Tomb Raider

Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
Во свое време оваа франшиза била мноогу позната, ама после Angel of Darkness популарноста и опаѓа. Искрено Tomb Raider игриве ми се омилени и првите 2-3 дела се едни од потешките што ги имам играно. Сега се надевам со новиот reboot повторно ќе се врати популарноста, само што мислам дека играта почнува да го губи тоа што ја правеше Tomb Raider.
До сега имат излезено:
од Core Design (1996-2003)
Tomb Raider
- Unfinished business
Tomb Raider 2
- The golden mask
Tomb Raider 3
- Lost artifact
Last revelation
Chronicles
Angel of darkness
oд Crystal Dynamics (2006 - )
Legend
Anniversary
Underworld
- Beneath the ashes
- Lara's shadow
Tomb Raider 2013
Rise of the Tomb Raider

Пред да излезе TR2013 ja имаше Lara Croft and the Guardian of light, a пред да излезе Rise of the Tomb Raider ја имаше Lara Croft and the Temple of Osiris. Oвие две се со различен гејмплеј и се повеќе наменети за групно играње.
E сега што мислите вие? Имате ли играено некоја Tomb Raider игра и ако не дали би ја пробале?
 
Последно уредено:
B

beaverknight

Гостин
Tomb Raider I, II & III ми беа едни од омилените игри на пс1 што ги играв ко мал, и да беа доста тешки, но како и повеќето игри во тој период. :D
The Last Revelation & Chronicles беа океј.
После некое време у основно се вратив на Legend, Anniversary, Underwolrd, тие прилично ми изненадија од колку ме беа интересни за играње, поготово таа у која имаше диносауриси (не ми текнува која беше точно :D).
Последни што ги играв ми беа Tomb Raider и Rise of Tomb Raider, одлично беа, нема боље игри у action-adventure жанрот освен можеби Uncharted, која е базирана на Tomb Raider и зима доста елементи од истата.
Како игра што ми има направено највише мерак у франшизава би ја одвоил TR: Legend, ради тоа што пак играв некоја Tomb Raider игра после подолг период, иначе не е објективно најдобрата. :D
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
Legend и мене ми е најубава за играње бидејќи е навистина лесна ама многу ми е пријатна некако. Баш игра за релаксација :D
A Диносаусот е од Anniversary и првиот пат ептен ме измачи :D
 
Мене ем што ме измачи дури и ме исплаши првиот пак кога налетав на него :ROFLMAO:
Т-Рекс мислам дека беше :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
О хо хоооооо!
Тема на место после толку време...
Да се рече дека кариерата ми започна со Last revelation, една од најтешките епизоди, Anniversary можеби немаше ни да ја свртам до сеа...
Мора да признам дека добри 6 месеци изгубив во трескање глава во ѕид за да ја укопчам целата проблематика во Тr. 4 LR, по мене најдоброто нешто што има искочено од серијалот. Толку генијално склопена игра за тоа време доживеав дури со испаѓањето на Anniversary која е слична на кецот само со многу поусовршена графика и разни мали геџети кои ја свртија играта во нов правец уште кај Леџенд - по мене доста лесно се врти но чим влезеш во шаблонот веќе не е толку challenging. Anniversary повеќе ми го направи меракот бидејќи го работеше најомилениот предел на археологијата - древен египет и греко-римска митологија.
3ката првичната беше многу тапа бидејќи немаше некои enemies за цедење, кецот и двојката ги имам само гледано на ју тјуб, можеби биле револуционерни во свое време, сеа нешто многу не нудат. Крониклс ја имам играно, беше игра која ветуваше но многу малку исполни storywise, додека најголемата утка се деси со Angel of darkness. Толку многу функции се додадоа на Лара, што како да седнуваш да управуваш ракетно возило во затворен простор. Недоволно место за маневрирање, како и health gripping bar една од најдебилните ствари што ја воведоа во оваа ТR.
За леџенд кажав, доста лесна и игрива, приказната има свој нов тек, графички далеку подобро од сите нејзини претходници. Но како пудинг од чоколадо. Брзо ја играш, брзо ја вртиш, брзо се заситуваш. Anniversary беше полн погодок. И со непријатели што треба да ги раскостуваш и со platform пентрања, и со скриени финти позајмени што од LR, што од Legend. И сеа доаѓа drum rolls за последната (што сум ја играл) но и не толку јака колку што ветуваше - underworld. Gamewise - играта можеше да надмине буквално се`. Имаше нови финтици со бесења за шипка, скок-и-пук техники... буквално се` што треба и што не треба да очекуваш од некое продолжение. Но нивоата беа... онака. Првите неколку ветуваа многу, но имаше многу многу празни одови. Повеќе се сконцентрираа на Лара со моторчето, него ли со некакви си challenging gaps. Со непријатели, ветуваше на почетокот, се дур не ги убација оние пајацине буквално во сите останати нивоа од пола па натака. Boss fight-от беше добар како и да е, но имаше едно ниво поназад мислам дека беше - нивото со моторчето кога се симињаш надоле... Џабе го направија, немаше никаква сврха сем да те накурчи ако скинеш конци при самиот крај па мораш одново. Но како и да е, вториов серијал (LE, AN, UN) беше солидно освежување на серијалот, и денес ако ме прашаш, не би додал ништо, можда по малку би скратил тукитаму.
Поновиве не ги имам играно ради слаб CPU, чекам да земам нов што се дешава еднаш у 8 години, така да уште малце ќе терам вака. Но секако би ги зел да ги пробам.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Новата, добро, еве да кажам ребутираната Лара ми е многу омилена. Настрана офкањата на секои 5 минути и неминовно мавање во дрво, карпа и друго, гејмплејот е добар, ми се допаѓа атмосферата на јапонскиот остров, се гледа дека сакаат да и дадат целосна тродимензионална карактеризација и тоа е одлично.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Angel of Darkness auuuf kakva igra, na PS2 ja igrav, ama celo vreme so pomos na youtube snimki, inace koj ke se ebava neznam kolku vreme :P A taa muvata, pajako ustvari nikako ne uspea da go minam .
Inace generalno Tomrb Raider najomilena avantura, relaxiracka, so filmska relaxiracka muzika kako u Angel of Darkness. Sega odskoro ja igram Tomb Raider 2013, pokusavam kouku so mozam bez youtube pomos, ama bavno ide :)
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Една рачка искршив на Сонито ко мал на оваа игра.

Фалат ми тие триаголни цицки на Лара. :(

d2.png
Треба да зеам да поиграм малку од почеток.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
О хо хоооооо!
Тема на место после толку време...
Да се рече дека кариерата ми започна со Last revelation, една од најтешките епизоди, Anniversary можеби немаше ни да ја свртам до сеа...
Мора да признам дека добри 6 месеци изгубив во трескање глава во ѕид за да ја укопчам целата проблематика во Тr. 4 LR, по мене најдоброто нешто што има искочено од серијалот. Толку генијално склопена игра за тоа време доживеав дури со испаѓањето на Anniversary која е слична на кецот само со многу поусовршена графика и разни мали геџети кои ја свртија играта во нов правец уште кај Леџенд - по мене доста лесно се врти но чим влезеш во шаблонот веќе не е толку challenging. Anniversary повеќе ми го направи меракот бидејќи го работеше најомилениот предел на археологијата - древен египет и греко-римска митологија.
3ката првичната беше многу тапа бидејќи немаше некои enemies за цедење, кецот и двојката ги имам само гледано на ју тјуб, можеби биле револуционерни во свое време, сеа нешто многу не нудат. Крониклс ја имам играно, беше игра која ветуваше но многу малку исполни storywise, додека најголемата утка се деси со Angel of darkness. Толку многу функции се додадоа на Лара, што како да седнуваш да управуваш ракетно возило во затворен простор. Недоволно место за маневрирање, како и health gripping bar една од најдебилните ствари што ја воведоа во оваа ТR.
За леџенд кажав, доста лесна и игрива, приказната има свој нов тек, графички далеку подобро од сите нејзини претходници. Но како пудинг од чоколадо. Брзо ја играш, брзо ја вртиш, брзо се заситуваш. Anniversary беше полн погодок. И со непријатели што треба да ги раскостуваш и со platform пентрања, и со скриени финти позајмени што од LR, што од Legend. И сеа доаѓа drum rolls за последната (што сум ја играл) но и не толку јака колку што ветуваше - underworld. Gamewise - играта можеше да надмине буквално се`. Имаше нови финтици со бесења за шипка, скок-и-пук техники... буквално се` што треба и што не треба да очекуваш од некое продолжение. Но нивоата беа... онака. Првите неколку ветуваа многу, но имаше многу многу празни одови. Повеќе се сконцентрираа на Лара со моторчето, него ли со некакви си challenging gaps. Со непријатели, ветуваше на почетокот, се дур не ги убација оние пајацине буквално во сите останати нивоа од пола па натака. Boss fight-от беше добар како и да е, но имаше едно ниво поназад мислам дека беше - нивото со моторчето кога се симињаш надоле... Џабе го направија, немаше никаква сврха сем да те накурчи ако скинеш конци при самиот крај па мораш одново. Но како и да е, вториов серијал (LE, AN, UN) беше солидно освежување на серијалот, и денес ако ме прашаш, не би додал ништо, можда по малку би скратил тукитаму.
Поновиве не ги имам играно ради слаб CPU, чекам да земам нов што се дешава еднаш у 8 години, така да уште малце ќе терам вака. Но секако би ги зел да ги пробам.
Angel of darkness е промашување само заради контролите. Играта била планирана за PS1 ама излегол PS2 кратко пред да излезе играта и имале многу малку време да ги средат контролите. Требало цела триологија да биде приказната од AoD но заради големиот неуспех ги продаваат правата на Crystal Dynamics и не излегло ништо. А инаку приказната е многу добра а и си има за мислење.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.800
Поени од реакции
83.492
Ги иам вртено сите 5 на ПС1 + Ангел оф даркнес на компјутерот, и можам да кажам дека тројката мамата ми ја еба... Колку а време сум се вртел во кругови кога ќе заглавев негде, а несакаш да ја вртиш гледајќи валктру на интернет :(

Ќе треба и другите делови да почнам да ги вртам, ама мака ме фаќа на горештиниве... Ај можда од есен натаму ќе почнам. Важно тројката досега ми е врвот, дефинитивно една од најтешките, ако не и најтешка во цела франшиза.
 
Јас моментално ја играам тројката и уопште не памтам како сум поминала некои делови. По три дена во една просторија сум заглавена :D
 
S

StormRage

Гостин
Порано одамна ги играв, не се ни сеќавам кои делови, следно ми беше Underworld после толку време, коските ги остајв, багиран крак и на крај ми крашна цел компјутер не успеав да си ги зачувам сејвовите :(
Денес немав шо да играм и ја спуштив TR2013 и пред малку ја завршив... чекам крак за Rise Of The Tomb Raider пошо ова стварно ме изненади колку е добра играва.
Ми фалат малку заебаните puzzles шо ги имаше во постарите :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom