Тага

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Имаме тема со наслов „Среќа“ тогаш зошто да немаме и со тага?
Да се дефинира тагата како емоција, да се опише, да се каже што претставува таа за него/неа и која болка предизвикува најголема тага?(од лично искуство)
Зошто и итн...?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тагата е чувство кое што е повеќе негативно, се разбира. Емоција која што се јавува доколку изгубиме некој или нешто, доколу не повреди некој. Колку и да не сакам да бидам тажна, се случува тоа. Дали затоа што ме зезнал некој, дали затоа што не ми е возвратена љубовта или пак сум изгубила некоја важна личност во мојот живот...

Најдобар лек кога сум тажна е да се изнаплачам гласно, на сиот глас. Најјако и најсилно што можам. Мислам дека потоа ми е многу полесно и колку толку барем ми се намалува чувството на празнина и осаменост кое се јавува обично кога сум тажна.

Што се однесува до тоа која болка предизвикува најголема тага - тогаш тоа е смрт на некоја блиска личност. Фактот што знаеш дека веќе никогаш нема да ја видиш таа особа, да го слушнеш нејзиниот/неговиот глас, претставува најголема болка и предизвикува најголема тага, дефинитвно.
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Тагата е според мене е најчесто носталгија,отсуство на некој и нешто убаво,на убав период од вашиот живот кој завршил.
Исто така е и незадоволство,не си среќен кај си и што си моментално,сакаш да си некој друг,несреќа.
 

Lost Angel

Машко сум, конечно.
Член од
28 јуни 2007
Мислења
417
Поени од реакции
21
Tага (според мене) е песната што ја пеат моето срце и душа во дует кога се скршени, изневерени, уништени од било кој. Песната има долг текст... А солзите помагаат ветерот полесно да ја однесе таа песна... Но некогаш е попусто. Некогаш таа песна трае многу долго, некогаш оди без да биде забележана.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
По дефиниција од психологија, тоа е негативно чувство кое настапува после губење на нешто или некого што ни бил/о од исклучителна важност. Би додала и после длабоко разочарување, неисполнување на плановите и соништата, нереализација на нешто што силно сме го посакувале, одделување од милото, било каква негативна промена во животот... Милион причини. Се манифестира преку активирање на солзните жлезди и „мокрење“ на очите. :))))
Подолго потиснување на ова чувство и несоочување со истото може да доведе до душевни трауми и уште потешки состојби, како депресија. Затоа е добро да се исплачеме кога ни е заебано. :)

Ептен стручно демек се изразив, фраерка сум. :pos:

Која болка предизвикува најголема тага... За мене лично, болката од губење (од раскинување и караница, па се до вечно губење-смрт) на блиска и сакана личност... Нема поголема болка од тоа ти биде одземен некој што го сакаш.
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Многу писатели,поети, филозофи итн. пишувале и ја опишувале тагата не според мене никој не ја доловил како Халил Џибран во своето дело "Саканиот Пророк".Еве што вели тој:"Колку подлабоко тагата копа во вашето битие, толку повеќе радост во него може да се собере.Нели е стомната што го држи вашето вино истиот сад согорен во фурната на грнчарот?И нели е флејтата што го ублажува вашиот дух, истото дрво што било продупчено со сврдли?Кога сте радосни,погледајте подлабоко во вашето срце и ќе најдете дека тоа ви ја дали тагата што сега ви дава радост.Кога сте исполнети со тага погледнете повторно во вашето срце и ѓе видите дека вие навистина плачете за она што радост ви било!"
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Се сложувам со дефиницијата за тага(онаа стручната:))на Псај.Тагата е апстракктно чувство,како и среќата,зависта,желбата,страста и слично.Тагата посебно,е чувство кое се јавува на периоди,како и секоја друга состојба на расположение кај човекот,по кое се карактеризира тој.Тоа е поради сложениот систем кој го имаме,можеме да распознаваме,да процениме,да заклучиме,да донесуваме одлуки.Тагата не е нешто што го откриле научниците,таа постои уште од прастаро време,еве ќе земам прост пример,дури и праисториските луѓе тагувале кога ќе загубеле нешто што им значи,кога ќе почувствувале болка и сл.Така е и со нас.Никој не знае зошто тагата најчесто се манифестира преку солзите,односно кога сме тажни,ни течат бистри солени капки вода од очите.
Тагата не е депресија.Тоа е нормална емоција која може дури и животот да го направи поинтересен,како што кажуваат психолозите.Скоро секогаш е поврзана со загубата на нешто.
Таа ни помага да ја цениме среќата.Кога нашето расположение се менува од тага па во среќа,контрастот го додава уживањето во расположението.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
''Колку подлабоко тагата копа во вашето битие, толку повеке радост може да се собере во него.Не е ли стомната што го држи вашето вино истиот сад согорен во фурната на грнчарот?И не е ли флејтата што го облажува вашиот дух истото дрво што било продупчено со сврдли?Кога сте радосни, погледајте подлабоко во вашето срце и ке најдете дека тоа ви ја дало тагата.што ви дава радост.Кога сте исполнети со тага, погледајте во вашето срце и ке видите дека вие навистина плачете за она што радост ви било''
Малце мудрост со поезија:)
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Тагата сама доаѓа и не мора да плачеш ти се чувствуваш тажно, тагата доаѓа кога ќе изгубиш нешто или некој близок. Не се контролира само прашање на време е кога ке се намали болката, според мене не се намалува.
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Тагата не се опишува како и сите чуства, само се чуствува, нема дефиниција.
И тагата е толку долна.
Да те напика од кај што не можеш на горе.
Си оди и иде кога сака.
И не те прашува.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Леле,
ама
длабоко се изрази
Дарк
Ејнџл.
Човек
да помисли дека
има поетика
во користењето
на
нов
ред и користењето
на сврзник
за почеток
на
реченица.

Сакаш нешто, не го добиваш - тагуваш.
Сакаш нешто, го добиваш, не е какво што си го замислувал - тагуваш.
Ако не е така и тагуваш често од секакви причини, имаш хемиски дисбаланс, освен се разбира другата теорија дека ти си сосема нормален, а дисбалансот е кај мнозинството, во другите. ;)
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Kratko i jasno
"Tagata e period pomegu 2 sreki"
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
вчера додека се шетав низ Охрид видов едно ретрдирано дете заедно со својата мајка!сликата толку ме скрши,што цел ден бев тажен!
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
вчера додека се шетав низ Охрид видов едно ретрдирано дете заедно со својата мајка!сликата толку ме скрши,што цел ден бев тажен!
Тоа чувство се вика сочувство или сожалување, зависно од тоа како го доживуваш. Не е тага.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Тагата во некои случаи е душевна,во некои е психичка состојба.

Тагата како душевна состојба-кога немаш волја за ништо,кога се чувствуваш како да ти застанала кнедла во грлото,кога чувствуваш огромна празнина во душата...и очајно бараш нешто со кое што ќе ја пополниш...
Тагата како психичка состојба-кога човекот се фрла во депресии и се мава во ѕид само затоа што си умислил дека му е тешко.Типичен пример за ова е еден пост од "Љубовни проблеми..." во кој што едно девојче се жалеше дека никогаш нема да преболи некој тип,а има само 13 год.Значи во овој случај,таа може уште веднаш ако сака да проба да го заборави...и ако проба бо успеала,ама поради тоа што си има врзано за крпче дека и е ептен многу тешко,ете...место да се забавува-пишува во "Љубовни проблеми..."

Значи,тагата во некои случаи може да се контролира,а во некои таа е последователна на голема повреда или загуба итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom