Покрив!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
Вака сега, јас да си прашам:

Не е баш архиотектонски, повеќе е за градежнициве, ама ај, блиску сме :)

Наредно нешто коешто ќе го правам на куќата е покривот. На пазарот има најразлични видови на покриви: класичната ќерамида (за која скоро да сум одлучен дека ќе е таа), шиндра (врска немам што и како околу неа), различни лимови (такво не ставам на куќата, па што сака нека е!)

Е, муабетот ми е, што е поквалитетно, потрајно, поубаво... Не ме интересира помодарство, барам квалитет, а самиот не сум познавач на такви работи, па од оние упатените барам совет. И по можност, ако знаете цени отприлика како одат?
 
Шиндра се тенки панели на база на катран и на горната страна имаат залепено песок. Ги има во разни бои и форми и се значително полесни од ќерамидите. Комшијата карши мене монтираше пред некој месец и доста добро изгледа
 
Струмикс напиша:
Е, муабетот ми е, што е поквалитетно, потрајно, поубаво... Не ме интересира помодарство, барам квалитет, а самиот не сум познавач на такви работи, па од оние упатените барам совет. И по можност, ако знаете цени отприлика како одат?
Струмикс, а да ни кажеш до каде си со куќата, каква фасада планираш, дали можеш архитектонски да ја сместиш во некој стил или контекст?

Покрај цената и квалитетот кои се битни, знам дека водиш грижа и за комплетниот изглед на куќата, а покривот е несомнено битен момент во дефинирањето на истиот.

Еве по некој веб сајт, каде имаш (по)амерички покриви. Asphalt Shingle е т.н. и гореспомената шиндра.

http://www.metalroofingmag.com/Default.aspx?tabid=1420
http://www.roofingkey.com/roofing-pictures.html

p.s. Ако можеш постирај слики од куќата, до каде и да е со градба, на новата тема- "Ете, тука живеам" која во твојот случај може да се преименува и во "Ете тука ЌЕ живеам" :) Па да оформиме мислење за најидеалниот кров од сите аспекти.

Поздрав
 
Сепак денес се испружив околу 70000 ден. за класика ќерамида.
Слики немам засега, мналце назад сум со технологијава :)
 
На здравје... Како и косата на главата, така и покривот на куќата. Да не ти е мака за парите. Посакувам за брзо време да постираш слики на тема Мojoт (нов) дом. :)

п.с. Најди ДОБРИ мајстори....
 
За мајстори, ќе биде од една фирма, на мој добар пријател, па не верувам дека ќе ме заебат.
Досега, се они ѕидаа...
Таа куќа инаку е започната од татко ми 1979...кога јас имав 2 год. Во 1987 беше изѕидано приземјето и требаше да се става прва плоча...И, така стоеше до 2002.
Оттогаш досега, се стави плочата, се изѕида спратот, се стави поак плоча, и сега ќе се изѕида поткровјето (на 1м од плочата) и ќе се покрива.
А ќе си купам еден дигиталец и ќе постирам слики, здравје.
Слики должам и на автомобилизам, мамата...
 
Најубав кров е од ќерамида.
А не од сегашниве кровој со плехој. Пред 10-15 години повеќето луѓе што изградија куќи со плехој сега пред некоја година кога ќе заврни почна по малку да им течи на таванот. Течи тука кај што е заштрафено, бидејќи штрафот со тек на време малку по малку 'рѓосува и скапува... Така прават за да заштедат на пари, бидејќи квадрат плех е 350 денари, а квадрат ќерамиди 750 денари... Ама не е то то. И кога ќе видиш пак стандардни ќерамиди треба да ставиш...
А и летно време многу поголема топлина ствара плехот него ќерамидата...
 
1200 денари квадраат лимен сендвич кров или 400 денари квадрат обичен пластифициран лим (тука треба даски и изолација испод). А деенешните ќерамиди немаат никаков квалитет. За 10-15 години олуците се полни со црвена земја.
 
Имам правено споредба помеѓу денешниве ќерамиди и ќерамидите од пред 40 - 50 години. Денешниве ќерамиди се потенки за 7mm во однос на старите...
И нормално затоа бргу се распаѓаат...
 
Дали 20 000 евра е многу за реконструкција на покрив од зграда?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom