Прв пат во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата wek4
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
3
Zdravo. prv pat odam Grcija. Osven zdrastveno dali treba nesto drugo? Imam biometriski pasosh, znaci viza ne treba?

Fala
 
Извади си зелен картон за колата ( 60-100 евра ) и меѓународна возачка дозвола , околу 700-800 денари е .
 
Последно уредено од модератор:
Zdravo. prv pat odam Grcija. Osven zdrastveno dali treba nesto drugo? Imam biometriski pasosh, znaci viza ne treba?

Fala
- Ако одиш со кола: зелен картон и меѓународна возачка дозвола;
- Патничко осигурување;
- Валиден биометриски пасош;

Членовите кои се сеиреа или глумеа шерифи на темава се казнети.
 
За храна не му ја мисли. Лидл има во близина на скоро секое туристичко место и цените не се нешо напумпани.
 
- Ако одиш со кола: зелен картон и меѓународна возачка дозвола;
- Патничко осигурување;
- Валиден биометриски пасош;

Членовите кои се сеиреа или глумеа шерифи на темава се казнети.

Меѓународната возачка ја ко што имам разбрано се вадела за оние старите возачки (книшките), сега не ја барале затоа што новите возачки се биометриски и биле признаени во Европа. Може и грешно ме информирале штознам... :)
 
Грешка си информиран... треба меѓународна, зелен картон и полномошно ако возилото не е на твое име.
 
Грешка си информиран... треба меѓународна, зелен картон и полномошно ако возилото не е на твое име.

е онда грешка моја :) Среќа па не ме застанаа, а налетав на контрола некаде после Солун идејќи накај Аспровалта :)
 
Не најдов тема, па ај тука ќе пишам. Сакам да идам на одмор во Грција со мои роднини, но немам 18 години. Дали ќе треба да извадам некоја потврда дека родителите се согласуваат да ме пуштат или ќе пројдам така на граница?
 
Ако си под 14 години ти треба согласност од родителите заверена на нотар,ако си над 14 немаш никаков проблем да одиш со било кој
 
Ако пушиш земи си цигари од дома, бидејќи таму изгор се цените за цигари. Алкохол не зимај од дома, не ти е сигурно да не случајно претресуваат на граница иако на Грчка скоро никад не претресуваат. Земај конзервирана храна и нешто таму за да поминеш што поефтино. Овие брендираниве производи како милка чоколадо, кока кола, фанта се со иста цена скоро како во Македонија, лебот мислам малку поскапичок беше па ако можеш земи тој сечканиот леб што имаше две недели и кусур рок на траење не ми текнува дал од Жито Лукс беше или од каде. Тоа е нешто од мене совети за храна ако ти послужат :)
 
Ако си под 14 години ти треба согласност од родителите заверена на нотар,ако си над 14 немаш никаков проблем да одиш со било кој
da ne e 16+g ??... na vremeto, 2003 bara i za nepolni 17g (togaš 1986g kerkami ja prakav so drugarka i nejzini roditeli )
 
da ne e 16+g ??... na vremeto, 2003 bara i za nepolni 17g (togaš 1986g kerkami ja prakav so drugarka i nejzini roditeli )
Ова ми се информации од пред 20 дена,јас го носев внукот кој имаше 13.5години и кога предходно се распрашавме во полиција на граничен премин ни рекоа дека сега границата е 14 години
 
Ќе одам со возило кое не е мое, но личноста на која е возилото ќе биде со мене. Јас имам меѓународна возачка. Дали ми треба полномошно за управување туѓо возило?
Фала.
 
Ќе одам со возило кое не е мое, но личноста на која е возилото ќе биде со мене. Јас имам меѓународна возачка. Дали ми треба полномошно за управување туѓо возило?
Фала.
Секако дека ти треба, прво полномошно кај нотар 300 денари, после во АМСМ меѓународно полномошно 500 денари 365 денови, а тоа од кај нотарот ти е доживотно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom