- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.450
- Поени од реакции
- 5.576

Не сметајќи ги ОИ во Берлин 1936 година каде се играл „голем“ ракомет како олимпијски спорт, ракометот е релативно млад спорт кој се појавува за прв пат во Минхен 1972. На тој турнир се играло само во машка конкуренција. Златото го освоила нашата бивша држава Југославија.
Најголем број на медали во машка конкуренција имаат Шведска и Романија по 4, а СССР со 3.
Турнирот започнува на 6 август и ќе трае до 21 истиот месец.
Сите утакмици ќе се одржуваат во "Future arena" во олимпискиот комплекс.

Екипите ќе бидат поделени во 2 групи

Откако ќе завршат групите следи нокаут фазата, која тргнува од четвртфинале и се игра по систем А1-Б4,А2-Б3,А3-Б2 и А4-Б1, победниците на првите две четвртфиналиња го играат првото полуфинале, а на другите две, второто.
Нешто околу репрезентациите

Данска
Екипа која го има Микел Хансен. Претставници на скандинавската школа. Цврста одбрана, брз пренос на топката, јака транзиција...добар тренер. Гудмундсон се покажа во Левен дека е прав наследник на Вилбек. Ако Ландин брани на своето ниво...и крилата им се како и секогаш смртоносни, нападот на медал е извесен...

Франција
Олимписки првак од Лондон, репрезентација, екипа која е веројатно една од најдобрите на сите времиња ако не и најдобра. Костурот на тимот не се менува, веројатно најдобриот голман на сите времиња Тиери Омејер, неколку пати најдобриот ракометар Никола Карабатиќ, крилата Гигу и Лук Абало, Сораиндо на пикер. Главна карактеристика одбрана, одбрана и Омејер



Хрватска
Хрватите ваљда можат до медал само ако се поклопат некои работи...


Полска
Нов тренер, стара гарда. Славомир Шмал, Бјелецки, Јурецки, Лијевски...
Во одбрана зона 6-0 и не толку добра игра во одбрана на некои играчи ја надокнадуваат со габаритите на централните играчи во одбрана. Во напад главно се ослонуваат на левите бекови и нивната соработка со пикерите, крилата не ги користат во некоја преголема доза. Кога имаат ден за секого се нагазна мина.

Како фаворит од сенка се јавува Германија и претендира на висок пласман...
Kатар не е вреден за спонување, го обезмислуваат денешниот ракомет...
ЖЕНИ
Кај жените ракометот се појавува уште од 1976 година и ОИ во Канада, освојувачки на првото злато во историјата на ОИ биле ракометарките на СССР бидејќи во финалето ја совладале Источна Германија.
Овогодинешниот турнир во Рио ќе биде одржан од 6 до 21 август, а дамите ќе бидат поделени во 2 групи.
ГРУПА А: Норвешка,Романија, Црна Гора, Бразил, Шпанија, Ангола
ГРУПА Б: Холандија, Русија, Шведска, Франција, Аргентина, Јужна Кореја
Норвежанките се голем фаворит и на овој турнир предводени од најдобриот светски пикер Локе, Нора Мерк новата ракометарка на Ѓер, Катрин Лунд а тука се и секогаш добрите Ида Алштад, Камила Херем и Ригелхут.
Романките во Рио доаѓаат предводени од една од најдобрите светски ракометарки, член на Будуќност од Подгорица Кристина Неагу. Тука се ветеранките Унгуреану, Мунтеану и Брадеану.
Црногорките во Рио доаѓаат бранејќи сребро од минатите ОИ и со повратник во своите редови, Бојана Петровиќ која после 4 години пауза, се врати пред еден месец на паркетот. Колото во тимот го водат Каќа Булатовиќ како и двете одлични крила Петровиќ и членот на ЖРК Вардар Јованка Радичевиќ.
Бразилките како домаќинки на ОИ, медиумите ги сместуваат во борба за медал, а нив ги предводи некогашната најдобра светска ракометарка Александра Насименто, голманката Песоа,Едуарда Аморим и други...
Холанѓанките забележуваат виден пораст на нивниот квалитет и можат да бидат некои фаворити од сенка на ОИ, предводени од феноменалната голманка Тес Вестер па Корнелиа Грот, Ивет Брох, Лои Абинг и Естевана Полман.
Во борба за медалите може да се замешаат и Швеѓанките со Изабела Гулден, Французинките со Алисон Пино, па и Русинките со младите а веќе големи звезди на женскиот ракомет Дариа Димитриева и Ана Вјахирева...