Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
999
Поени од реакции
680
Муабетот беше држава против физичко или правно лице, а не меѓу себе. Друга работа, колку милијарди досега пратија во Украина или тоа е небитно.
Ти рече ако сака нешто државата ќе го направи за 2 секунди. Не менвај теми сега. Змија тактика кога ќе те фатат во глупост така? Виткање кичма. Ајде да ти го поставам пак прашањето: Ако што сака прави државата, каде се новите пари за Украина?
Дај не ме смеј, кога имаш видеа на кои се гледа дека само на 2-3 километри подоле од пунктот за кој демек се караат локалците со федералните структури, слободно си поминуваат, нема чувари на тие локации. Зашто Тексас сега почна да крева галама демек нема да дозволиме, а не од самиот почеток?
Тука се гледа колку не разбираш. Америка е Федерална држава, имаш Федерална структура и Стејт (Државна) структура. Тексас требаше да донеси стејт закон за да можи да ги запри, затоа што Федералните закони не ги почитуваа федералците. Моментлно, нема нелегални премини на територија од Тексас.
Вау, значи бирократ од првиот ешалон фатен како прави криминал, не треба да одговара, демек колеж ќе имало и пази, самиот тврдиш дека покасно мора да има колеж :pos: . Јако оправдување. Нели попаметно е да отсечеме стапалото, а не после цела нога или па умре пациентот.
Окееејјјј добар си со логиката. (y)
Aј мала едукација, пошто те гледам дека не знаеш.

Колку гранки има Американската влада:
  1. Legislative - Сенат и Конгрес, носат закони
  2. Executive - Прецедник/Под-прецедник, извржувачка гранка
  3. Judicial - Федерални судови, Врховна и Федерална гранка
Бирократот од прв ешалон треба да се истражува од Judicial, не Executive. Така да нема што да прави Трамп тука, си има судови си има ФБИ итн. Е сега да опасен е на јазик Трамп, и во реплика и плесна на Курвештија Клинтонова дека ќе оди во зандани. Ама не може прецедател дирекно да се меша во тоа.
А ти во што веруваш, според ова:
Море и 4 мандати да му дадете, џабе е.
Да, тоа што го гонат сега мислиш нема да се одрази ако добие пак?
Не е целосно точно, посебно што Трамп во тимот имаше научник кој беше против ковид наративот. Имаш изјави од таа женската од истиот тим каде ја ангажирале цела државна машинерија да го отстранат од тимот. Башка што и самиот Трамп на почеток забрани влез во САД на луѓе кои биле во Кина, за после, пу пу не важи.

:pos: Да да секако дека се, ама дали во реалноста е така небитно е нели.....
Така треба да биде, да не се меша политиката во приватниот сектор, арно ама изгледа или не можеш да поврзеш 1 и 1 или не сакаш.

Точно, не ги знам, ама па од тоа што го знам, од тоа што го гледам и по делата кои Трамп ги направи, односно одби да ги направи, јасно ми е дека го боли таквото за САД. Омилената ќерка во чиии раце ја даде.... дозволи Епстин да се самоубие иако беше најголем извор на информации и докази против поголеми и повлијателни играчи во политиката и бизнисот, Хилари ја остави на раат, ама се тоа е небитно, живејте во надеж. Ако не биде овој живот јбг, повеќе среќа нареден пат.
Многу си едно димензионален.


Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Ти рече ако сака нешто државата ќе го направи за 2 секунди. Не менвај теми сега. Змија тактика кога ќе те фатат во глупост така? Виткање кичма. Ајде да ти го поставам пак прашањето: Ако што сака прави државата, каде се новите пари за Украина?
Точно така реков. А врска кој муабет тоа го реков? Врска овој:

Изгледа спиеше ти последниве 8 години. Ги промарши 2 impeachments? А тоа што сакаат да му го земат цел имот? Што сакаат да го банкротираат? Глуп си или вежбаш?
Значи не е до виткање кичма од моја страна, туку ти шарам барам си правиш.
Државата едноставно има механизам да ти замрзне цел имот, па ти иди после бори се без пари, најди добар адвокат без да го платиш.

Бирократот од прв ешалон треба да се истражува од Judicial, не Executive. Така да нема што да прави Трамп тука, си има судови си има ФБИ итн. Е сега да опасен е на јазик Трамп, и во реплика и плесна на Курвештија Клинтонова дека ќе оди во зандани. Ама не може прецедател дирекно да се меша во тоа
Кој е тогаш виновен што Хилари не е во затвор, за работа која било кој друг да ја направел, по автоматизам во затвор ќе завршеше?

Претседател на САД нема ингеренции, безгласна буква е, нема право да поставува професионалци на суштински позиции кои чесно ќе си ја завршат работата за која се платени од вашите даноци. Конгресмени, сенатори тие исто така нема што да се мешаат.

Ајде со среќа нека ви дојде Трамп пак на власт, може од втора мајка ќе го биде, сепак нели викаш неискусен бил, не знаел, ама сега е изнервиран и ќе им ја скрши кичмата.

Многу си едно димензионален
Уште да побиеше некои од тие фактите или да објаснете зашто врска немаат, немаат влијание или било што.
А баш е спротивното, повеќе информации гледам да ги поврзам, па така се добива некоја поголема слика, целина.
Ајде нека победи Трамп, само да не биде: ако еднаш ме излажеш, срам да ти е, ако по вторпат ме излажеш, срам да ми е.

Ама и да не ги исполни ветените работи, сигурно пак ќе си најдете некое оправдување, иначе....
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
999
Поени од реакции
680
Точно така реков. А врска кој муабет тоа го реков?
Значи не е до виткање кичма од моја страна, туку ти шарам барам си правиш.
Државата едноставно има механизам да ти замрзне цел имот, па ти иди после бори се без пари, најди добар адвокат без да го платиш.
Тоа пробуваат, ама не им работи баш. Уште е на слобода, уште е на изборен лист, значи тоа што го рече не беше вистина.
Кој е тогаш виновен што Хилари не е во затвор, за работа која било кој друг да ја направел, по автоматизам во затвор ќе завршеше?
FBI е виновен за тоа што Хилари не е во затвор. Не сакаа да ја гонат законски.
Претседател на САД нема ингеренции, безгласна буква е, нема право да поставува професионалци на суштински позиции кои чесно ќе си ја завршат работата за која се платени од вашите даноци. Конгресмени, сенатори тие исто така нема што да се мешаат.
Прецедател на САД е извршител, не е крал.
Ајде со среќа нека ви дојде Трамп пак на власт, може од втора мајка ќе го биде, сепак нели викаш неискусен бил, не знаел, ама сега е изнервиран и ќе им ја скрши кичмата.
Ќе видиме, Ноември се ближи. Ако ништо не се промени, ќе има граѓанска војна.
Уште да побиеше некои од тие фактите или да објаснете зашто врска немаат, немаат влијание или било што.
Кога не прецизираш кој/што/како/каде, треба јас да погаѓам. Тоа не е факт, тоа е бајање.
А баш е спротивното, повеќе информации гледам да ги поврзам, па така се добива некоја поголема слика, целина.
Поврзуваш со буги мен евреи сега, тие беа или кабалата?
Ајде нека победи Трамп, само да не биде: ако еднаш ме излажеш, срам да ти е, ако по вторпат ме излажеш, срам да ми е.
Ама и да не ги исполни ветените работи, сигурно пак ќе си најдете некое оправдување, иначе....
Зависи луѓето што очекуваат. Не е волшебник. Јас очекувам да го реши проблемот со границата, прекин на војната Русија-Украина и стабилизација на економијата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.920
Поени од реакции
39.417
го расклинкаа шапиро и неговиот медиум у врска со тоа Овенс што ја избрка што зборела за геноцидот на Израел.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
@Spiegel твое гледање на следново, држи вода или само док мајсторе оду:

“Peace to the world…” “Prince of peace…” “And he shall magnify himself in his heart, and by peace shall destroy many.” Daniel 8:25
“When they shall say peace and safety, then sudden destruction comes.”
1 Thessalonians 5:3
 

enzo8

ファックユー
Член од
1 октомври 2023
Мислења
428
Поени од реакции
1.427
Ај у кратки црти ако сакаш за нас што не сакаме да читаме библија кога веќе постираш вакви налудничави линкови.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.920
Поени од реакции
39.417
Трамп ги знае тората и кабалата на памет веќе.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.789
Поени од реакции
14.126
@Spiegel твое гледање на следново, држи вода или само док мајсторе оду:



Не знам дали веќе ти одговорив со ова или сакав да го напишам, но - треба да сум религиозен за да прифатам дека сите држави/елити работат заедно на една цел бидејќи друго објаснување освен религија тешко дека има за таа теза.

За држење вода држи, ако си религиозен.
Мене помила ми е тезата за човечката алчност, желба за моќ, его, па и глупоќа помеѓу останатото кои не доведоа до ова дереџе.

Ако си религиозен тогаш Трамп е само фејк светлина која навидум и се спротиставува на темнината, а двете се едното исто.
Ако не си, тогаш Трамп оди со навидум различна програма на избори од таа на противникот :toe:
 

ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
303
Поени од реакции
440
Аууу шо се случило со овој беее ко мртовец станал:eek: значи јазк да е,го уништија клетите прогресивци.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
999
Поени од реакции
680
Моментално американците само филмови со воук пропаганда, чкарт музика и ит може да му понуди на светот. Производство и иновации Кина ги мина.
Има многу повеќе Америка што може да понуди, само работата е woke и идиотизам имаме за извоз.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.239
Поени од реакции
18.057
Има многу повеќе Америка што може да понуди, само работата е woke и идиотизам имаме за извоз.
То будалите се решени да ја уништат Тесла само за да му наштетат на Маск. И во тоа што се лидери ќе си го уништат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Во светската лулка на слободата и демократијата врие од слобода и демократија.

https://off.net.mk/vesti/razno/snouden-drzhavnata-shpionazha-go-prezema-internetot

Сноуден: Државната шпионажа го презема интернетот

16 април 2024 - 13:46

Свиркачот Едвард Сноуден (кој пред 10-тина години обелодени како ЦИА И НСА шпионираат кого стигнат, меѓу другото и телефонот на Ангела Меркел) драматично предупреди дека озллогласената НСА ја делат само денови да има целосна контрола на интернетот и овластување од секоја компанија или поединец да прави свои агенти. Без ниедна насловна во медиумите за тоа, амандманот тивко веќе помина во едниот дом.



Закопано во секцијата 720 од еден стандарден закон за ре-авторизација, Претставничкиот дом го изгласа најголемото проширување на американското домашно шпионирање уште од озлогласениот Патриотски закон.

Сенаторот Рон Вајден новоосвоената моќ ја нарече „застрашувачка“.

„ Законот претставува едно од најдраматичните и застрашувачки проширувања на владините овластувања за надгледување во историјата. Ќе сторам сè за да го спречам донесувањето на овој закон “, рече тој.

Не успеа.

Елизабет Гoитеин, директорка во Центарот за слободи и национална безбедност во Бренан центарот за правда, објаснува што всушност се случи:

Владата може да ги принуди „давателите на електронски комуникациски услуги“ кои имаат директен пристап до комуникациите да ѝ помагаат на Агенцијата за национална безбедност (НСА). Во пракса, тоа значи дека компаниите Гугл и Верајзон ќе мора да ги достават комуникациите на таргетираните за надзор.

Формално, тоа мора да бидат странци од странство, но комуникацијата може и ќе вклучува и комуникација со Американци.

Преку навидум безопасна промена на дефиницијата за „давател на електронски надзор на комуникациите“, усвоениот амандман значително ја проширува листата на субјекти кои можат да бидат принудени да ѝ помагаат на НСА.

Секоја компанија или поединец што обезбедува КОЈА било услуга можaт да бидат принудени да помагаат во мониторирањето на НСА, ако имаат пристап до опрема на која се пренесуваат или складираат комуникациите.

Тоа опфаќа огромен опсег на бизниси кои обезбедуваат Wi-Fi на своите клиенти и затоа имаат пристап до опремата преку која транзитираат комуникациите. Хотели, кафулиња, берберници, перални, фитнес центри, продавници за хардвер, стоматолошки ординации... Списокот продолжува со комерцијални сопственици кои издаваат канцелариски простор за милиони луѓе - канцеларии на новинари, адвокати, непрофитни организации, финансиски советници, даватели на здравствени услуги... Во последен момент извадени беа само хотелите, кафулињата и библиотеките.



Амандманот се протега дури и на даватели на услуги кои ни влегуваат дома. Чистачи, водоводџии, електричари, ИТ монтери имаат пристап до лаптопи и рутери во нашите домови и би можеле да бидат принудени да служат како сурогат шпиони.

Ниту еден од овие луѓе или бизниси нема да смее да каже никому за помошта што биле принудени да ја пружат. Би се соочиле со високи казни доколку прозборат за тоа.

На здравје.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.239
Поени од реакции
18.057
Барале од програмерот да користи одредени опен сурс библиотеки :)


 

Kajgana Shop

На врв Bottom