Никогаш не е случајно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Решив тука да ја отворам темава, дека сепак се работи за некакво, макар идно семејство. :)
Дали мислите дека било која бременост (во врска, пред брак), некогаш е случајна или по грешка? Нели кога девојка не сака да остане трудна може да се заштити на милион начини (без мутави изговори), а исто така и дечкото? Мислите ли дека всушност секоја бременост е испланирана од некоја страна?
Да не се разбереме погрешно, јасно дека има исклучоци и тука, но муабетов ми е за повеќето случаеви ... значи, да не одиме со исклучоци, туку поглобално.
И друго ... дали оправдувате таков начин на врзување некого со некого и ако не или да, зошто е тоа така?:toe:
 
Дивајн напиша:

Ако партнерите се дефинитивно решени дека не сакаат бебе, ќе си се заштитат. Секоја друга ситуација е ризик. Си викаат: „Ај ваљда нема“... Ееее, ама има. И после ги сносат последиците, прават свадби со стомак до заби, живеат во лоши бракови, се запустуваат и се мразат и меѓусебно и себеси. Не велам дека по правило мора да биде така, ама најчесто-да.
 
Па нема грешка..ако сакаш да спречиш бременост ќе го напраиш тоа на секој можен начин..мислам дека таквите случаи на ‘‘неиспланирана‘‘ бременост се резултат на невнимание,неразмислување и трпење последици до крај на живот...
 
ПЛАНИРАНОО!!! ЌЕ ИМАМ БЕБЕ!!!

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom