Sport Box списание за спорт

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.427
Поени од реакции
8.637
Возраст
34
Темава ја отварам тука бидејќи стварно не знам каде би и било правото место ,а ако некој смета дека не е за овде нека се премести каде што треба да биде .

logo-sport-box.png


списание за спорт кое излегува во продажба секој 3-ти месец. Издавачи се МПМ и Македонски спорт

Цената му е 100/200 (вториот и третиот број се со подарок и затоа се со малку покачена цена 200денари)

Во вториот број како подарок ја имаше книгата на Новак Ѓоковиќ - Сервирај за победа ,a во третиот број како подарок е книгата Плејбојот и Старецот - Приказна за Џејмс Хант и Ники Лауда од Рој Кали + двд филм Трка на Животот - Rush (2013) . Третиот број беше целосно посветен на формула ,вториот број повеќе за ракомет ,кошарка и тенис а првиот број за Мак фудбал Лига Шампиони,Лига европа ....

Книгите што се подарок сe од издавачот Арс ЛАМИНА - Либрис
 
Да имаше сајт да го видевме
 
На сајтот на МПМ http://www.mpm.com.mk/pocetna.nspx го има логото од списаниево и кога на него ќе кликнеш те носи до сајтот на Македонски спорт.

а еве тука исто има слики од промоцијата на вториот број http://www.mpm.com.mk/sportbox.nspx

Мене ми се допаѓа списаниево ,и супер е тоа што не е целосно посветен само на фудбал .
 
Го има по трафикиве?

Баш ги сакал да ги купам 2-от и 3-от број најмногу поради подароците а воедно и да видам каков квалитет на информации нудат.
 
Го има по трафикиве?

Баш ги сакал да ги купам 2-от и 3-от број најмногу поради подароците а воедно и да видам каков квалитет на информации нудат.
Го имаш 3тиот број во продажба .Би требало да го има во повеќе трафики низ македонијава.


Убаво би било во секој број да има подарок книга .
Во книгата гледам има најава за книги Биографија за Алекс Фергусон и една книга за Роналдо ,па се надевам една од тие да биде подарок во наредниот број
 
Го купив списанието и изненаден сум, фантастично е. Филмот сакав да го гледам го пробувам на два двд плеера и на компјутер како празен диск ми го дава. Го вратив и земав ново иста песна, да не има проблем некој со филмот како и мене? Штета ќе биде да не можам да го гледам преку ова.
 
Дали е излезен последниот број од списанието (посветен на светското првенство) и ако е каде може да се купи во битола? :)
 
Дали е излезен последниот број од списанието (посветен на светското првенство) и ако е каде може да се купи во битола? :)
Овој месец мислам дека не би требало да има магазин, излегува на секои 3 месеци а последниот некаде околу Април излезе така да би требало следниот да излезе во Јули.
 
Дали е излезен последниот број од списанието (посветен на светското првенство) и ако е каде може да се купи во битола? :)
Месецов Јуни излезе новиот број , нема нешто посебно за читање . Ги има сите тимови по групи со слики со текст за нив и има интервју со Панчев .
Подарок ја има книгата за Роналдо плус мал додаток водич за пишување резултатите од натпреварите.

Сеуште мене не ми е јасно како списаниево е 200 денари а има баеѓи страни испечатено, насловната на новиов број буквите му се како изгравирани и златни, има и реклами на дебел лист во средината, реклами на насловната страна која е на две страни така исто дебела и мазна плус книга која има 248 и уште неколку страни со дебела корица. Сето тоа да се испечати кошта доста повеќе од 200 денари.

Стварно не знам како им се исплати сето тоа да го продаваат ?
 
Списанието е фантазија, и мене не ми е јасно како им се исплати но сум презадоволен. Ќе пробам да ги најдам и првите две изданија да ги земам што ми недостасуваат. Само криво ми е што филмот не ми го пушта никаде, само јас сум баксуз изгледа. Книгите ќе ги прочитам за врз временски период.
 
Следен број во Септмеври ќе излезе или ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom