Почина Есма Реџепова

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Утрово, по кратко и тешко боледување на 73 годична возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова Теодосиевска.

Есма Реџепова, нарекувана Кралица на Ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење, национален уметник, која во 2013 г. ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија, а во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем борј хуманитарни акции, денеска ја изгуби битката со болеста.

За деталите околу погребот јавноста ќе биде дополнително информирана.

Извор: Сител

Што друго да се каже освен лесна и земја!
 
Лесна и земја. Она беше пример како од пепелта можеш сам да се издигнеш, да успееш и да станеш крал, во случајов кралица.
Штета што нејзиниот пример на филантроп и успешен човек не го пратат мамлазиве.
Нека плови во вечноста со сите легенди кои заминаа годинава.
 
Зборувате лошо во време на починат човек,која култура од дома носите,се покажавте,ни да се извините ни ништо,барем покажете почит бе ! Постојано некои членови навистина забегувате'немате контрола
 
барем покажете почит бе!
На каква почит мислиш, на ваква?
Еднаш бевме во дом од школо. Носевме нешто таму и некоја претстава нешто.. и снимаа од некоја тв. И зеде оваа дете пред кам и плаче. И го гушка го гали. И се изгасија кам и детево ја гушка и оваа му вика бегај бе ајде секаде се пикате
 
Јака работа е ова. На никого не му ни чуе ама битно друг некој е мамлаз и некултурен оти кажал дека му било аман од вакви ликови. Појдете ѝ на погреб и покажете почит ако ви е до толку.
 
Читајте го патетичниот аналитико со мактел и ќе ти стане јасно за каква дегенска маса станува збор.

На добро тргнал денот , починала големата вмровка. :facepalm:
 
Гласала ли?

Тие што требале да добијат глас од неа ќе ја реанимираат ако треба, барем за денес, Амди Бајрам вештачко дишење ќе и дава.

On a more serious note, нека и е лесна земја и нека почива во мир.
 
Нека почива во мир. Сепак одгледа 40+ деца и насекаде во светот покрај ромската ја промовираше и НАШАТА МАКЕДОНСКА песна и мелос.
Без разлика што сте до крај партиски поделени (дури и тука на форумот) сепак на оваа жена дајте и почит која ја заслужува.

Нека и е лесна земјата и нека оди на некое подобро место.

Длабок наклон за луѓето како неа. (тука спаѓа и Мајка Тереза, иако и неа малку кој би ја почитувал, а ете не знам зошто си дозволувате такви поделби во главите...)
 
Добро бе како не ви е срам и човек кога ќе почине вие уште мешате политика и на нечија смрт сеир си терате. Срам да ви е!


Сабајле кога прочитав на Интернет дека починала мислам дека се потресов. Обично кога ќе слушнам дека починала некоја позната личност тоа го доживувам како нешто нормално, па и сеедно, но кога слушнав за Есма навистина се растревожив. За малку и солзи ќе ми надојдеа.

Она беше и ќе остане вистинска ѕвезда и еден вистински уметник и хуман човек. Нека почива во мир:(

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom