Апел за помош на Маја Митевска

  • Креатор на темата Креатор на темата templar55
  • Време на започнување Време на започнување
T

templar55

Гостин
Секогаш весела, позитивна и насмеана, тоа се првите зборови кои на пријателите на Маја Митевска им доаѓаат на ум кога треба да ја опишат.

tocka-141812.jpg


Ова амбициозно 20 годишно девојче од Скопје кое го продолжи своето образование во САД, по првата година студии се соочи со сериозни здравствени проблеми и најтешката битка која некогаш ќе ја води во својот живот. На Маја и беше дијагностициран рак на јајници. По консултација со докторите во државата Мичиген каде таа се наоѓа, направена е итна операција по која следи хемотерапија од 12 недели.

Операцијата е успешна и таа започна со хемотерапија но сето тоа чини 20.000 долари и потребни се парични средства за таа да го заврши своето лекување и да продолжи со нормалниот живот. Да покажеме дека сме хумани и да помогнеме и да ја поддржиме Маја.

Најубавите години од нејзиниот живот сè пред неа. Добредојдена е било каква донација!

Отворени се телефонски броеви и трансакциска сметка преку која може да се донира. Донациите преку телефонските броеви чинат 100 денари.

Броеви за донирање:

- 075/143 – 401 за корисниците на ONE
- 077/143 – 193 за корисниците на VIP
- 070/143 – 113 за корисниците на T – Mobile

Трансакциска сметка на NLB Тутунска банка

- бул. Видое Смилевски Бато – бр. 31 – 1/4
- 210 – 5016072849 – 08

Да покажеме дека сме хумани и да се обединиме за еден млад живот, за нашата Маја!
 
Последно уредено од модератор:
Да бидеме хумани и да и помогнеме на Маја!

Како што беше напоменато погоре додаден е и број од „T - Moblie“ во текстот. Девојката лично ја знам и можам да кажам само добри работи за неа, навистина штета. Кога првпат дознав бев во неверување, точно е опишана како во линкот. Една од личностите кои ги запознав додека учев во средно што навистина не мислеше лошо на никого и беше секогаш позитивна. Се надевам дека ќе успееме да донираме сите и да и помогнеме. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom