2
~2A
Гостин
Да се надеваме дека ќе и дадете шанса на едно вакво ремек дело на кое што првата сезона му заврши токму пред неколку дена. Ремек делото потекнува од Јапонија, што значи е аниме, но не брзајте дајте му шанса.
Автор на мангата е Hajime Isayama. Серијата почна да се емитува од Wit Studio помеѓу 6 Април-28 Септември 2013 година. Само во средината на 2013 година, биле продадени околу 20 милиони примероци од мангата. Што значи континуирано интересот се зголемувал околу оваа серија, приказната е интересна, содржи мистерија којашто ве тера да го гледате анимето континуирано.
Приказната е... гигантси хуманоиди односно Титани, ги натерале луѓето да живеат во место кое што е обиколено со ѕидини попознати како Wall Maria, Wall Rose и Wall Sina. Во овие ѕидини, луѓето живееле мирно, околу илјада години, но еден ден се појави 60 метри висок Титан, и помал Титан кој бил "облечен" во железо. Тие им овозможија на Титаните да навлезат во ѕидините помеѓу Wall Maria и Wall Rose. Инаку Титаните биле човекојадци, па затоа и било потребно од нив што е можно подалеку да бидат.
Помалите Титани кои влегувале во ѕидините биле околу 3 до 15 метри високи, кои што напаѓале луѓе. Тие имале цврста кожа и брза регенерација, слаба точка им била длабок удар со остар предмет во вратот. Со овој недостаток на Титаните, луѓето измислиле Vertical Maneuvering Equipment кој му дозволувал да "летаат" брзо и ефикасно да достигнат до вратот на Титаните. Недостаток е тоа што е потполно бескорисна доколку се најди на отворен простор. Исто така е многу ризична, потребно е брзина и психичка стабилност, но исто така и мускулите да бидат издржливи.
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 14:19 ---
Opening:
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 14:36 ---
Еве сликовито колку изнесуваат големините од Ѕидините, Титаните па и луѓето.
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 14:39 ---
Луѓето што одлучиле да се вклучат во битката против Титаните, односно пред да одлучат во која од 3те организации ќе одат ( Scouting Legion, Military police или Stationary Guard), треба претходно да одат на обука за совладување на машината 3D Maneuver Gear..
Еве еден гиф како изгледа таква опрема..