Алпско скијање, Сочи 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Локација
Македонија
Еве ја и темата за Алпско Скијање на ЗОИ 2014 во Сочи, Русија кој започнува на 9ти фебруари.
На истиот ден, 9ти фебруари започнуваат и натпреварите во Алпско Скијање. Распоредот е следен
124456.png
Македонија ќе има еден претставник во Алпско Скијање, тоа е Антонио Ристевски. Ова се државите од кои има скијачи/скијачки кои ќе учествуваат во категоријата Алпско Скијање на ЗОИ 2014​
546547.png
 
Дрогираш за Бијатлон тема да не ми отвораш, сакам да ја спремам јас :D
Секако доколку фотосот се сложи.
 
Дрогираш за Бијатлон тема да не ми отвораш, сакам да ја спремам јас :D
Секако доколку фотосот се сложи.


спремај ја, ја следам само алпско скијање и ски скокови, бијалтон не толку многу.
 
Дрогираш за Бијатлон тема да не ми отвораш, сакам да ја спремам јас :D
Секако доколку фотосот се сложи.

Со по опширен вовед од овој се надевам дека ќе биде, да не бришам на крај темата :)

Бомбаш си можел малце повеќе да се потрудиш на темата (ако веќе следиш како што викаш..), во однос на тоа кој се главни фаворити низ дисциплините, каде ќе се натпреваруваат скијачите.. и тн.
 
Mnogu rano pocnuva alpskoto skijanje. Koj pobedi na zenski spust?
 
Свиндал на 4-то место.И Дефаго ме разочара заврши дури 14-ти.Го газат и него годините.
Како и да е очекувам возбудливо пак Супер Џи, незнам кој би го загрозил Свиндал.
Се извадив од памет кога рече коментаторот еве го Кјетил си викам што бара Кјетил Андре Омот на 40 и кусур години :D тоа да ти бил некој друг со исто име :)
 
од првата
9452_641210209260478_210743166_n.jpg


следува слалом, 11:55.
 
од првата
9452_641210209260478_210743166_n.jpg


следува слалом, 11:55.

Јас па чекам по наше време 11 тоа од 8 скијале спустов, според резултативе од спустов, со оглед на тоа дека во Комбинација не поставуваат класичен слалом, доста солидни слаломашици се првиве 4 за да стигне до златото Марија Риш... Иако Супер Џ и Велеслаломот пред се ќе бидат дисциплините каде Мазе ќе брка злато, сепак сакам и во Комбинацијава да отвори со било каков медал...
--- надополнето: 10 февруари 2014 во 12:50 ---
Оваа Mancuso од Олимпијада на Олимпијада се појавува, за малце медалот избега од Мазе, се надевам ќе блесне во нејзините дисциплини.
tina_maze_matej_druznik-delo2.jpg


<3
 
Последно уредено од модератор:
Утре е спустот жени.Ахххх тоа колено штета за Линдзи Вон, сигурно ќе го бркаше златото.Ама тука е нејзината сонадорничка Манкузо со сребро од Ванкувер.
Не ја отпишувам ни Тина Мазе во оваа дисциплина, но сепак кога веќе ги нема Линдзи Вон и Фишбахер сигурен сум дека повеќе ќе атакува на Супер-Џ.
Ветеранкава Гергл во Супер-Џ евентуално до бронза и ништо повеќе.
 
2ut2jhd.jpg


Доминик Гисин и Тина Мазе со исто време и делба на првото место 1:41.57 o_O
Следам алпско скијање ама вакво нешто првпат гледам упм :eek:
Трето место за Лара Гут..Одличен спуст за Швајцарките.По толку години и они да се израдуваат на злато и бронза.
Патеката навидум не толку тешка но кобен е тој 4-ти свиок на кој Французинката се извлече, но Пољакињата ја однесоа со хеликоптер :(

Иначе доста потфрли Манкузо.Една мала грешка беше во прашање која ја оддалечи од медал.Како и Американките и Австријките остануваат без медал во најбрзата дисциплина.Штета за Ана Фенингер имаше добар старт и се понадевав дека ќе се вмеша во борбата за медал но мала несигурност ја чинеше скапо оваа натпреварувачка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom