Фан Клуб: Карпи Ф.К. 1909

  • Креатор на темата Креатор на темата DeviAngel
  • Време на започнување Време на започнување

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.932
Поени од реакции
17.922
Локација
Мiddle Of Nowhere
Carpi_FC_1909_logo.png

Карпи е клуб кој потекнува од малечкото градче кое се наоѓа во провинцијата Модена. Има големина од 67.000 жители. Првично клубот е формиран во 1909 од локалниот студент Адолфо Фанкони. Карпи три сезони играл во првата Италијанска лига која покасно се ребрендира во Серија А. Од 1930 година најчесто играле во Серија Ц и Серија Д. Карпи својот најдобар пласман го постигнале во 1997 година кога со тогашниот тренер Луиџи Ди Канио завршиле трети и играле плеј оф за место во Серија А кој го изгубиле од Монца. Клубот е 'откажан' и е испратен во Серија Д по прогласувањето на банкрот во 2000 година.

Од 2000 па наваму формиран е нов клуб наречен Calcio Carpi. По промоцијата во Серија Д, Карпи се спојува со вториот клуб од истиот град (Dornado Pietri Carpi) кои исто така само што избориле пласман за во Серија Д.

Во сезоната 2009-2010 поради финансиките потешкотии на другите клубови, Карпи добива шанса да игра во Lega Pro Seconda Divisione. Во сезоната 2010-2011 Карпи е унапреден во повисоката лига Lega Pro Prima Divisione.

natale_calcio_carpi_promozione_biancoros_f2_18172_originaley121.jpg

Денес ова симаптично клубче е прво на табелата во Серија Б со солидна предност пред Болоња (која моментално е втора) со +8 поени и е на сигурен пат да се квалификуваа како прв за Серија А.

Интересен факт е тоа што нивниот стадион има капцитет од 4,000 гледачи а градот е поголем од најмалиот град кој има клуб моментално во Серија А - Емполи.

Карпи важи за град без некоја богата фудбалска традиција.

Ова е клубот за кој Лотито неодамна изјави дека е срам и дека не сака овој клуб да заигра во прва лига. Од сите клубови моментално во Серија Б Карпи игра дефинитивно најатрактивен и одличен фудбал за око.
 
Последно уредено:
Ова како овие навивачиве на Манчестер што не ги сакаат газдите па формираа свој клуб United of Manchester или како и да беше и мислам дека има и фан клуб на форумов :ROFLMAO:

Исто и Деви сега, ќе навива за Карпи :tvg:
 
Јунајтед оф Манчестер :)

Нема везе случајно ги видов како играт и имаше шоу баш збораја за нив, голем подвиг напраја како малечко клубче, баш се интересни.
 
Симпатично тимче, ги следам често, надобар играч според мене им е нигерот Мбакогу. Сигурно догодина ќе ги гледаме во Серија А, единствено ако не заебат нешто. :)
 
Форца Карпи ле але! Андијамо!
 
Симпатично тимче, ги следам често, надобар играч според мене им е нигерот Мбакогу. Сигурно догодина ќе ги гледаме во Серија А, единствено ако не заебат нешто. :)
Сега зимскиов преоден рок имаше доста клубови од Серија А заинтересирани за него и ние бевме еден од нив.
 
Сега зимскиов преоден рок имаше доста клубови од Серија А заинтересирани за него и ние бевме еден од нив.

Млад е и доста талентиран, но мислам дека тој е од голема важност во Карпи, пошто е еден од најдобрите стрелци во лигата.
 
11025810_1092599724098774_3900510747753644879_n.jpg

Следна им е со Пескара
Ќе биди тешка оваа утакмица, Пескара брка приклучок кон прва лига а и не се лоша екипа. Ако не заборам ќе ја гледам обавезно
 
Ќе биди тешка оваа утакмица, Пескара брка приклучок кон прва лига а и не се лоша екипа. Ако не заборам ќе ја гледам обавезно

Да да, Карпи мора да се држат неколку бодови + од Болоња која пак во сабота игра со Модена, лесна победа им давам на Болоња.

Иначе за Пескара сум сигурен дека обезбедуваат плеј - оф, но таму нема да им биде лесно.
 
Зависи против кој ќе паднат али сите моментално што се во зоната за испаѓање во Серија А се очај така да можи да се протнат.
 
Зависи против кој ќе паднат али сите моментално што се во зоната за испаѓање во Серија А се очај така да можи да се протнат.

И дечките од Ланчиано се одлични, играат премногу добро но се место зад пескара па очекувам да има неизвесност тука во таа битка до самиот крај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom