Linux пред 20 години и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.621
Поени од реакции
2.272
Локација
Нибиру
Веб-сајт
mvpring.com
timthumb.php

Пред 20 години, тогашниот студент Линус Торвалдс креираше нов кернел за оперативен систем кој веднаш го сподели со остатокот од светот. Овој Linux кернел ќе стане основата за оперативниот систем, име кое е комбинација од името на креаторот и UNIX, оперативниот систем на кој е базиран.
За многу брзо време програмерите од цел свет се вклучија во развојот на овој слободен оперативен систем, правејќи го Linux денес е еден од најважните оперативни системи во светот. Брзиот развиток на Linux се должи на одлуката да биде дистрибуиран под GNU лиценцата, најупотребуваната лиценца за слободен софтвер. Според оваа лиценца, сите измени што ќе се направи на софтвер треба да се сподели со остатокот од светот.

По повод дваесет годишнината од постењето на слободниот оперативен систем GNU/Linux, во Ванкувер од 17 до 19 Август, фондацијата Linux организира конференцијa LinuxCon, на која ќе се прослави овој значаен јубилеј.
Фондацијата Linux направи инфографик кој ја отсликува историјата и развитокот на овој оперативен систем. Според инфографикот може да се заклучи дека Linux е глобално распространет оперативен систем кој се користи во 75% од светските берзи, како и во серверите на најголемите веб сајтови, како што е Facebook, Amazon, Twitter, Ebay, и Google.
Linux исто така се наоаѓa и во 95% од суперкомпјутерите, како и фактот дека Android уредите работат на овој слободен оперативен систем. Linux е незаменлив дел од нашиот свет и скоро сите го користиме без разлика дали сме свесни за тоа или не. Погледнете го информатикот за дополнителни интересни информации поврзани со историјата и развитокот на Linux.

Извор: http://www.it.com.mk/linux-pred-20-godini-i-sega/#ixzz1VQ6SowIx
 
1991 - 3 апдејти/закрпи годишно
2011 - 3000 апдејти и закрпи годишно.

Без да тролам ам нервира бе. Имам едно комјутерче со убунту кога да го пуштам ми вика имаш апдејти. Ти се плукнам во апдејтите.
 
1991 - 3 апдејти/закрпи годишно
2011 - 3000 апдејти и закрпи годишно.

Без да тролам ам нервира бе. Имам едно комјутерче со убунту кога да го пуштам ми вика имаш апдејти. Ти се плукнам во апдејтите.
Не дека и јас тролам, ама барем updat-ите на Linux се едноставни кликаш Install внесуваш password и тоа, он се сам си работе, и чат пат треба да рестартираш.
за разлика од Windows7 каде пола ден ти поминува во симнување, уште четврт во инсталација и уште четврт во конфигурација.
Инаку за да не те нервира тоа, можеш да го поставиш да ти проверува еднаш месечно или еднаш неделно ако не сакаш да се замараш на секое стартување да ти кажува дека имаш нови updat-и
 
На Windows 7 воопшто не те информира дека има апдејти, ниту ти појавува копче за да ги инсталираш.
Без да вознемирува, проверува, ако има апдејти ги симнува автоматски, и кога ти на комјутерот си завршил и го гасиш, наместо веднаш да се изгасни системот ги инсталира тие, и се гаси. Практички не си свесен дека системот правел нешто.

И плус за Windows апдејти излегуваат во просек 2 пати месечно и тоа во вторник, а не секој втор ден.
 
Тоа тие како групен секс, ќе фатиш два пати меко, а 30 пати ќе добиеш синдром на расцветан зумбул.
Барем со linux знаеш на што правиш updatе, и ако не ти се свиѓа не го инсталираш, а плус ти прави update на инсталираните програми што не е случај со Windows7.
 
Тоа што го рече bilbil е кога е направено автоматски да се апдејтира. И во седмица има опција да одбереш кои апдејти да ги симне и да ги инсталира.
 
1991 - 3 апдејти/закрпи годишно
2011 - 3000 апдејти и закрпи годишно.

Без да тролам ам нервира бе. Имам едно комјутерче со убунту кога да го пуштам ми вика имаш апдејти. Ти се плукнам во апдејтите.
Намести да не ти проверува дали има апдејти и решен проблем. ;)
 
1991 - 3 апдејти/закрпи годишно
2011 - 3000 апдејти и закрпи годишно.

Без да тролам ам нервира бе. Имам едно комјутерче со убунту кога да го пуштам ми вика имаш апдејти. Ти се плукнам во апдејтите.
Правиш една (не)намерна грешка......

....апдејтите се како за голиот ОС така и за инсталираните програми...
... друго... во Линукс дистрибуциите сфаќањето за оперативен систем е малку поинакво од тоа во Микрософт, кога и Микрософт би пласирал таков ОС од тој компјутер не би имале никаква корист, у ствари ние во глобала оперативниот систем и не го „гледаме, осеќаме’’ тој си работи скриено во позадина, она што ние го гледаме ..се кориснички програми почнувајки од најобичниот фајл менаџер (попознат како - мој компјутер или компјутер во седмицата) па се до последното услужно програмче...

... е сега... апдејтите се многу.... па нормално, кога на нив може да работи секој кој е заинтересиран.
Друго, за поголемиот број инсталирани апдејти и самите сме си донекаде криви...едноставно.. линуксот ни инсталира по еден мал куп програми за една те иста намена, плус тие што ние сами (од радозналост) ќе ги додадеме, потоа тој по дифолт инсталира и мал милион програмчиња кои ни се, за кој како, тотално непотребни ...
... добар корисник на Линукс си прави свој личен, по сопствено искуство, избор на програми и вишокот програми го отстранува...

... туку ... да не должиме....Линуксот за просечниот домашен корисник и понатаму ќе остане одбивен (или ќе биде инсталиран како втор ОС само ради радозналост за нешто поинакво) се додека и индустријата на видео игрите не почне за игрите да издава и линукс верзија.... јбг...играњето под Wine... е како секс со куртон...
 
незнам за порано...
јас сега во скоро време почнав да користам Linux и многу ме нервира ко ќе речат дека неможат да ги користат основните програми од Windows...

СЕГА МОЖИ ДА СЕ КОРИСТАТ СКОРО СИТЕ ПРОГРАМИ ОД WINDOWS БЛАГОДАРЕНИЕ НА WINE
 
мене Windows пример ми е поттрчко
ако ми треба нешто шо неможам во моменто да се снајдам а брзински ми треба ќе отворам Windows и чао бамбини
 
Linux никогаш нема да биде оспособен за гејминг и игри до степен како шо е win , силата на линукс е во server side и command line можности, шо во win никогаш нема да ги има, се девелопира да, за десктоп употреба али главните карактеристики и можности се за сосема нешто друго

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Линукс е доволно способен за гејминг, само што компаниите не произведуваат игри за него.. Според мене тоа е затоа што корисниците на Вин. се поспремни да купат игра за разлика од Линукс. Сепак, тоа може да се смени по иницијативата на Валве.
 
Linux никогаш нема да биде оспособен за гејминг и игри до степен како шо е win , силата на линукс е во server side и command line можности, шо во win никогаш нема да ги има, се девелопира да, за десктоп употреба али главните карактеристики и можности се за сосема нешто друго

Sent from my iPhone using Tapatalk
Како што посочи членот над мене, тоа _можеби_ ќе се измени благодарение на SteamOS. ;)
 
Како што посочи членот над мене, тоа _можеби_ ќе се измени благодарение на SteamOS. ;)

па ќе му опнат огромна оптимизација на SteamOS, а ако после тоа се рашират пакетите како што на одредени дистрибуции можеш се да инсталираш сите на било кој линукс ќе имаме SteamOS... Е тогаш или SteamOS (ако не го средат како што треба) ќе е ептен голем fail или windows паѓа big time...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom