Да ѝ помогнеме на 9 годишната Ивана!

  • Креатор на темата Креатор на темата Dexter26
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
11.260
Поени од реакции
12.982
Повторно станува збор за животот на 9 годишно девојче, повторно станува збор за сколиоза, и случајно или не, повикот за помош е објавен на помалку од 3 недели од годишнината од смртта на 9 годишната Тамара Димовска.

Очигледно родителите на ова 9 годишно девојче - поучени од трагедијата која ја претрпе семејството на покојната Тамара Димовска - не планираат да чекаат на (не)милостијата на државниот Фонд за Здравствено Осигурување и на актуелната влада на Република Македонија и од менаџерот поставен за министер за здравство. Паметно од нивна страна.

http://strumicadenes.mk/otvoreni-telefoni-za-donacija-ajde-da-i-pomogneme-na-9-godisnata-ivana/

Отворени телефони за донација: Ајде да ѝ помогнеме на 9 годишната Ивана!

22.01.2016 | 11:06

Малата Ивана Прочкова од Богданци боледува од сколиоза (искривување на ‘рбетот) од најрана возраст. Ивана денес има 9 години и потребно е да направи операција во Неустад – Германија која чини 50.000 евра. Семејството на малата Ивана не е во состојба само да ги собере потребните средства и ве замолува за помош.

Сите хумани граѓани кои сакаат да донираат најмалку 100 денари, тоа може да го направат на следните телефони:

T-mobile – 143 181
One – 075 143 850
Vip – 077 143 704

Или донирајте на:
Жиро сметка на Комерцијална банка: 300311000001102
Цел на дознака: Хуманитарна акција
Да ѝ помогнеме на Ивана!


http://strumicadenes.mk/otvoreni-telefoni-za-donacija-ajde-da-i-pomogneme-na-9-godisnata-ivana/
 
Donirano. Posle I od drugite telefoni po doma.

Treba da se proba slucjaov po mediumive, da ne ja snajde isto...
 
Од некоја причина вториот линк отвара само about::blank.
 
Донирано :) Се надевам дека се ќе заврши позитивно.
 
Првпат во мојов живот донирам. Се надевам сè ќе помине во најдобар ред (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom