишната кожа.

Постојат ли ризици?
Сите хируршки интервенции носат ризици и пластичната хирургија не е исклучок. Сериозни компликации не се чести кога операцијата се прави од квалифициран хирург. Обично пациентите осеќаат дискомфорт којшто се должи на оток на клепачите.

Што представува операцијата?
Операцијата може да биде извршена под месна или локална опојка. Трае повеќе од 2 часа. Обично се започнува со корекција на долниот клепач и потоа на долниот. Разрезите се прават во природните свивки на клепачите. Во зависност од избраната од хирургот техника масните хиерации се одстрануваат или се фиксират на соседните структури. Излишната кожа се одстранува. Кога нема излишна кожа одстранувањето на маснините може да настане и без надворешен достап т.н. трансконјуктивна блефаропластика. Затворањето на разрезите е со природен шев. После оздравувањето белези не се познаваат.
 
Член од
18 март 2008
Мислења
153
Поени од реакции
0
ima li dobra klinika vo makedonija da odam da se pregledam sto kako
imam problem so vidot slabo mi se dogleduva ne deka sum slep ama malku ne dogleduvam i imam strabizam samo ne sum sasliv so krivi oci toa e samo momentalno iskrivuvanje na ocite.slusnav za vo stip i za skopje imalo dobri kliniki
ke me upati li nekoj
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Кога сме веќе кај очните болести и начинот на нивно лекување,она што мене ми треба е добар очен лекар и добар очна ординација во Скопје.

Значи досега не сум имал вакво искуство, заради тоа ми треба ваш совет кај можам да се обратам за квалитетна услуга.
 
Член од
23 април 2008
Мислења
457
Поени од реакции
4
еве нешто интересно за кратководците, далековидци:
оние што се кратковидци (т.е. што не гледаат на далеку) биле попаметни од обичните луге.
сум го читала ова пред 1 година, во 24 здравје, мислам беше..
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
Da glaukom e povisen o4en pritisok znam dedo mi imase i zaradi toj glaukom sea ne gleda:nesum:
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
ima li dobra klinika vo makedonija da odam da se pregledam sto kako
imam problem so vidot slabo mi se dogleduva ne deka sum slep ama malku ne dogleduvam i imam strabizam samo ne sum sasliv so krivi oci toa e samo momentalno iskrivuvanje na ocite.slusnav za vo stip i za skopje imalo dobri kliniki
ke me upati li nekoj
Да, клиника за очни болести во Скопје, има специјалисти кои се конкретно остручени за страбизам, и за било која рефрактерна аномалија, секако.
Не гледаш од блиску или од далеку, дали подмижуваш кога гледаш подалечни предмети?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom