Заливот на коските (Bay of bones)

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.623
Поени од реакции
2.278
Локација
Нибиру
Веб-сајт
mvpring.com
Изненаден сум што не најдов тема за оваа локација.

Ова е една од поуникатните локации што се наоѓаат во Охрид. Заливот на коските е археолошка локација од праисториска локација.

Овој музеј, чија што територија опфаќа 8500 квадратни метри, ја открива вистината за праисториска населба која постоела меѓу 1200 и 700 година пред новата ера, поточно, во Железната и Бронзената доба. Музејот исклучително детално го опишува начинот на живот на праисториските претходници.

Во минатото, оваа населба се наоѓала токму на ова место, а денес се реставрирани неколку куќи кои се позиционирани на 5 метри над водата, поврзани со брегот преку мост. Според историчарите населбата што некогаш постоела тука, содржела околу 60 куќи. Стапнувајки на местото на кое живееле нашите предци, чувството е неверојатно. Самите куќи се изградени од кал и испреплетени гранки, на дрвени штици. Така се образува една голема површина, која изгледа како огромна тераса, на неколку метри над водата.

Zaliv_Na_Koskite_1.JPG

Zaliv_na_koskite_--_Ohrid_1.jpg

fixedw_large_4x.jpg

И бонус едно видео од мене:

Сте го посетиле ова место? Како ви се допаѓа, дали би го поселите пак?

Јас сум најмногу воодушвен од бојата на водата, изгледа прекрасно.
 
Сум го посетил..

Нема многу што да се види од аспект на тоа колку историја "лежи" во локацијата и колку артефакти/докази ја опишуваат истата.. но затоа има одличен туристички потенцијал и добра инфраструктура (паркинг, бар, шеталиште).

Инаку заливот на коските може слободно да се преименува во заливот на змиите, пошо кај и да се свртиш змии гледаш :)
 
Последно уредено:

Можеби на лето, во овој период не видов ниту една змија. Иначе тоа место околу Градиште од секогаш било змијарник и ќе биде :D
 
^^
Сум летувал едно лето токму каде што сега е музејот. Таа страна од ритчето има 10х повеќе змии, и не се сите од водната варијација. :) Сега откако е заграден просторот, има и многу повеќе змии (има помалку луѓе). Не се опасни (ако гледаш каде стапнуваш), и местото беше супер за одмор пошто скоро никој не идеше таму на плажа (немаше плажа, само бетонско докче, како и сега).

Е сега за музејот (ѕиданото здание до докот), внатре има малку експонати, некои две помали простории се, со керамички артефакти и неколку сликовити објаснувања со историски податоци. Така барем беше пред неколку години, не знам сега да не имаат нешто додавано (нови експонати можеби, просторот е тој истиот).

Вистинската атракција (ако може да се нарече така), се реконструкциите на наколните живеалишта. Всушност не се ништо посебно, дузина колипки на кои им фали карактерот што би го добиле кога во нив би живеел некој, фали зачаденост на зидовите, фалат и секојдневни предмети и алатки. Но како и да е, вреди еднаш да се види (со нула вредност за повторна посета).

Како за туристичка мамка, функционира. :)
Редовно има туристи (знам пошто често одам во кампот).
 
Треба да се биде внимателен тука, бидеќи и змии кои не се водни влегуваат во езерото. Лесно се препознаваат бидеќи не нуркаат како водните змии. Ама ако одите кај плажите каде на лето е преполно со луѓе нема толку, ама бидете внимателни. Ова важи за градиште плажата што се наоѓа веднаш до наколното живеалиште.

Просторот е истиот експонатите се тие. Најголема атракција е реконструкцијата на наколното живеалиште како што и сам кажа.

Карактер фали дефинитивно, ама сепак мислам дека како склоп е вредно за посета. Сепак се потрудиле.

Влез е 100 денари, што лично мене не ми се допаѓа, можеле да ги направат поефтини. Ама сепак мора да се молзат странци на некој начин.
Картите за студенти и ученици се ефтини, само 30 денари.
 
Дап, за студенти картите се поевтини и не инсистираат покажување на студентски индентификации. ;)

Инаку од змиите нема гајле, нема да ти дадат шанса да направиш глупост пошто ќе избегаат многу порано. Водните некогаш знаат да се љубопитни, ама ретко. Со години одам таму, нема проблеми ниту во периодите кога нема луѓе во кампот.
Тој дел од охридското крајбрежје, од Пештани до Љубаништа е најубавиот. Најчистата вода е тука, прва категорија за пиење (минус туристичката сезона, и некој месец потоа). Карпести литици надвиснуваат над водата, некогаш со висечка вегетација. Има и неколку извори, најголемиот малку после Заум. Десетици диви плажи каде никој нема да ти го ремети мирот. Убавина.

Често го веслам тој дел со кајак, или одам на малите плажи со чамец. Зајдисонцата се легендарни, запад е на спротивната страна. :)
 
Последно уредено:
Дап, за студенти картите се поевтини и не инсистираат покажување на студентски индентификации. ;)

Инаку од змиите нема гајле, нема да ти дадат шанса да направиш глупост пошто ќе избегаат многу порано. Водните некогаш знаат да се љубопитни, ама ретко. Со години одам таму, нема проблеми ниту во периодите кога нема луѓе во кампот.
Тој дел од охридското крајбрежје, од Пештани до Љубаништа е најубавиот. Најчистата вода е тука, прва категорија за пиење (минус туристичката сезона, и некој месец потоа). Карпести литици надвиснуваат над водата. Десетици диви плажи каде никој нема да ти го ремети мирот. Убавина.
Често го веслам тој дел со кајак, или одам на малите плажи со чамец. :)
Потекнувам баш од тој предел од Пештани. Ги знам тие места, плажите кои се пристапни само по воден пат, со чамец и слично, се одличн ако бараш мир. Само сега сите ги научија па се врткаат луѓе. Најубав период за одмор е пред или после туристичката сезона, никако во екот.

А змиите колку и да не се опасни, сепак многу е језиво кога ке ја видиш пред себе. Јас бегам и од водна, ако знам дека не е опасна :D
 
Хех, како за мештанин многу се плашиш од змии. :)
Инаку да, за време на периодот од Јули до втора половина на Август (или крај на Август), нема ни мир ни раат. Но тоа важи за целото охридско крајбрежје.
 
Хех, не сум само јас, има многу што се плашат само не признаваат :D

Sent from my Shoot_1 using Tapatalk
 
Де бре, од Охрит од водна змија страф има. Ја Тетоец, па ги фаќам :D Бев еднаш во камп, и не однесоа. Баш онака бев фасциниран како живеел човекот. За втор пат? Би одел повторно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom