Јавање коњи

  • Креатор на темата Креатор на темата WildGirl98
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 мај 2014
Мислења
11
Поени од реакции
41
Не најдов ваква тема па се одлучив да направам дали членови на форумов што се занимаваат со ваков спорт?
Јас со овој спорт се занимавам веќе 6 години,а 4 години интензивно се натпреварувам во Србија,Хрватска,Бугарија,Словенија...
 
Јас сакам сега скоро да идам на јавање. Има тука кај мене во Ѓорче. Ќе уплатам до Водно или до кај се оди...
Колку е цената дали знаеш? Секаде пишува различно. :)
 
А газот боли ли од јавање?Без заебанција,нели може да се растриеш доле (кај мадињата) од седлото?
 
Сега најдов и за Галичник

Адреналинска планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник - Чаушица – Галичник) Цена од 3000 на 1395 ден
  • Времетраење на турата: приближно 6 часа
  • Поаѓање од Галичник: 9:30 ч.
  • Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, домашен леб)
  • Пристигнување: 15:30ч
* Местото на состанување е ранчот на 1 км. пред селото Галичник / повеке информации ке добиете на контакт телефоните.
* Секој учесник на турата треба на биде на зборно место во 9.30 ч каде што ќе бидат презентирани основните техники по каубојско јавање.

УСЛОВИ:
  • Купонот може да се користи почнувајќи од 01.06.2014 до 30.06.2014
  • Потребно е да се јавите на тел: 077 648 679 по 19:30 часот - 5 до 10 дена претходно, за да си закажете јавање!
  • Купонот може да се искористи од пон. до сабота, но доколку се јавите да закажете на време и доколку има слободни места во групите за недела ќе може да го искористите и во недела.
  • Закажувањето за термините и распоредот на групите се предмет на договор.
  • Превозот до Галичник не е вклучен во понудата!
  • ДОКОЛКУ РЕЗЕРВИРАТЕ ТЕРМИН, А НЕ СЕ ПОЈАВИТЕ НА ТУРАТА КУПОНИТЕ ВИ ПРОПАЃААТ, ОДНОСНО СЕ ПОНИШТУВААТ!
  • Може да се искористи секој ден освен недела!
  • Во процес е воведување туристичка такса, односно влез во националниот парк во износ од 30 ден. (доплата на лице место)
  • Напомена: Пред јавањето се потпишува пристапница за јавање.
  • Ограничени количини (70)
 
Не најдов ваква тема па се одлучив да направам дали членови на форумов што се занимаваат со ваков спорт?
Јас со овој спорт се занимавам веќе 6 години,а 4 години интензивно се натпреварувам во Србија,Хрватска,Бугарија,Словенија...
О скоро мое годиште,браво.Што коњ имаш?
 
Убава тема,
Мене ме интересира дали во Скопје или о другите постојат клубови каде има клубски коњи. И дали во Скопје има ергели каде што можеш да купиш коњ и таму коњот да го дадеш да ти го чуваат?
Самиот спорт е врзан со одгледување коњи. Јас кој живеам кај Зелен пазар неможам во станот да чувам коњ.
Како е ова решено во Скопје?
Инаку интересно е што во историјата, прво место каде што се употребувани коњи за јавање е Македонија
http://en.wikipedia.org/wiki/Horse_racing
 
Го имам завршено основниот курс за јавање на хиподромот што е во Волково.
Имам јавано 4 коња до сега. Што имам забележано е дека секој од нив има различен темперамент и различно се однесува кога јаваш со него во обичен од/кас/галоп. На пример Зента беше прилично агресивен и импулсивен, знаеше рандом да премине од кас во галоп и галопот му беше крут, додека Меџик и Добрица беа пофини и посмирени. Добрица на пример беше скоро невозможно да ја натераш да галопира брзо.

Али ова беше пред 10 ина години. Од тогаш немам јавано и све би дал кога ќе стојам добро финансиски пошто не знам колку пари кошта да се изнајми коњ за 1 часовно/2 часовно јавање, да се договориме да направиме една групна собиранка со јавање негде на терен. :)
 
Еве вака во Скопје има 5 клуба кои ги знам Илинден е државен и се наоѓа во населба Хиподром исто и Тристар е во Хиподром но е приватен има во Волково,Ѓорче Петров и Дона во Радишани сите овие се приватни во сите можеш да оставиш коњ на пансион се разбира доколку имаат место отприлика е 300-400 евра месечно зависи од клубот,за продажба коњи во Македонија слабо особено спортски,но има добри коњи во Србија,Бугарија...
Јас моите 3 коњи еден е полукрвен енглез другите два Холштајнери ќе ставам и слики преку година ги чувам или во Радишани или во Ѓорче во зависност каде има место а од мај до октомври ги чувам Србија и Хрватска бидејќи се такмичам и не ми се исплаќа да ги возам напред назад.
РоџерБакон и ја ги имам јавано истите коњи во Волково,сите овие школските сигурно ги знаеш Милена,Ласта,Зента,Меџик ги преместија во Хиподромот во Битола :)
 

Attachments

  • 11724_574407205926189_648334296_n.jpg
    11724_574407205926189_648334296_n.jpg
    126,9 KB · Прегледи: 27
  • 320873_10200396209360955_1646568686_n.jpg
    320873_10200396209360955_1646568686_n.jpg
    146 KB · Прегледи: 27
  • 480896_557468480959333_1989571329_n.jpg
    480896_557468480959333_1989571329_n.jpg
    88,5 KB · Прегледи: 25
  • 935101_10200866694282784_1892070004_n.jpg
    935101_10200866694282784_1892070004_n.jpg
    159,2 KB · Прегледи: 23
  • 944528_394201387361596_89255936_n.jpg
    944528_394201387361596_89255936_n.jpg
    145,1 KB · Прегледи: 24
  • 1381425_10201254680463481_132366923_n.jpg
    1381425_10201254680463481_132366923_n.jpg
    86,3 KB · Прегледи: 23
Пошто имаме искусни членови, ке можете да споделите контакт од клубот во Ѓорче? Можда и некој совет за луѓе што прв пат се среќаваат со спортот?
 
Еве број од клубот (0)2 20 58 417.
Инаку за прв пат ќе треба да носиш патики,тренерки а,кацига и панцир ќе ти датат од клубот:)[DOUBLEPOST=1400869468][/DOUBLEPOST]Еве број од клубот (0)2 20 58 417.
Инаку за прв пат ќе треба да носиш патики,тренерки а,кацига и панцир ќе ти датат од клубот:)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom