Дечки здраво! Однапред се извинувам ако некој го има одговорено прашањево.
Имено, имам бугарски пасош и сметка во Бугарија. Вршам услуги како фриленсер, односно давам консултациски услуги како coach преку моја веб-страна и за тоа добивам пари од странски клиенти преку Paypal i Stripe. Откако отворив сметка во Бугарија, веднаш се пријавив во НАП (национална агенција на приходите) бидејќи сметав дека потребно е да се плати 10% данок за физичко лице.
Пред некој ден, се консултирав со сметководител од Бугарија и ми го кажа следново:
Бидејќи повеќето од времето го поминувам во Македонија (повеќе од 50%) а не во Бугарија,работам со странски клиенти (физички лица, а не фирми), јас не подлежам на данок во Бугарија, туку треба да го платам во Македонија. Значи, треба во Мкд да си платам данок за изминатава година.
Тоа е првото прашање, дали некој има слично искуство на темава?
Друго, дали некој е регистриран како фриленсер во Бугарија и дали работи и плаќа данок и социјални надоместоци таму? Имаат официјален закон, но мора да си регистриран, а ако си регистриран плаќаш 10% данок таму + 10-15% социјални надоместоци (што е премногу).
Дајте опции и искуство ако некој е запознат со тематикава.
Благодарам!