ФК Подмочани 0-0 ФК Питу Гули:smir:
Прво, фала на играчите на Подмочани за фер играта. И имате ветување дека ќе ви биде возвратено исто, т.е. со мирна и фер игра. Жал ми е што не можам да ја пофалам публиката:pos2:, која патем за оваа лига беше во доста солиден број. И покрај тоа што ни испокараа се што може, а бога ми и не може немам многу критики за нив. Јас разбирам дека публиката си е публика и на стадионот доаѓа да си се забавува и затоа сите коментари кон нас заедно со соиграчите ги прифатив со смеа и никако поинаку. Камо на секој натпревар да ја има во толкав број.
За натпреварот можам да кажам дека овој беше убедливо најдосадниот на кој сум играл. Ако не беше публиката да ја разбие монотонијата со по некоја сочна пцовка, иако играв, ќе заспиев. Имавте многу среќа на десетина минути пред крајот кога не го реализиравме зицерот (уште не ми се верува, потешко беше да се промаши).
Жалам што на мојот веројатно последен натпревар за сезонава (факултететски обврски) не победив но сепак си поминав убаво.
Искрено ви требаат уште 2-3 подобри играчи, ако сакате да играте некоја позначајна улога во лигава, гледам дека сте играле и нерешено со Работник дома исто ќе имате мака дома и против Караорман, Преспа, а можите да бидете изненадени и од Кораб и Вардино против другите екипи не би требало да имате проблеми на домашен терен според мене.
Со оглед на тоа што се очекува од идната сезона да има реорганизација на лигата и ќе опстанат (колку јас што знам) пола од екипите, ви посакувам да изборите опстанок, па и догодина да играме.
Ќе ве молам да ми извинете што следниов дел од постов нема да биде наменет за клубот, ами за тоа шанкурето од Охрид. Ова може да биде корисно за секој што е засегнат во лигава.
@Коста
Друже, ако не си задоволен ти од играта во Крушево и не нарекуваш дивјаци, тогаш мора да си нов во лигава и не си бил во Радолишта, Велешта, Делгожда, Кравари, Оризари..... И не знаеш што значи да ти биде страв после натпревар да излезеш од соблекувална, не знаеш што значи да ти влегува внатре во теренот публика и да те тепа, не знаеш што значи да те плука и фрла публиката по тебе со се што ќе им се најде, не знае што значи да те удираат со боксови, лакти, да те штипат на секој прекин и да не смееш А да кажеш.
Еве ќе му одговорам на CELTIC зошто беше состанокот за дуелот против Радолишта. Изедовме ќотек но беше поднослив (имаше една-две гужви, но во споредба кај што сум играл не беше ништо) Судијата и тој изеде неколку удари откако не досуди не постоечки пенал за нив (нивниот играч, ај што изглуми и се фрли без врска па беше и надвор од 16-сетникот и бараше пенал:pos2
. Им да дадовме два гола па после почна пеколот. Се што беше фаул се свиреше во нивна корист (тие не маваа, туркаа, судијата за нив свиреше фаули (ако изгледа по малку комично е чиста вистина):pos2
. Првиот гол го примивме откако по еден центаршут нивниот играч му се качи со рацете на грбот на нашиот играч. Вториот беше катастрофа. Имаше корнер за нив, по изведенит корнер, еден нивни играч намерно се затрча и се удри во нашиот голман за да го оневозможи да скока(многу јасно дека нема фаул на голманот), за трагедијата да биде поголема дојде до гужва и топката дојде до гол-аут линијата од каде ја избивме (не беше надвор) и судијата свирна пак корнер за нив. По ова му појдов на судијата и му забележав за тоа што суди безврска и им дава уште шанси, а тој ми рече цитирам: АКО СИ МАЖ ЕЛА ТИ СВИРНИ ФАУЛ НА ГОЛМАН. Патем на 1-2 ни беше поништен чист гол и ни беа свирнати еден куп непостоечки офсајди (не можевме контра да им направиме).
А, да само место Фергусон замислете го тренерот од Радолишта
И имаш заборавено неколку факти да напишеш во постот. Имаш заборавено да кажеш дека освен една полу-шанса не створиве ништо посериозно. Најискрено ти велам дека Добрушево даде многу по машка и подобра игра од вас.И ќе те демантирам најодговорно дека шутиравме топки за да задржуваме време (па кај ти текна до езеро:pos2::pos2
Измените навистина беа повредени играчите, е сеа тоа што излагаа поспоро од теренот не е ништо ново, тоа го има секаде. Ќе признаам дека имавме помош од судијата, но далеку од тоа што ти го прикажа (сигурно ме слушна кога му се развикав: Ти да не си глуп!) што значи и ние имаме да се пожалиме на судијата.
Така што се надевам дека заканите си ги пишувал во афект и не си мислел така, затоа што, ако мислиш ме исплаши со тоа дека ќе си одам помодрен во Крушево се лажеш. Сум доаѓал дома и во многу полоша состојба:helou:.
Најновите резултати
Хераклеа 4-0 Порече
Велешта 3-0 Вардино
Кравари 1-1 Преспа
Добрушево 3-0 Кораб
Радолишта 2-3 Караорман
Подмочани 0-0 Питу Гули
Фаланга 2-1 Младост
Мирче Ацев 3-0 Работник
Борец слободни
Мора да си признаеме дека Караорман е најсилен во лигава и најверојатно тие и ќе одат во бараж.