Карлинг, Сочи 2014

Член од
14 март 2010
Мислења
17.042
Поени од реакции
16.567
logo-sochi2014-transformer-bid.png

Карлингот полека, но сигурно станува доста популарен зимски спорт, а тоа највеќе е по заслуга на Еуроспорт со преносите од СП и ЕП кои се одржуваат секоја година, барем кога се работи за Балканот.

Канада е водечка сила во овој спорт, барем кога се работи за мажите, во женска конкуренција на Олимписките игри највеќе злата има собрано репрезентацијата на Шведска, воедно овие две репрезентации на овие игри во Сочи ќе имаат можност да ги бранат медалите освоени во Ванкувер 2010.

7ad7f11d190c995ba540f7eeb4073ef6_L.jpg

На Олимписките игри овој спорт датира од игрите во Шамони 1924 година, но потоа има пауза од 1928 до 1994 година, од Нагано 1998 повторно е во спортовите кои се активни на игрите, на таа Олимпијада се приклучуваат и жените.

Шкотска е земјата каде е започнато да се игра карлингот, но Канада е најтрофејна, тие имаат и највеќе регистрирани спортисти кои се занимаваат со овој спорт.

Натпреварувачите (4 натпреварувачи / 2 тима) се натпреваруваат на терен долг 44.5 метри, широк 5 метри, понекогаш -/+ зависи од салата. Тежината на каменот највеќе достигнува до 20 килограми.
Се игра во ендови, кај нас асоцијација за тоа е тенискиот гем, највеќе поени во еден енд може да се освојат 8, а тоа значи дека во секој енд се лизгаат по 8 камења. Екипата која каменот го излизгала најблизу до центарот освојува поен.

Распоред на натпреварите во двете категории..

Овој спорт во Сочи ќе се одржува во Ice Cube Curling Center, капацитет на арената 3000 гледачи.

Sochi_Olympics_Curling.JPEG-0952e_t607_t607.JPG



Еве и зошто во последните неколку години овој спорт е толку актуелен..

carmen-schaefer-2009-3-21-6-31-2.jpg


ekaterina-galkina.jpg



daniel-jentsch.jpg



linn-githmark.jpg
 
Џамлии поарно да беше олимписки спорт. Да имав жена ќе ја терав да гледа карлинг, да научит да метит со метлата.
 
Џамлии поарно да беше олимписки спорт. Да имав жена ќе ја терав да гледа карлинг, да научит да метит со метлата.
замисли колку брзо перат теписи по дома овие :)
 
Што не неправат нашиве еден карлинг тим, неколку чистачки и ете ти.
Не е само до чистачките, требит некој и да мават, Латас најубо, ама тие куглите да ги напрает со ликот на Заев, не ни бега златото. :icon_lol:
 
грешка сум или има и мешани тимови, машко женски? па ај ние од форумов за наредни ЗОИ ќе се спремиме, да си ја пробаме среќата, од Сител ќе ни прават најави :icon_lol:
 
Фотосот и боја кај шо се сушит да имат на телевизија, ќе гледат.:icon_lol:

Не сте гледале изгледа на Еуроспорт, за тоа овака зборите.
На крајот да не се молите за да ги гурате камењата за наредна Олимпијада.:icon_lol:
 
Многу пати го имам затекнато на Еуроспорт али никогаш не сум го разбрал...А интересно е за гледање, знам само дека Канада и Данска се најјаки според моите изгледани натпревари на спортов. :D
 
Дај уште некое правило да знам поконкретно што е поентата, кога е мечот завршен, до колку се игра?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom