Facebook - LOL Virus

  • Креатор на темата Креатор на темата Carax
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 декември 2013
Мислења
101
Поени од реакции
192
Во последно време се повеќе (македонски) корисници на Фејсбук се заразени од вирус кој има цел да украдe вредни информации (за кредитни картички и слично...) од корисникот, а се шири преку испраќање пораки на Фејсбук пријателите.

Како да го препознаете ?
Untitled.png

Најчесто вирусот испраќа порака со текст „lol“ и .zip датотека. Најсигурно е да не отварате никаков вид на датотеки, освен оние за кои сте сигурни дека ви ги испраќа пријателот и се безбедни. Името на .zip датотеката е секогаш различно.

Како работи ?
Доколку ја симнете .zip датотеката и ја отворите во неа се наоѓа .jar (Јава апликација) апликација со некое случајно име. Кога ќе ја отворите апликацијата, таа креира свои копии и вашиот систем е заразен.

Што ако веќе сте заразени ?
Колку што успеав да најдам, нема 100% сигурен начин да се отстрани вирусот. На линков: http://www.securitystronghold.com/gates/lol-virus.html има понудено решение за кое се вели дека функционира, но јас не можам да потврдам ништо.
 
ми прати еден другар едно вакво пред некој ден, не отварајте.
 
Ниеден антивирус не го фаќа???
 
до сеа 3 пати ми имаат пратено али го неам отворено .а слушнав дека фатиле некои деца вирус
 
И мене ми стигна и на сите unfriend им праев
 
Како бе не научија да распознаваат вирус кога ќе го видат?
Љубопитноста ја убила мачката. Срце јуначко не им дава да не кликнат. 5 пати ми стигна ова LOL, ни еднаш ни ми дојде на ум да го кликнам.
Најјаки ми се тие што кликаат на некои линкови со порно гифови без да бидат свесни дека излага тоа што го кликнале на Home.:icon_mrgr:
Што би рекле Студени нозе: Кај ти беше паметот, не ти чини есапот, зошто не размислуваш, стално се зааалетуваш!:pipi::icon_lol:
 
format na kompjuterot odma :)
 
Дарвинова теорија најбоље. Нека се мачат со вируси тие што не мислат со главата.
 
На Ливиу нема кој да му пишува на фејсбук
:vozbud:
 
Абе јас баш напротив сакав да пробам дали ке го фати антивирусот :pos:
Јас го пробав кај мене на авастот кога ќе го скенираш пишува No virus found , e сега дали е заразен или не ќе ви кажам ако праи проблеми нешто :D.
 
Ми стигна 2-3 пати до сеа. Ме смрзе веќе да ги образувам луѓето... а сеуште никој не ми се пожалил да го чистам од вирусов така да сега за сега не знам кај навлага и што прави и се додека не ми дое некој со лап топ и слично не се замарам.
Ниеден антивирус не го фаќа???
Мислам дека кога го пуштив на virustotal.com првиот пат, само kaspersky го фаќаше.
Сега би требало повеќе да го фаќаат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom